Дафне Схиперс

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Дафне Шиперс)
Дафне Схиперс
Схиперс на Европското првенство 2014
Лични податоци
НационалностХоланѓанка
Роден(а)15 јуни 1992(1992-06-15)(31 г.)
Утрехт, Холандија
Висина&100000000000001790000001,79 м
Тежина65 кг
Спорт
Земја Холандија
СпортАтлетика
ДисциплиниСедмобој
Спринт

Дафне Схиперс (холандски изговор: [ˈdɑfnə ˈsxɪpərs]; родена на 15 јуни 1992 г.) е холандска атлетичарка која се натпреварува во спринтерските дисциплини и во седмобој. На Светското првенство 2015 во Пекинг, таа го освоила златниот медал на трката на 200 метри, притоа поставувајќи нов европски рекорд од 21.63 секунди. Таа исто така e актуелен европски шампион на трките на 100 и 200 метри.

Кариера[уреди | уреди извор]

2014[уреди | уреди извор]

На митигот во Гецис, Схиперс завршила на третото место во седмобој зад Катарина Џонсон-Томпсон и Бријен Тајсен-Итон, остварувајќи сопствен најдобар резултат и рекорд на Холандија од 6545 бода.[1] Следно, на Европското екипно првенство кое се одржало во Брауншвајг, Германија, таа била првопласирана на трката на 200 метри и помогнала холандскиот штафетен тим да победи на трката на 4 × 100 метри. На 26 јули, на државното првенство на Холандија, Схиперс поставила нов сопствен и државен рекорд во дисциплината скок во далечина од 6,78 метри.

Во јули 2014, на митингот во Глазгов, Схиперс поставила нов рекорд на Холандија на трката на 100 метри од 11.03 секунди, соборувајќи го рекордот од 11.08 секунди на Нели Куман поставен во 1986 година.[2] На истиот митинг, таа победила и на трката на 200 метри, поставувајќи нов државен рекорд од 22.34 секунди.[3].

На Европското првенство 2014 во Цирих, Схиперс ги освоила златните медали во двете спринтерски дисциплини.[4] На 13 август, таа победила на трката на 100 метри со време од 11.12 секунди истрчувајќи на целта пред Мирјам Сумаре и Ешли Нелсон. Два дена подоцна, на 15 август, таа го освоила и златниот медал на трката на 200 метри со време од 22.03 секунди, поставувајќи најдобро време во сезоната кое воедно било и нов холандски државен рекорд на оваа делница.[5] Поради одличните резултати во сезоната, Схиперс на крајот на годината била прогласена за европска атлетичарка на годината од страна на Европската атлетска асоцијација, пред Анита Влодарчик и Рут Беитија.[6].

2015[уреди | уреди извор]

Схиперс на Светското првенство 2015

На 24 мај, Схиперс настапила на митингот во Хенгело, Холандија, на трката на 100 метри. Таа победила на трката остварувајќи сопствен најдобар резултат од 10.94 секунди, со што станала првата холандска спринтерка која истрчала време под границата од 11 секунди. На 25 јули, на митигот од дијамантската лига во Лондон, таа го подобрила времето на 10.92 секунди.

На Светското првенство 2015 во Пекинг, таа двапати последователно го подобрувала сопствениот рекорд и холандскиот рекорд на 100 метри. Таа најпрво во полуфиналето истрчала време од 10.83 секунди, а следниот ден во финалето, делницата од 100 метри ја истрчала за 10.81 секунди, со што го освоила сребрениот медал зад Шели-Ен Фрејзер-Прајс и ѝ го донела на Холандија првиот медал од Светските првенства на 100 метри.

На трката на 200 метри, таа го освоила златниот медал поставувајќи нов европски рекорд и рекорд на првенствата од 21.63 секунди, резултат кој е трет најдобар во историјата на оваа делница.[7]

Лични рекорди[уреди | уреди извор]

Дисциплина Резултат Место Датум
60 метри 7.05 Чешка Прага, Чешка 8 март 2015
100 метри 10.81 (ДР) Кина Пекинг, Кина 24 август 2015
200 метри 21.63 (РП, ЕР) Кина Пекинг, Кина 28 август 2015
800 метри 2:08.59 Австрија Гецис, Австрија 1 јуни 2014
100 метри со пречки 13.13 Австрија Гецис, Австрија 31 мај 2014
Скок во височина 1,80 метри Обединето Кралство Лондон, Обединето Кралство 3 август 2012
Скок во далечина 6,78 метри (ДР) Холандија Амстердам, Холандија 26 јули 2014
Фрлање ѓуле 14.66 метри Австрија Гецис, Австрија 30 мај 2015
Фрлање копје 42.82 метри Холандија Хорн, Холандија 17 мај 2014
Седмобој 6545 бода (ДР) Австрија Гецис, Австрија 1 јуни 2014

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Nieuw Nederlands record in Gotzis“. dafneschippers.nl. 1 јуни 2014.[мртва врска] (холандски)
  2. Метју Браун (12 јули 2014). „Double Dutch delight for Schippers in Glasgow – IAAF Diamond League“. iaaf.org. (англиски)
  3. „Dafne Schippers the new „flying Dutchwoman". european-athletics.org. 6 август 2014. (англиски)
  4. Ентони Ернандес (18 август 2014). „Dafne Schippers, l'heptathlète devenue reine du sprint“. lemonde.fr. (француски)
  5. „Day 4 - Evening Review“. european-athletics.org. 15 август 2014. (англиски)
  6. „Schippers et Lavillenie récompensés“. www.sport.be. Архивирано од изворникот на 2015-09-24. Посетено на 11 октомври 2014.
  7. „All time best 200 METRES - WOMEN - SENIOR - OUTDOOR“. IAAF Records & Lists. IAAF. Посетено на 29 August 2015.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Рекорди
Претходник
Источна Германија Марита Кох
Европски рекордер на 200 метри
28 август 2015 –
Наследник
Актуелен
Награди
Претходник
Чешка Зузана Хејнова
Европска атлетичарка на годината
2014
Наследник
Актуелна