Дарига Назарбајева
Дарига Назарбајева Дариға Нұрсұлтанқызы Назарбаева | |
---|---|
7-ми Претседател на Сенатот | |
На должноста 20 март 2019 – 2 мај 2020 | |
Заменик | Сергеј Громов Бектас Бекназаров Аскар Шакиров |
Претходник | Касим-Јомарт Токајев |
Наследник | Маулен Ашимбајев |
Вицепремиер на Казахстан | |
На должноста 11 септември 2015 – 13 септември 2016 | |
Премиер | Карим Масимов Бахитжан Сагинтајев |
Член на Сенатот | |
На должноста 15 септември 2016 – 2 мај 2020 | |
Заменик претседател на Мажилис | |
На должноста 3 април 2014 – 11 септември 2015 | |
Претседател | Кабибула Џакупов |
Претходник | Кабибула Џакупов |
Наследник | Абај Тасболатов |
Лидер на Аманат во Мажилис | |
На должноста 3 април 2014 – 11 септември 2015 | |
Водач | Нурсултан Назарбајев |
Претходник | Нурлан Нигматулин |
Наследник | Кабибула Џакупов |
Член на Мажилис | |
На должноста 15 јануари 2021 – 25 февруари 2022 | |
На должноста 15 јануари 2012 – 11 септември 2015 | |
На должноста 19 септември 2004 – 20 јуни 2007 | |
Претседател на Асар | |
На должноста 25 октомври 2003 – 4 јули 2006 | |
Претходник | нема |
Наследник | нема |
Лични податоци | |
Роден(а) | Дарига Нурсултанќизи Назарбајева 7 мај 1964 Темиртау, Казашка ССР, Советски Сојуз |
Партија | Аманат (2006−present) |
Други припадности | Асар (2003−2006) |
Сопружник | Ракат Алијев (разведени во 2007) |
Деца | Нурали, Ајсултан, Венера (2000)[1] (3) |
Родители | Нурсултан Назарбајев Сара Назарбајева |
Установа | Московски државен универзитет |
Дарига Нурсултанќизи Назарбајева (казашки: Дариға Нұрсұлтанқызы Назарбаева, Dariğa Nūrsūltanqyzy Nazarbaeva; родена на 7 мај 1964 година) е казахстанска стопанственичка и политичарка. Таа била член на долниот дом Мажилис од 10 јануари 2021 до 25 февруари 2022 година, а претходно од 15 јануари 2012 до 11 септември 2015 година, од 19 септември 2004 до 20 јуни 2007 година соодветно. Таа била заменик-претседател на Мажилис од 2014 до 2015 година додека не била назначена за вицепремиер во кабинетот на Масимов. Во 2016 година, Назарбајева станала член на Сенатот на Казахстан година. Таа била претседателка на Сенатот од 2019 до 2020 година. Назарбајева е најстарата ќерка на Нурсултан Назарбајев, кој бил претседател на Казахстан од 1990 до 2019 година.
Назарбајева ја започнала својата кариера во 1994 година во медиумскиот бизнис на чело на Кабар, најголемата национална телевизиска агенција во Казахстан. Во 2003 година, таа ја основала партијата Асар, а во 2004 година за прв пат Назарбајева била избрана како член на Мажилис. Додека ја вршела оваа функцијата, во 2006 година, Асарската партија се споила со Аманатската партија, владејачката партија која била предводена од нејзиниот татко Назарбајев. По распуштањето на Мажилис во 2007 година, Назарбајева не се кандидирала за реизбор и останала надвор од политиката до нејзиното конечно враќање во 2012 година кога станала заменик-претседател и парламентарен лидер на Аманат. Во 2015 година, Назарбајева била назначена од нејзиниот татко за вицепремиер во времето на премиерот Карим Масимов, а се вратила во Парламентот во 2016 година како сенатор. По оставката на нејзиниот татко од претседателската функција во 2019 година, Назарбајева ја презела улогата на Касим-Жомарт Токајев како претседател на Сенатот, кога Токајев станал претседател на Казахстан. Во 2020 година, таа била неочекувано отстранета од функцијата од страна на Токајев непосредно пред да се врати во Мажилис уште еднаш во 2021 година.
Поради високите официјални функции и врските на Назарбајева преку нејзиниот татко, нашироко се шпекулирало дека таа потенцијално се подготвувала да го наследи претседателството по Назарбајев на непотистички начин и покрај тоа што овие тврдења биле отфрлени од самиот Назарбајев.[2][3]
Ран живот и образование
[уреди | уреди извор]Назарбајева била родена во Темиртау во 1964 година. Своето средно образование го завршила во периодот од 1981–1982 година во гимназијата К. Сатпајев бр. 56 во Алмати.[4][5] Од 1980 до 1983 година студирала историја на Московскиот државен универзитет. Таа дипломирала на Казашкиот државен универзитет во 1985 година,[6] а во 1991 година ја одбранила својата теза за кандидатски степен по историски науки на Московскиот државен универзитет. Во 1998 година, Назарбајева ја одбранила својата докторска теза по политички науки на Руската академија на државната служба.[7]
Кариера
[уреди | уреди извор]Назарбајева станала потпретседател на добротворниот фонд за деца „Бобек" основан од нејзината мајка Сара Назарбајева.[8]
Во 1994 година, Назарбајева станала потпретседател на Републиканската телевизиска и радио корпорација на Казахстан. Во 1995 година бил создаден ТВ каналот Хабар. Организациите поврзани со Назарбајева ја откупиле радио станицата Европа плус, телевизиските компании КТК и НТК и популарниот весник Караван. За управување со новиот медиумски холдинг биле основани ТВ-медиа и Алма-медиа.[8] Во 1998 година Кабар бил трансформиран во затворено акционерско друштво и Назарбајева станала претседател на компанијата, а во 2001 година станала претседател на Одборот на директори.[8]
Од доцните 1990-ти, Назарбајева редовно се има појавувано на казахстанската телевизија како пејачка. Нејзиниот репертоар вклучува казахстански народни песни, руски романси, оперски арии и песни од Џо Дасин. Во 2011 година, Назарбајева го одржала рециталот „Салем, Русија“ во Москва на новата сцена во Бољшојскиот театар и Салата во Астана.[9] Руската компанија Universal Music ги снимила нејзините концертни настапи на различни места за дводелниот филм Моја ѕвезд од 2012 година.[10][11] Во 2013 година, таа одржала концерт, коорганизиран од грофот Пјер Шереметев, во Театарот на Шанзелизе во Париз, со Ламурјоскиот оркестар во режија на Димитриј Јаблонски и групата Сазген сази во режија на Багдат Тилегенов, вклучувајќи ги пијанистот Тимур Урманчејев, и уметниците Сундет Баигожин и Медет Чотабајев.
Политичка кариера
[уреди | уреди извор]Претседател на Асар (2003–2006)
[уреди | уреди извор]Во октомври 2002 година, Назарбајева стана претседател на Одборот на доверители на блокот Избор на младите луѓе; било предложено да се создаде Конгрес на младите на Казахстан на првата конференција на блокот.[12]
Во октомври 2003 година, Назарбајева станала лидер на Асарска републиканската партија.[13][14][15] За неколку месеци биле собрани повеќе од 167.000 апликации од оние кои сакале да се приклучат на Асар; обработени и автентификувани биле 139.000 барања, а до Министерството за правда за регистрација биле доставени 77.000 потписи.[16] Во декември 2003 година, партијата била официјално регистрирана.[17]
Според резултатите од изборите за Мажилис во 2004 година, партијата освоила 541.239 (11,38%) гласови и рангирала на трето место; Назарбајева станала член на партиската листа во Мажилис, а тројца членови од Асар биле избрани во едночлени изборни единици.
На 4 јули 2006 година, се одржала вонредна партиска конвенција на која се одлучило да се спои Асарската републиканска партија со Отанската републиканска политичка партија (Аманат од декември 2006 година), а Назарбајева станала заменик-претседател на Аманат.[18][19]
Пратеничка кариера
[уреди | уреди извор]Член на Мажилис (2004–2007, 2012–2015, 2021–сега)
[уреди | уреди извор]Во февруари 2005 година, во Парламентот била формирала нова пратеничка група - Ајмак, составена од 36 пратеници (28 пратеници од Мажилис и 8 пратеници од Сенатот). За лидер на групата била избрана Назарбајева. Главните цели на оваа група биле промовирањето и следењето на имплементацијата на постоечките државни и индустриски програми насочени кон регионален развој, развој на претприемништвото, законодавната поддршка на административните реформи и на локалната самоуправа.[20] Таа останала како член на Мажилис до неговото распуштање на 20 јуни 2007 година.[21]
На парламентарните избори во Казахстан во 2012 година, Назарбаева повторно се кандидирала на партиската листа на Аманатската партија, која освоила 83 места.[22] Таа била на чело на Комитетот за социо-културен развој во Мажилис.[23]
На 3 април 2014 година, Назарбајева била едногласно избрана за заменик-претседател на Мажилис и парламентарен лидер на Аманат.[24] На 11 септември 2015 година таа била назначена за вицепремиер.[25][26]
Назарбајева повторно се појавила на партиската листа на Аманат на конгресот на 25 ноември 2020 година, каде што го направила својот прв јавен настап откако била разрешена од функцијата претседател на Сенатот.[27] Аманатската партија ја задржала својата контрола над Мажилис по парламентарните избори во 2021 година, со 76 места.[28] По овие избори, таа станала член на Комитетот за економски реформи и регионален развој.[29]
Член на Сенатот (2016–2020)
[уреди | уреди извор]На 13 септември 2016 година, Назарбајева станала член на Сенатот; таа била назначена како шеф на Комитетот за меѓународни работи, одбрана и безбедност на Сенатот на 16 септември.[30]
Претседателката на Сенатот
[уреди | уреди извор]Истиот ден кога нејзиниот татко се повлекол од функцијата претседател на Казахстан, Назарбајева била назначена за претседател на Сенатот по едногласно тајно гласање на 20 март 2019 година.[31] Таа во оваа улога го наследила Касим-Жомарт Токаев, кој стана в.д. претседател на државата.[31] Според Њујорк Тајмс, ова може да се земе како сигнал дека Назарбајева се подготвува да стане претседателка.[32] Се појавиле неколку шпекулации дека Назарбајева ја подготвувала својата претседателска кандидатура за време на претседателските избори во 2019 година, но нејзин близок соработник на 9 април 2019 година открил дека тврдењата се лажни.[33]
На 2 мај 2020 година, таа била отстранета од Сенатот од страна на Токајев.[34] Се појавиле многу теории дека Токајев или го проширува своето политичко влијание, или станува збор за растечки тензии меѓу владејачката елита во Казахстан.[35] Според некои, причините за ова биле јавните скандали во кои бил вклучен нејзиниот син Ајсултан, како и британскиот судски спор кој го уништил угледот на Назарбајева и на нејзиниот татко.[36][37]
Награди и одликувања
[уреди | уреди извор]- Казахстан:
- Орден на леопардот, 1 класа (2 декември 2021)[38]
- Орден на леопардот, 2 класа (декември 2013)[39]
- Орден на Парасат (декември 2004)[40]
- Астански медал (17 август 1998)
- Медал „10 години независност на Република Казахстан“ (2001)[41]
- Медал „10 години од Парламентот на Република Казахстан“ (7 новември 2005)
- Медал „10 години на Астана“ (6 мај 2008)
- Медал „20 години независност на Република Казахстан“ (2011)
- Медал „20 години на Тенге“ (септември 2013)
- Медал „20 години од Уставот на Република Казахстан“ (5 август 2015)
- Медал на Нур Отан (3 May 2013)
- Медал на Уставниот совет на Република Казахстан (30 август 2013)
- Медал „20-годишнина на Собранието на народот на Казахстан“ (14 март 2015)
- Медал „25 години независност на Република Казахстан“ (2016)
- Медал „20 години на Астана“ (30 јуни 2018)
- Заедница на независни држави:
- Орден на Комонвелтот (2017)[42]
- Сребрен медал на Интерпарламентарното собрание на Заедницата на независни држави, 20 години (27 март 2012 година)
- Медал на Интерпарламентарното собрание на Заедницата на независни држави, 25 години (27 март 2017 година)
- Франција:
- Кавалерски Орден на уметноста и литераутата (април 2009)[43]
Личен живот
[уреди | уреди извор]Семејство
[уреди | уреди извор]Назарбаjева била во долг брак со казахстанскиот стопанственик и политичар Рахат Алијев, до нивниот развод во јуни 2007 година. Алиjев имал високи позиции во националната разузнавачка агенција и Министерството за надворешни работи на Казахстан, а подоцна и како амбасадор во Австрија.[32] Во 2004 година, една жена за која се тврдело дека била љубовница на Алијев била пронајдена мртва, падната од висока станбена зграда во Бејрут.[32] Титулите на Алијев му биле одземени во 2007 година, откако го критикувал претседателот Назарбајев тврдејќи дека го променил уставот на нацијата за може да биде доживотен претседател.[32] Алијев тврдел дека неговиот развод бил извршен без негова согласност и дека бил принуден од Назарбајев.
Алијев бил осуден во отсуство за разни злосторства во Казахстан. Австрија одбила да го екстрадира, но се подготвувала да му суди за киднапирање и убиство на двајца службеници од казахстанска банка.[32] Пред судењето, тој бил пронајден мртов во неговата австриска затворска ќелија поради наводно самоубиство.[32]
Назарбајева ималa два сина со Алијев, Нурали и Ајсултан, и ќерка Венера. Таа е баба на Лаура Алијева, ќерка на Нурали родена во 2013 година.[44]
На 23 јануари 2020 година, синот на Назарбајева, Ајсултан, даде јавна изјава на својата Фејсбук страница, тврдејќи дека неговиот дедо Назарбајев наводно му бил татко и дека неговата мајка Назарбаева се обидувала да го убие додека живеел во Лондон.[45] Следниот ден, на 24 јануари, дописничка на РСЕ се обидела да добие одговор од Назарбајева во врска со тврдењата на нејзиниот син додека поминувала во ходникот на зградата на Парламентот, каде што еден од обезбедувачите на Назарбајева ја грабнал репортерката за раката и ѝ ја покрил устата.[46] На 16 август 2020 година, Ајсултан бил пронајден мртов во Лондон, а причината за неговата смрт е наводно поради срцев удар.[47] Како одговор на инцидентот, Назарбајева изјавила дека „моето семејство тагува поради загубата на нашиот сакан Ајсултан и бараме приватност во овој многу тежок момент“.[48]
Други активности
[уреди | уреди извор]Во 2018 година, во Панамските документи било откриено дека Назарбаева била единствен акционер на оф-шор компанија за шеќер со седиште во Британските Девствени Острови, која учествувала во трговија со Казахстан. Нејзиниот син, Нурали, исто така бил именуван во весниците како клиент на Mossack Fonseca во Панама, а имал и две компании, како и луксузна јахта исто така регистрирани на Британските Девствени Острови.[49][50] Според Newsweek, „ова е во остра контрадикторност од честите апели на Назарбајева до претприемачите во земјата богата со нафта да плаќаат даноци во Казахстан“.[50] Панамските документи, исто така, сугерираат дека таа можеби е сопственик, преку оф-шор компанија, на улицата Бејкер 221Б, имот кој е вреден 183 милиони долари и е познат како измислената адреса на Шерлок Холмс.[51]
На 10 март 2020 година, британскиот суд ги објавил имињата на сопственици на имот во вредност од 100 милиони американски долари на кои им бил издаден UWO во пролетта 2019 година. Се покажало дека сопствениците биле Назарбајева и нејзиниот најстар син Нурали Алиев со неговата сопруга Аида. Застапникот на обвинетите на рочиштето објаснил дека сопствениците можат да го потврдат изворот на средствата, бидејќи во тоа време се занимавале со бизнис.[52] Во април, Високиот суд на правдата ги прогласил тврдењата на британските агенции за спроведување на законот за неосновани и како резултат на тоа, случајот бил поништен.[53]
Според Форбс во 2013 година нејзиното богатство изнесувало околу 595 милиони долари. Тоа го остварила преку нејзиниот ангажман во компаниите: Европа Плус Казахстан АД, NTK, AlmaInvestHolding, Almatystroysnab LLP и ALMA TV.[54] Таа, исто така, ја основала главната ТВ мрежа во Казахстан, Кабарската агенција.[55]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Алиев Рахат Мухтарович (персональная справка)“ (руски). Zakon.kz. Посетено на 24 февруари 2015.
- ↑ „Kazakh President Nazarbayev Says Power Won't Be Family Business“. Bloomberg.com (англиски). 23 ноември 2016. Посетено на 26 март 2021.
- ↑ Moscow, Tom Parfitt. „Dariga Nazarbayeva, daughter of Kazakh strongman, positioned for dynastic takeover“. The Times (англиски). ISSN 0140-0460. Посетено на 8 јули 2021.
- ↑ Святослав Антонов (3 септември 2015). „Легендарные школы Алматы“. Vox Populi (руски). Посетено на 23 април 2020.
- ↑ „Дарига Назарбаева стала спикером Сената Парламента Казахстана“ (руски). 20 март 2019. Архивирано од изворникот на 19 јули 2020. Посетено на 23 април 2020.
- ↑ „Биография Дариги Назарбаевой“. РИА Новости (руски). 20 март 2019. Посетено на 17 јуни 2019.
- ↑ „Назарбаева Дарига Нурсултановна (персональная справка)“ (руски). Посетено на 23 април 2020.
- ↑ 8,0 8,1 8,2 „Дарига Назарбаева: с чего начиналась карьера самой влиятельной женщины в Казахстане“ (руски). Central Asia Monitor. 2 октомври 2015. Посетено на 23 април 2020.
- ↑ „Дарига Назарбаева даст сольные концерты в Москве и Астане“. Zakon.kz. 29 ноември 2011. Посетено на 30 април 2020.
- ↑ Darimbet, Nazira (16 февруари 2012). „Дарига Назарбаева снялась в кино“. Радио Азаттык. Посетено на 30 април 2012.
- ↑ „В Алматы презентован музыкальный фильм с участием Дариги Назарбаевой“. KTK. 17 февруари 2012. Посетено на 30 април 2020.
- ↑ „Дарига Назарбаева - попечитель молодёжи“ (руски). Посетено на 23 април 2020.
- ↑ „Дарига Назарбаева агитирует молодежь вступать в общественное объединение "Асар"“ (руски). 11 септември 2003. Посетено на 23 април 2020.
- ↑ „О том, что молодежи необходимо активнее участвовать в общественной жизни страны и в частности в выборах, говорила в Евразийском университете в Астане Дарига Назарбаева“ (руски). 13 септември 2003. Посетено на 23 април 2020.
- ↑ „Настает тот самый момент…“ (руски). 19 септември 2003. Посетено на 23 април 2020.
- ↑ „Председатель партии "Асар" впервые после официальной регистрации партии встретилась с журналистами“ (руски). 22 декември 2003. Посетено на 23 април 2020.
- ↑ „Зарегистрирована республиканская политическая партия "Асар"“ (руски). 19 декември 2003. Посетено на 23 април 2020.
- ↑ „Партия "Асар" приняла решение о слиянии с партией "Отан"“ (руски). 4 јули 2006. Посетено на 23 април 2020.
- ↑ „Победа партии "Нур Отан" окончательно закрепила в Казахстане авторитарный режим“ (руски). Архивирано од изворникот на 24 јули 2016. Посетено на 23 април 2020.
- ↑ „В парламенте образована новая депутатская группа "Аймак"“ (руски). Караван. 17 февруари 2005. Посетено на 23 април 2020.
- ↑ Pannier, Bruce (20 јуни 2007). „Kazakh President Dissolves Parliament“. RadioFreeEurope/RadioLiberty (англиски). Посетено на 2 мај 2020.
- ↑ „TABLE-Kazakh parliamentary election final results“. Reuters (англиски). 17 јануари 2012. Посетено на 2 мај 2020.
- ↑ „Мажилис избрал главой комитета по социально-культурному развитию Даригу Назарбаеву; по финансам и бюджету“. Zonakz.net. 20 јануари 2012. Посетено на 29 април 2020.[мртва врска]
- ↑ Gizitdinov, Nariman (3 април 2014). „Kazakh President's Daughter Promoted to Top Position in Comeback“. www.bloomberg.com. Посетено на 2 мај 2020.
- ↑ „Dariga Nazarbayeva appointed Vice PM of Kazakhstan“. Kazinform. 11 септември 2015. Архивирано од изворникот на 28 април 2018. Посетено на 17 декември 2015.
- ↑ Kazakhstani President appoints Dariga Nazarbayeva as deputy PM, Ilaha Ahmadova in Astana for Azertac news agency, Baku 12 September 2015.
- ↑ Presse, AFP-Agence France (25 ноември 2020). „Ex-Kazakh President's Daughter Returns To Politics With Parliament Run“. www.barrons.com (англиски). Архивирано од изворникот на 21 јануари 2021. Посетено на 15 јануари 2021.
- ↑ Putz, Catherine (14 јануари 2021). „Dariga Nazarbayeva Headed Back to Parliament“. thediplomat.com (англиски). Архивирано од изворникот на 13 јануари 2021. Посетено на 15 јануари 2021.
- ↑ „Дарига Назарбаева вошла в Комитет по экономическим реформам Мажилиса“. Tengrinews.kz (руски). 15 јануари 2021. Архивирано од изворникот на 15 јануари 2021. Посетено на 15 јануари 2021.
- ↑ "Kazakh president's daughter appointed head Of Senate committee", Radio Free Europe/Radio Liberty, 16 September 2016.
- ↑ 31,0 31,1 „Nazarbayev's daughter becomes Kazakh heir apparent“. Financial Times (англиски). Посетено на 20 март 2019.
- ↑ 32,0 32,1 32,2 32,3 32,4 32,5 MacFarquhar, Neil (20 март 2019). „Rise of First Daughter in Kazakhstan Fuels Talk of Succession“. The New York Times (англиски). ISSN 0362-4331. Посетено на 20 март 2019.
- ↑ tengrinews.kz (9 април 2019). „Будет ли Дарига Назарбаева участвовать в выборах президента“. Tengrinews.kz (руски). Архивирано од изворникот на 10 април 2019. Посетено на 26 март 2021.
- ↑ „Daughter of former Kazakh leader leaves key Senate post“. Reuters (англиски). Посетено на 2 мај 2020.
- ↑ Welle (www.dw.com), Deutsche. „Президент Казахстана снял дочь Назарбаева с поста спикера сената | DW | 02.05.2020“. DW.COM (руски). Посетено на 2 мај 2020.
- ↑ Putz, Catherine (5 мај 2020). „Dariga Nazarbayeva Dismissed From Top Senate Seat“. thediplomat.com (англиски). Архивирано од изворникот на 6 мај 2020. Посетено на 26 март 2021.
- ↑ „A Kazakh politician with a pedigree unexpectedly loses her job“. The Economist. 7 мај 2020. ISSN 0013-0613. Посетено на 26 март 2021.
- ↑ „Нуртай Абыкаев, Дарига Назарбаева, Куаныш Султанов награждены орденом «Барыс» І степени“. 13 декември 2021. Посетено на 18 јуни 2022.
- ↑ „Даригу Назарбаеву наградили орденом «Барыс» II степени“. Архивирано од изворникот на 1 април 2018. Посетено на 18 јуни 2022.
- ↑ „Дочки-орденочки. Даригу Назарбаеву удостоили "Парасата"“. Архивирано од изворникот на 1 април 2018. Посетено на 18 јуни 2022.
- ↑ „Ирония судьбы или…C юбилеем!“. Архивирано од изворникот на 2 декември 2008. Посетено на 18 јуни 2022.
- ↑ „Дарига Назарбаева получила орден ко Дню Независимости“. 15 декември 2017. Посетено на 18 јуни 2022.
- ↑ „Дарига Назарбаева награждена французским Орденом искусств и литературы“. 10 април 2009. Посетено на 18 јуни 2022.
- ↑ У старшего сына Дариги Назарбаевой Нурали родилась дочь Лаура epraha
- ↑ „Внук Назарбаева заявил, что он — не внук, а сын“. EADaily. 23 јануари 2020. Посетено на 29 април 2020.
- ↑ „"Грязная игра". Новые заявления Айсултана Назарбаева и реакция властей“. RFE/RL, Inc. 14 февруари 2020. Посетено на 29 април 2020.
- ↑ „Grandson of Kazakhstan's first president Nazarbayev died in London“. TASS. Посетено на 16 август 2020.
- ↑ „Дарига Назарбаева высказалась о смерти Айсултана“. Liter.kz (руски). 16 август 2020. Посетено на 16 август 2020.
- ↑ „Kazakhstan: Presidential daughter getting Panama-ed at a tricky time“. Eurasianet (англиски). Посетено на 21 март 2019.
- ↑ 50,0 50,1 EDT, Damien Sharkov On 4/25/16 at 7:56 AM (25 април 2016). „Kazakhstan won't investigate #PanamaPaper links to the president's family“. Newsweek (англиски). Посетено на 21 март 2019.
- ↑ Haldevang, Max de. „The unsolved mystery of who owns Sherlock Holmes's original £130 million home“. Quartz (англиски). Посетено на 21 март 2019.
- ↑ „Unexplained Wealth Order focuses on London mansion“. BBC. 10 март 2010. Посетено на 30 април 2020.
- ↑ Milligan, Ellen (8 април 2020). „Family Wins Fight With U.K. Cops Over 'Billionaire Row' Home“. Bloomberg. Посетено на 30 април 2020.
- ↑ „Дарига Назарбаева — Forbes Казахстан“. www.forbes.kz/. Посетено на 21 март 2019.
- ↑ „Widowed opera singer daughter of 'Papa' - Kazakhstan's next president?“. Reuters (англиски). 20 март 2019. Архивирано од изворникот на 21 март 2019. Посетено на 21 март 2019.