Дарија Клишина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ивана Шпановиќ (лево), Дарија Клишина (средина) и Состен Могенара (десно) на ЕП за помлади сениори во Острава 2011 година.

Дарија Игоревна Клишина руски: Да́рья И́горевна Кли́шина; Твер, 15 јануари 1991 година) е руска атлетичарка, специјалист за скок во далечина, двократен европски шампион во сала (2011 и 2013 година), светски првак до 17 години (2007 година), Европски јуниорски првак во 2009 година и победник на Европско првенство за млади 2011 година.

Кариера[уреди | уреди извор]

Отпрвин играла одбојка, но нејзиниот татко, поранешен спортист, решил да ја испроба во поединечни спортови. На 13-годишна возраст одговорила на поканата на школата за олимписки резерви во Москва.[1]

На 19 години го освоила петтото место на Светското првенство во сала 2010 со резултат 6,62, еден сантиметар зад третопласираната Бразилка Кејла Коста, и 8 см зад победничката Бритни Рис од САД.[2]

Таа освои две златни медали на Европското првенство во сала во 2011 и 2013 година. Таа е шампион на Европа и на светот во кадетска и јуниорска конкуренција. Личниот рекорд на Дарија Клишина е 7,05 м и го постигна во 2011 година во Острава .

На Европското првенство во сала 2017 година во Белград, таа го освои четвртото место во финалето.

Дарија Клишина на Европско првенство за млади сениори во Острава 2011 година

Друго[уреди | уреди извор]

Таа го држи јуниорскиот рекорд на Русија со резултат 7,05 метри.[3] Ова е трет јуниорски резултат некогаш постигнат, Хајке Дрекслер имаше два подобри скока во 1983 година со 7,14 м и 7,08 м.[4]

Покрај врвните резултати, го привлекува вниманието на медиумите поради својата убавина. Таа беше прогласена за „најсексипилна атлетичарка на Русија во 2010 година“ на гласањето во Рунет.[5] Прогласена е за една од најубавите спортисти на Летните олимписки игри 2012 година во Лондон .

Таа не е мажена.[6]

Значајни резултати[уреди | уреди извор]

Година Натпревар Локација Место Резултат
 Русија
2007 година Светско првенство за м јуниори до У-18 Острава, Чешка 1 6,47
Европско јуниорско првенство У-18 Белград, Србија 1 6,43
2009 година Европско првенство за јуниори У-20 Нови Сад, Србија 1 6,80
2010 година Светско првенство во сала Доха, Катар 5 6,62
2011 година Европско првенство во сала Париз, Франција 1 6,80
Европско првенство за млади сениори до 23 години Острава, Чешка 1 7,05
Светско првенство Тегу, Јужна Кореја 7 6,50
2012 година Светско првенство во сала Истанбул, Турција 4 6,85
2013 година Европско првенство во сала Гетеборг, Шведска 1 7.01
Универзијада Казањ, Русија 1 6,90
Светско првенство Москва, Русија 7 6,76
2014 година Светско првенство во сала Сопот, Полска 7 6.51
2015 година Светско првенство Пекинг, Кина 10 6,65
Ги застапува30x30пкс Независни учесници *
2016 година Олимпијада Рио де Жанеиро,Бразил 9 6,63
2017 година Европско првенство во сала Белград, Србија 4 6,84
Светско првенство Лондон, Велика Британија 2 7.00
  • Русија сè уште е суспендирана од меѓународни натпреварувања, па нејзините спортисти не можеа да ја претставуваат на овие првенства. Тие добија дозвола да учествуваат под одредени услови. Тие се натпреваруваа под името „ Независни спортисти “ англиски: Authorised Neutral Athletes) под знамето30x30пкс и под услови на ИААФ .[7]

Лични рекорди[уреди | уреди извор]

Дисциплина Резултат датум Место Забелешка
Скок во далечина - на отворено 7,05 17 јули 2011 година Чешка Острава
Скок во далечина - во сала 7,01 2 март 2013 година Шведска Гетеборг

Користена литература[уреди | уреди извор]

  1. Сергей Бутов: «Полуфабрикат» и «Снежная королева»[мртва врска][мртва врска]
  2. Финални резултати скока удаљ на СП 2010. у дворани[мртва врска][мртва врска]
  3. Клишина — 7,05! Архивирано на 14 јуни 2015 г.. RusAthletics.
  4. Најбољи скокови јуниорки свих времена на сајту ИААФ
  5. „Назин најсексиплиније спортисткиње Русије“. Архивирано од изворникот на 23. 01. 2012. Посетено на 03. 03. 2013. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
  6. Дарья Клишина
  7. Услови учешћа групе руских спортиста на СП 2017. Посетено на 14. 8. 2017.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]