Дарко Јанацковиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Даниел Дарко Јанацковиќ (роден на 11 мај 1967 година), попознат како Дарко Јанацковиќ, е фудбалски менаџер кој работи во Франција, инаку роден бил во Србија и бил поранешен фудбалер.[1]

Професионална кариера[уреди | уреди извор]

Даниел бил роден и израснат во Пирот, Југославија. Својата фудбалска кариера како младинец ја започнал во 1978 година во составот на ФК Партизан од Белград. Во 1980 година, тој се преселил во Франција, поточно во Диеп каде што започнал да игра за екипата на ФК Диепе.

Југославија[уреди | уреди извор]

Својата професионална фудбалска кариера во 1986 година ја започнал во југословенската прва лига поточно во екипата на ФК Раднички од Пирот. Во 1987 година, се преселил во Белград каде што потпишал едногодишен договор со друг југословенски прволигаш, со составот на ОФК Белград.

Португалија[уреди | уреди извор]

За првпат се преселил надвор од територијата на Југославија, во 1988 година. Заминал во Португалија каде што потпишал двегодишен договор со клубот на Мореиренсе ФК од Сегунда дивизијата. Во 1990 година, тој се преселил во градот Авеиро каде имал двегодишен престој во тимот од Примеира Лигата во тимот на СЦ Беира-Мар. Таму ја завршил својата професионална фудбалска кариера, бидејќи Србинот нешто подоцна доживеал сообраќајна несреќа.

Тренерска кариера[уреди | уреди извор]

Дарко Јанацковиќ поседувал УЕФА А лиценца, втора највисока фудбалска тренерска лиценца. Во 2009 година тој ја допбил УЕФА А лиценцата од страна на Фудбалскиот сојуз на Србија.

Југославија[уреди | уреди извор]

Својата тренерска кариера ја започнал во 2000 година со тимот до 19 годишна возраст на неговиот поранешен клуб, ФК Партизан. Таму работел како помошник на српскиот фудбалски тренер, Звонко Живковиќ. Во тој состав и во соработка со Живковиќ го освоиле трофејот на шампионатот на Југославија за играчи до 19 години.

Во 2001 година, Дарко се преселил во Белград каде што бил назначен за главен тренер на У-18 тимот на неговиот поранешен клуб, ОФК Белград. Тој ѝ помогнал на својата екипа да ја обезбеди третата позиција во првенството на Југославија за У-18 во сезоната 2001–02.

Подоцна во 2002 година, се вратил во својот роден град, Пирот, каде што бил назначен за главен тренер на неговиот поранешен клуб од Југословенската втора лига, ФК Раднички од Пирот. Со овој клуб успеал да се квалификува за четвртфиналната фаза на Купот на Југославија во 2002 година.

Франција[уреди | уреди извор]

Прв пат се преселил од Југославија како фудбалски менаџер во 2004 година, заминувајќи во Франција, поточно во градот Авион каде бил назначен за главен тренер на аматерската екипа од Шампионатот на Франција составот на ЦС Авион.

Србија[уреди | уреди извор]

Во 2006 година, Дарко се преселил во Србија каде потпишал едногодишен договор за да биде назначен за главен тренер во Меридијан Првата Лига (сега позната како Српска Суперлига) на ФК Хајдук од Кула.

Враќање во Франција[уреди | уреди извор]

Јанацковиќ во 2007 година се вратил во Франција и почнал да работи како скаут (ловец на млади таленти) за тимот од Лига 1, ФК Мец.

Алжир[уреди | уреди извор]

Во 2008 година, тој повторно заминал од Србија и овој пат отпатувал во Северна Африка, поточно во државата Алжир каде што бил назначен за главен тренер на алжирскиот клуб ЕС Сетиф.

Подоцна во 2008 година, тој се преселил во Константин каде што бил назначен за главен тренер на најстариот фудбалски клуб во Алжир,екипата на ЦС Константин.

Во јануари 2009 година, започнал да тренира друга екипа од градот Константин, составот на МО Константин[2][3] и му помогнал на клубот да ја обезбеди 5-та позиција во шампионатот на Алжир.

Бил награден со наградата за најдобар тренер на сезоната на крајот од сезоната 2008-2009.

Индонезија[уреди | уреди извор]

Во 2010 година, тој повторно заминал од Србија и овој пат на дестинација во Индонезија каде бил назначен за главен тренер во индонезиската Суперлига, во составот на Персиб Бандунг. Договорот бил за една година и се сметало дека е најскапиот договор во сезоната во Индонезискиот фудбал.[4] [5] [6]

Бахреин[уреди | уреди извор]

Во месец јули 2012 година се преселил на Блискиот Исток и поточно во државата Бахреин каде што бил назначен за главен тренер на Бахреинскиот премиерлигаш, клубот Ист Рифа . Договорот бил со важност од една година.

Враќање во Индонезија[уреди | уреди извор]

Во јануари 2013 година, тој се вратил во Индонезија каде што бил назначен за технички директор-менаџер[7] во индонезиската Суперлига, во составот на Персипаси Бандунг Раја.[8] [9] [10] [11]

Враќање во Алжир[уреди | уреди извор]

Во 2014 година, Јанацковиќ се вратил во Алжир поточно во Ларба, каде што започнал да тренира во Алжирската Лига Професионел 1 поточно составот на тимот на РЦ Арба.[12]

Оман[уреди | уреди извор]

Во месец јануари 2016 година, тој повторно заминал на Блискиот Исток, но овојпат во државата Оман, каде што на 23 јануари, бил назначен за тренер на клубот на Шохар кој се натпреварувал во Оман професионална лига. Останал до крајот на сезоната 2015-16 во Оман професионалната лига.[13] [14] На 29 март 2016 година, раководството на Сохар СЦ одлучило да се раздели со францускиот тренер, инаку роден во Србија.[15] Во неговиот краток, но успешен ангажман во тимот на Сохар, му помогнал на тимот да заврши на петтата позиција во сезоната 2015-16 и исто така им помогнал да го обезбедат второто место во Купот на професионалната лига на Оман 2015-16.[16] [17] Тоа биле најдобрите достигнувања на тимот во својата историја на постоење.

Курсеви за тренер[уреди | уреди извор]

Тој имал можност да учествува на различни тренерски курсеви изведувани од врвни европски тренери како на пример во август 2002 година Арсен Венгер од екипата на ФК Арсенал, во јануари 2003 година од Рајнал Денуи од составот на Реал Сосиедад, во јануари 2003 година и во февруари 2003 година Висенте дел Боске од клубот на Реал Мадрид ФК.

Достигнувања како тренер[уреди | уреди извор]

Признанија[уреди | уреди извор]

Партизан У-19 (помошник менаџер)

  • Освоено е Југословенско првенство У-18: 2000–01

Сохар

  • Второпласиран во Купот на професионалната лига на Оман 2015-16

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Darko Janacković“. SOCCERWAY.
  2. „USM Blida : le Serbe Darko Janackovic pour succéder à Mouassa“. Radio Algérien.
  3. „USM BLIDA : LE SERBE DARKO JANACKOVIC À LA PLACE DE MOUASSA“. Foot Algérien. Архивирано од изворникот на 6 April 2016. Посетено на 26 March 2016.
  4. „Daniel Darko Janackovic Resmi Latih Persib Bandung“. kuncupkembang.blogspot.com.
  5. „Daniel Darko Janackovic Persib Coach Candidates“. kutak-ketik.blogspot.com.
  6. „Inilah Daniel Darko Janackovic, Calon Kuat Pelatih Persib Bandung“. jekethek.blogspot.com.
  7. „Daniel Darko Janackovic Jadi Direktur Teknik PBR“. persibteaatuh.blogspot.com.
  8. „Pelita Bandung Raya Pakai Dana Subsidi Lunasi Utang Daniel Darko Janackovic“. GOAL.
  9. „Darko: Derby Bandung Berlangsung Menarik“. BOLA.NET.
  10. „Minim Persiapan, PBR Sesumbar Beri Kejutan Untuk Persib“. BOLA.NET.
  11. „Pelita Bandung Raya Resmi Lepas Darko“. mediasepakbola.c.
  12. „RC Arbaâ : Dziri limogé, Janacković de retour ?“. DZFOOT.
  13. „داركو يانكوفيتش مدربا لنادي صحار خلفـا للمكيس“. azamn.com. Архивирано од изворникот на 14 January 2017. Посетено на 25 March 2016.
  14. „رئيس النادي يستقبل يانكوفيتش“. soharfans.com.
  15. „ادارة نادي صحار تفسخ عقد المدرب الفرنسي دراكو“. soharfans.com.
  16. „AL NASR WINS MAZDA CUP“. Muscat Daily.
  17. „النصر يحقق لقب كأس مازدا للمحترفين“. shorouqoman.com. Архивирано од изворникот на 22 April 2016. Посетено на 7 April 2016.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]