Дафина Јованоска-Стојаноска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дафина Јованоска-Стојаноска
Пратеничка на Собранието на Македонија
На должноста
2016–2020
Лични податоци
Роден(а) Дафина Јованоска
17 ноември 1974 (1974-11-17) (46 г.)
Гостивар, СФРЈ СФР Југославија
Државјанство Македонија
Националност Македонка
Партија ВМРО-ДПМНЕ
Занимање стоматолог

Дафина Јованоска-Стојаноска (р. 17 ноември 1974 во Гостивар) — македонски стоматолог и поранешен пратеник во Собранието на Македонија од страна на ВМРО-ДПМНЕ.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Дипломирала на Стоматолошкиот факултет во Скопје. Работела како матичен стоматолог во родниот град Гостивар во период од 2004 до 2008 година.

Од 2008 до 2016 година е вработена во ФЗОМ во Гостивар. Стојаноска истовремено станува секретар на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар во период од 2012 до 2015 година. Во 2015 година е избрана за член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, сѐ до 2017 година, каде што повторно била избрана за член во 2018 година.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Дафина Стојаноска“. www.sobranie.mk. Посетено на 2020-10-20.
  2. „Дафина Стојаноска“. VMRO-DPMNE. Посетено на 2020-10-25.