Прејди на содржината

Дарио Панковски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дарио Панковски
Животописни податоци
Познат(а) и какоДарио
Роден(а)23 јануари 1963
Скопје, СР Македонија
ЖанровиПоп
Фанк
Латино
ЗанимањаПејач, текстописец
Период на активност1980–денес

Дарио Панковски или познат само како Дарио (23 јануари 1963 во Скопје) — македонски поп-пејач и композитор.

Дарио Панковски својата музичка кариера ја започнал во 1980 како дел од новоформираната њу-вејв музичка група Бон-Тон. Најпознати хитови од тоа време се: Добрите девојки,Таа Мала Маја и Старо Купувам. Со Бон-Тон, Дарио учествувал на неколку фестивали од кој најзначаен е Макфест.

По распаѓањето на групата, Дарио на неколкупати учествувал на Макфест, како солист.

Во 1992 година била формирена групата Дарио и Миг-21. Истата година бил издаден нивниот прв албум насловен како „Бактерија“. Од овој албум најголеми хитови станале песните: „Ладна како камен“, „Косоока“ и „Викни ме на чај“.

По неколкуте промени во составот на членовите на групата, во 1994 година бил издаден нивниот втор албум насловен како „Фанки саунд“. Од овој албум најголеми хитови станале песните: „Дај да заспијам“, „Сети се“ и „Секој сака“. Песната „Дај да заспијам“, која претставува латино-балада, била прогласена за хит на годината во 1994 година. Во овој период излегла и најпозната песна „Дупла вотка“ која ги соборила сите рекорди и се задржала долго време на топ листите.

Во 1996 групата била прогласена за најдобра на годината. Во 1998 година се одржале двата големи концерти во Универзална сала со масовна посетеност.

Соло кариера

[уреди | уреди извор]

Дискографија

[уреди | уреди извор]

Со Миг-21:

Албуми:

  • Бактерија (1992)
  • Фанки саунд (1994)

Компилации:

  • Најхитови...до сега! (1997)

Синглови:

  • Нека биде што биде/Меѓу сите ѕвезди (1995)
  • Да ја видам пак/Дупла вотка (1996)
  • Зајди јасно сонце (1997)
  • Здравје Боже (1998)


Соло кариера

Aлбуми:

  • Дарио (1999)
  • Исток, запад, север, југ (2001)
  • Сите порази и победи (2004)
  • Човек без спомени (2008)
  • Ако силно посакам... (2016)

Компилации:

  • Најхитови + Нови Хитови (1999)
  • Хитови 1 (2006)
  • Хитови 2 (2006)
  • Балади (2010)

Синглови:

  • Дарио,Александар Митевски,Угро - Еднаш човек живее (2003)
  • Место за крај (2003)

Live албуми:

  • 25 Live! (2006)
СпотГодинаРежисер
Дај да заспијам1994-
Здравје боже1998-
Земи се 1999-
Се смеам за да не заплачам2004-
Плачела2007Дарко Антоновски
Човек без спомени2008Дарко Антоновски
Зборови погрешни2012Александар Ристовски-Принц
Има еден град 2015Фабрика
Не ми е страв2015Фабрика
Што е мое ќе си дојде2016Фабрика
Со тебе и без тебе 2016Фабрика
Што је моје то че дочи 2018Кристијан Габроски,Андреа Панковска

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]