Данко Грлиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Данко Грлиќ
'
Роден(а)18 септември 1923
Грачаница, Босна и Херцеговина
Починал(а)1 март 1984
Загреб, Хрватска
Периодво 20 - век
ПодрачјеЗападноевропска филозофија
Школамарксизам, марксистички хуманизам
Претежна дејност
естетика, етика, политика

Данко Грлиќ (18 септември 19231 март 1984) бил марксистички хуманист, припадник на Праксис школата во бивша Југославија.

Живот[уреди | уреди извор]

Грлиќ е роден во Грачаница, БИХ, но веќе во 1931 година, заедно со неговото семејство се преселува во Загреб. За време на Втората светска војна тој се приклучил на анти-фашистичката борба во партизани. Данко Грлиќ ценеше слободата и бистина над сите ствари, па поради своите либерални гледанја имаше големи проблеми со околината, често пати тоа заврши многу лошо за него. Поради Информбиро тој отслужи три месеци на Голи Оток во 1948 година. Всушност, поентата е дека ниту Данко не ја прифаќал резолуцијата, но за еден дел од нејзе и он мислеше дека е вистина, и то онај дел каде што се зборува дека нема доволно демократија во партијата.[1] По враќањето од Голи Оток Данко мораше да ги прифаћа сите работи само за да преживе; преведува, пишува, дури и под лажно име. И денес се врти приказната дека он га напишал еден од есеи за книга на Фрањо Туѓман Бојна против војната.[2][3]

Од 1950 до 1955 студира филозофија на Универзитетот во Загреб. Во 1959 ја прифаќа понудата на Мирослав Крлежа да работи во Југословенскиот лексикографски завод. Во 1965 е помеѓу основачите на списанието „Праксис“ [4]и влегува во неговата редакција. Од 1966 до 1968 ја врши функцијата претседател на Хрватското филозофско друштво. Во 1969 докторира со дисертацијата „Темелната мисла на Фридрих Ниче“.

Грлиќ ја почнува својата академска кариера во 1962, предавајќи естетика на Уметничката Академија во Загреб. Таму предава до 1968, кога му е забрането да предава на оваа институција. Својата академска кариера ја продолжува во 1971, кога е избран за професор на Белградскиот универзитет, каде предава до 1974, кога се префрла на Филозофскиот факултет во Загреб. На овој факултет е шеф на катедрата по естетика до својата смрт во 1984 година.

Во 1988 се објавени неговите „Собрани дела“ во четири тома, а во 1989 во Загреб е објавен е зборник на трудови во негова чест насловен „Уметноста и револуцијата“.

Творештво[уреди | уреди извор]

Во своите дела Грлиќ застапува критичко-марксистички позиции типични за целата Праксис школа. По Маркс, автор кого Грлиќ најмногу го цени е Фридрих Ниче. Во однос на Ниче Грлиќ аргументира во насока на надминување на неговиот негативен имиџ во марксистичките кругови, тврдејќи дека нацистичката верзија на ничеовите мисли не е суштината на неговото творештво.

Главниот научен интерес на Грлиќ е естетиката. Тој е автор на четири-томна студија за естетиката, објавена во периодот 1974-1979.

Други дела на Грлиќ се:

  • „Речник на филозофи“ (1968)
  • „Contra dogmaticos“ (1971)
  • „Фридрих Ниче“ (1981)
  • „Предизвикот на негативното: кон естетиката на Теодор Адорно“ (постхумно, 1986)

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]