Прејди на содржината

Дарвин (град)

Координати: 12°26′17″S 130°50′28″E / 12.43806° ЈГШ; 130.84111° ИГД / -12.43806; 130.84111
Од Википедија — слободната енциклопедија
Дарвин
Поглед кон Дарвин од Бејвју во 2015
Држава/територија Северна Територија
Координати12°26′17″S 130°50′28″E / 12.43806° ЈГШ; 130.84111° ИГД / -12.43806; 130.84111
Население147,255 (2019)[1] (15th)
 • Густинапомалку од 0,01/км2
Основан1869 година
Површина3.163,8 км2 [2] (2011 urban)
Часовен појасACST (UTC+9:30)
ГрадоначалникКатрина Фонг Лим
Местоположба
Самоуп. подрачјаДарвин, Палмерстон, Личфилд
ОкругПалмерстон Округ
Изб. единициПорт Дарвин и уште 14 други
Сој. единициСоломон
Сред. макс. темп. Сред. мин. темп. Год. врнежи
32.2 °C
23.4 °C
1811.7 мм

Дарвин (англиски: Darwin) е град во Австралија, главен град на Северната Територија. Со население од 127.500 жители (по пописот од 2010) Дарвин е најголем град во ретко населената Северна Територија, но најмал град меѓу главните градови од сојузните австралиски држави.

Градот бил обновуван двапати. Еднаш по јапонските воздушни напади за време на Втората светска војна и повторно по разорниот циклон Трејси во 1974 година.[7][8] По обновата, Дарвин се смета за еден од архитектонски најмодерните градови во Австралија.

Историја

[уреди | уреди извор]

Прв Британец кој стигнал во Дарвин Харбор бил Џон Лорт Стоукс, поручник на истражувачкиот брод Бигл, во 1839 година. Капетанот на бродот, командант Џон К. Викем, го нарекол заливот по Чарлс Дарвин, британскиот биолог кој заедно со нив патувал на претходната експедиција на Бигл.

5 февруари 1869 година, Генералниот гувернер на Јужна Австралија, Џорџ Гојдер на брегот на заливот Дарвин основал населба од 135 луѓе, која била наречена Палмерстон (во чест на британскиот премиер Виконтот Палмерстон).[9] Во 1897 година населбата била речиси целосно уништена од тропски циклон, во кој загинале 28 луѓе.[10]

На 1 јануари 1911 година, Северната Територија официјално била оддвоена од провинцијата Јужна Австралија. Власта на новата административна единица се смесила во градот кој бил повторно изграден по ураганот, кога и го добил официјалното име „Дарвин“. На 26 јануари 1959 година, на Денот на Австралија, на Дарвин официјално му бил доделен статус на град.[11]

Географија и клима

[уреди | уреди извор]
Улица Мичел

Дарвин се наоѓа на брегот на Тиморско Море. Градот е изграден на низок стрмен брег, спроти Дарвиновиот залив, околу кој се наоѓаат и заливите Френсис (на исток) и Кален (на запад). Поголемиот дел од градот е низок и рамен. Покрај брегот има плажи. Дарвин се наоѓа на 3137 км од Канбера, 656 км од Дили, 1818 км од Порт Морсби и 2700 км од Џакарта. Националниот парк Какаду се наоѓа на 171 км југоисточно од градот.

Климата во Дарвин се одликува како тропска, со одделни суви и влажни годишни времиња (сезони). Сувата сезона трае од април (мај) до октомври, која се одликува со топло сончево време, а просечната дневна влажност е околу 30%.[12] Дождовите во оваа сезона се исклучително ретки. Најстудените месеци се јуни и јули, и температурите може да се спуштат до 14 °C, а многу ретко - и малку пониско. Не е забележана појава на мраз. Дождовната сезона се одликува со монсуни и тропски циклони. Врнежите најчесто паѓаат меѓу декември и март. Во сезоната на дождови, нема дождови секој ден. Најтоплиот месец во годината е ноември. Просечните годишни врнежи се 1254 mm.[12]

Најголемата количина на врнежи во еден ден, која досега е измерена од локалната метеоролошка служба, имало на 16 февруари 2011 година кога паднале 367,6 мм дожд. Февруари 2011 година бил и највлажниот месец, со вкупни месечни врнежи од 1110,2 mm.

Население

[уреди | уреди извор]

Според податоците од 2016 година, бројот на жители во Дарвин изнесувал 145.916 луѓе. Прилично голем пораст на населението бил забележан во годините по Втората светска војна. Како и другите градови во Австралија, во 1960-тите и 70-тите, Дарвин доживеал бран на доселување од Европа, претежно Италијанци и Грци. Денес, во Дарвин се доселуваат претежно мигранти од земјите од Југоисточна Азија. Австралиските Абориџини исто така сочинуваат значителен дел од населението (8,7% според пописот од 2016 година).

38,3% од населението од Дарвин е родено вон Австралија (така на: Филипините - 4,8%, Англија - 3,1%, Нов Зеланд - 2,1%, Индија - 2%). Потеклото на населението е: англиско - 32,7%, ирско - 11,1%, шкотско - 8,8%, германско - 5%, филипинско - 4,8%, кинеско - 4,5%, грчко - 3,2%, индиско - 2,8%, италијанско - 2,6%.

Просечната возраст на населението е 33 години, што е помалку од националниот просек од 35 години. Најчестите јазици што ги зборува населението освен англискиот се: грчки, италијански, индонезиски, виетнамски и кантонски.

Економија

[уреди | уреди извор]

Двете основни гранки во економијата на Дарвин се рударството и туризмот. Во рудниците се ископува: злато, цинк, боксит, манган и други. Во близина на Дарвин во мерето има наоѓалишта на нафта и гас, а покрај тоа, во близина на градот има значителни наоѓалишта на ураниум. Во туризмот се вработени 8% од населението од Дарвин и веројатно оваа бројка ќе продолжи да расте. Исто така во близина на Дарвин се наоѓа воен контингент, кој исто така вработува многу луѓе.

Важноста на Дарвин како пристаниште веројатно ќе расте заедно со зголемувањето на ископувањето на нафта од Тиморското Море, воспоставувањето на железнички врски и позасилената трговија со азиските земји.

Транспорт

[уреди | уреди извор]
Аеродромот во Дарвин навечер

Меѓународниот аеродром Дарвин кој се наоѓа на 13 километри од градот, е рангиран на десеттото место на листата на најпрометни аеродроми во Австралија. На аеродромот се сместени цивилната авијација и Кралските австралиски воздухопловни сили (РААФ).

Железничката врска од Алис Спрингс до Дарвин била завршена во 2003 година, по што градот се поврзал со Аделаида. Железничкиот сообраќај започнал да се одвива во 2004 година. Возот Ган сообраќа од Аделаида до Дарвин 2 или 3 пати неделно, во зависност од сезоната. Дарвин нема патнички железнички услуги. Автопатот Стјуарт го поврзува Дарвин со градот Порт Аугуста, и го поминува целиот континент од север до југ и има должина од 2.834 км.

Збратимени градови

[уреди | уреди извор]

Надворешни Врски

[уреди | уреди извор]
  1. „Regional population, 2018-19 financial year“. abs.gov.au. Australian Bureau of Statistics. 25 March 2020. Посетено на 3 February 2021.
  2. „2011 Census Community Profiles: Greater Darwin“. ABS Census. Australian Bureau of Statistics. Архивирано од изворникот на 2018-04-03. Посетено на 15 September 2016.
  3. „Great Circle Distance between Darwin and Adelaide“. Geoscience Australia. March 2004.
  4. „Great Circle Distance between DARWIN and PERTH“. Geoscience Australia. March 2004.
  5. „Great Circle Distance between Darwin and Brisbane“. Geoscience Australia. March 2004.
  6. „Great Circle Distance between Carins and Darwin“. Geoscience Australia. Посетено на 27 January 2016.
  7. „A brief history of Darwin“. Darwin City Council. Архивирано од изворникот на 28 March 2009. Посетено на 29 December 2008.
  8. „Darwin (Northern Territory, Australia)“. Encyclopædia Britannica. Посетено на 13 August 2009.
  9. Ling, Ted. Commonwealth Government Records about the Northern Territory (PDF). National Archives of Australia. стр. 6. ISBN 9781920807870. Архивирано од изворникот (PDF) на 9 March 2016. Посетено на 26 June 2016.
  10. Владимир Большаков. Санта-Клаус не прорвался в Дарвин[мртва врска] // Вокруг света, 1977, № 2.
  11. „Australia Day (Darwin)“. Архивирано од изворникот на 11 February 2006. Посетено на 11 February 2006.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link). australiadaynt.com.au
  12. 12,0 12,1 „Darwin Airport“. Bureau of Meteorology. Посетено на 14 August 2018.