Дариенски расцеп

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Подрачјето на Дариенскиот расцеп помеѓу Панама и Колумбија

Дариенски расцеп (или само Дариен, на шпански: Darién) — прекин на Пан-американскиот автопат, кој се состои од голем дел од неразвиенo подрачје од мочуриште и шума во Панама, во рамки на провинцијата Дариен во Централна Америка и северниот дел на одделот Чоко во Колумбија, во Јужна Америка. Подрачјето кое го опфаќа Дариенскиот расцеп започнува во Јавиза, Панама и завршува во Турбо, Колумбија, и е долго 106 километри. Изградбата на патишта низ оваа област е скапа и еколошката цена е висока. Политички консензус во корист на изградба на патишта во овој предел не е постигнат.

Во географијата на Дариенскиот расцеп на колумбиската страна преовледува првенствено од реката делта на реката Атрато, која создава рамно мочуриште со ширина од најмалку 80 км, а половина од тоа е блато. Планинскиот масив Серанија дел Баудо се протега долж колумбискиот Тихоокеански брег и продолжува во Панама. Панамската страна, во остра спротивност, е планинска дождовна шума, а надморската височина на теренот достигнува од 60 м во долините до 1.845 м на највисокиот врв (Серо Такаркуна, во Серанија дел Дариен).

Дариенскиот расцеп е исто така и подрачје на присуство и активности на марксистичките револуционерни вооружени сили на Колумбија (ФАРК), која извршила атентати, киднапирања и кршења на човековите права за време на своето децениско востание против колумбиската влада. Востаниците на ФАРК беа присутни и на колумбиската и на панамската страна на границата во Дариенскиот расцеп.