Прејди на содржината

Дарко Јаневски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дарко Јаневски
Занимањеновинар
РаботодавачДенешен
ТВ програм(и)Алфа ТВ
Страница
denesen.mk
mia.mk

Дарко Јаневски - македонски телевизиски новинар и уредник на порталот Денешен весник.

Биографија

[уреди | уреди извор]

Јаневски дипломирал на Правниот факултет на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.

Од 1996 до 1999 година бил новинар во неделникот „Фокус“, а од 1999 до 2000 година бил заменик на главниот и одговорниот уредник на неделникот. Во 2000 година бил уредник-коментарот на дневниот весник „Нова Македонија“, а од 2000 до 2003 година бил заменик на главниот и одговорен уредник на дневниот весник „Вечер“. Од 2002 до 2004 Јаневски работел како новинар во неделникот „Пулс“. Од периодот од 2005 до 2009 година повторно работи како новинар во неделникот „Фокус, а од 2009 до 2012 година е новинар во дневниот весник „Нова Македонија“. Од 2012 до 2013 година е заменик на главниот и одговорниот уредник на дневниот весник „Нова Македонија“.

Јаневски работи како главен и одговорен урендик на дневниот весник „Дневник“ во периодот од 2013 до 2017 година. Од 2017 до 2018 година е уредник и водител на политичката ТВ емисија „Без ракавици“ на ТВ Алфа. Од 2018 до 2025 година е уредник на порталот „Денешен.мк“.

Од 2025 година е директор на Медиумската информативна агенција МИА.[1][2]

  1. „Дарко Јаневски НОВ ДИРЕКТОР НА МИА“. Време.мк. Посетено на 30 април 2025.
  2. „МИА ДОБИ НОВО РАКОВОДСТВО: Новинарот Дарко Јаневски избран за генерален директор и претседател на Управниот одбор на агенцијата“. Денешен. Посетено на 30 април 2025.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]