Дариски јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дариски јазик
Авсганистанско-персиски јазик, дарископерсиски јазик
دری
Изговор /dæˈɾi/
Застапен во Авганистан
Говорници околу 15-18 милиони[1]  (1992–2000)
Јазикот се зборува од околу 25% до 50% од населението во државата, а го разбираат околу 90% од население.[2] Јазикот исто така го разбираат околу 2.5 милиони во пакистан и Иран.[3]
Јазично семејство
Писмо персиско писмо
Статус
Службен во Авганистан Авганистан
Регулативен орган Академија на науките во Авганистан
Јазични кодови
ISO 639-3 Разни:
prs — дариски, авганистанско-персиски
aiq — ајмачки
haz — хазарашки
Linguasphere 58-AAC-ce (Dari) + 58-AAC-cdo & cdp (Hazaragi) + 58-AAC-ck (Aimaq)

Дарискиот (персиски: دری, Darī,) или дариско-персиски јазик (персиски: فارسی دری, Fārsī-ye Darī) е заеднички поим за источноперсиските дијалекти во Авганистан. Така, оваа група дијалекти се именува и како авганистанско-персиски јазик.[4][5] Иако всушност е персиски дијалект, сепак се именува како јазик бидејќи бил признаен како таков во 1964 година во Авганистан и станал официјален јазик во државата покрај паштунскиот.[6][7] Дарискиот е најзборуван јазик во Авганистан и истиот е мајчин јазик на околу 50% од вкупното население на државата.[4][8][9][10] Иранските и авганистанските дијалекти на персискиот јазик се доста разбирливи, но постојат одредени разлики во поглед на зборовниот фонд и фонологијата. Јазикот е лингва франка во Авганистан.

Политички погледи[уреди]

Самиот народ го именува јазикот како „фарси“, исто како националниот јазик во Иран. Сепак, поради политички причини Авганистан одлучул да го користи името „дариски“. Јазикот е официјален во Авганистан, заедно со паштунскиот. Името на овој диалект во Авганистан било променето во 1964 година.[11][12]

Наводи[уреди]

  1. Таџици околу 11 милиони, Хазарани 2.5-5.5 милиони; Ајмаци 1.4 милиони
  2. Shaista Wahab (2006), Beginner's Dari, Page 1
  3. „Dari language, alphabet and pronunciation“. Omniglot.com. http://www.omniglot.com/writing/dari.htm. конс. 26 август 2012. 
  4. 4,0 4,1 CIA – The World Factbook, "Afghanistan", Updated on 8 July 2010
  5. Documentation for ISO 639 identifier: prs
  6. Lazard, G. "Darī – The New Persian Literary Language", Енциклопедија „Ираника“, 2006.
  7. „The Afghans – Language Use“. United States: Center for Applied Linguistics (CAL). 30 јуни 2002. http://www.cal.org/co/afghan/alang.html. конс. 24 октомври 2010. 
  8. „Dari“. „UCLA International Institute: Center for World Languages“. University of California, Los Angeles. http://www.lmp.ucla.edu/Profile.aspx?LangID=191&menu=004. конс. 10 декември 2010. 
  9. „Languages of Afghanistan“. „SIL International“. Ethnologue: Languages of the World. 2005. http://www.ethnologue.com/14/show_country.asp?name=Afghanistan. конс. 16 септември 2010. 
  10. „Dari language“. Encyclopædia Britannica Online. http://www.britannica.com/EBchecked/topic/151550/Dari-language. конс. 7 декември 2010. 
  11. Willem Vogelsang, "The Afghans", Blackwell Publishing, 2002
  12. Declassified, Dr. Zaher said there would be, as there are now, two official languages, Pashto and Farsi, though the latter would henceforth be named Dari.

Дополнителни информации[уреди]

Поврзано[уреди]

Портал „Јазик

Надворешни врски[уреди]