Данска секира

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Реплика на Данска секира.

Данската секира е борбена секира, најмногу користена помеѓу времето на викиншката ера и раниот среден век. Други имиња за оружјето вклучуваат англиска долга секира и обелена секира.

Историја[уреди | уреди извор]

Данска секира на таписеријата од Бајеа

Во текот на 10-11 век, данската секира стекнала популарност во областите надвор од Скандинавија кај што имало силно влијание на Викинзите, како што се Англија, Ирска и Нормандија. Историските извештаи ја опишуваат данската секира како оружје на воената елита во овој период, како што се Хаскарлите од англосаксонска Англија. Во таписеријата од Бајеа, визуелен запис за искачување на Вилијам I на престолот во Англија, секирата е скоро исклучиво управувана од добро оружените хаскарли. Овие хаскарли биле основните телохранители на кралот Харолд во битката кај Хестингс. Данска секира, можда и на кралот Едвард, е понудена на Харолд пред да биде крунисан.[1] Таписеријата кај Бајеа исто така прикажува хаскарл кој со еден удар ја расцепува главата на еден нормански коњ.[2] Познато е дека секирата исто била користена од Варјашката гарда. Една преживеана плоча од слонова коска од Цариград од 10 век прикажува телохранител од Варјашката гарда како држи секира која е висока колку него. 

Иако името го задржува скандинавското наследство, данската секира станала широко користена низ цела Европа од 12 век, бидејќи секирите добиле прифаќање како оружје за витези, иако не го достигнаа статус како на меч.[3] Тие, исто така, започнаа да се користат широко како оружје за пешадија, со издолжена дршка од околу 1.8 метри.[4][5] Во 13 и 14 век, исто така, се забележани промени во обликот, при што сечилото исто било издолжено. Оваа издолжена варијанта во Англија била нарекувана спарт. Се смета дека ова оружје е предок на хелебардата.[6]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Bayeux Tapestry image“. bayeuxtapesty.org.uk. Посетено на 2017-11-10.
  2. „Bayeux Tapestry image“. Cache-media.britannica.com. Посетено на 2013-10-22.
  3. Edge, David; John Miles Paddock (1988). Arms and Armour of the Medieval Knight. London: Defoe. стр. 31–32. ISBN 1-870981-00-6.
  4. See, for example, the illustrations in the Maciejowski Bible
  5. „The Morgan Library & Museum Online Exhibitions - The Morgan Picture Bible“. Themorgan.org. Посетено на 2012-08-20.
  6. Oakeshott, Ewart (1980). European Weapons and Armour. Lutterworth Press. стр. 47. ISBN 0-7188-2126-2.

Литература[уреди | уреди извор]