Дани Освалдо
| Дани Освалдо | |||
|---|---|---|---|
|
| |||
| Лични податоци | |||
| Роден на | 12 јануари 1986 | ||
| Роден во | Буенос Аирес, Аргентина | ||
| Држава |
| ||
| Висина | 1,82 м | ||
| Играчки податоци | |||
| Позиција | напад | ||
| Повлекување | 2020 | ||
| Кариера* | |||
| Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
| 2005 |
| 33 | (11) |
| 2006 |
| 3 | (1) |
| 2006-2007 |
| 31 | (8) |
| 2007-2009 |
| 21 | (5) |
| 2009-2010 |
| 25 | (3) |
| 2010-2011 |
| 44 | (20) |
| 2011-2013 |
| 53 | (27) |
| 2013-2015 |
| 13 | (3) |
| 2014 |
→ | 11 | (1) |
| 2014-2015 |
→ | 12 | (5) |
| 2015 |
→ | 11 | (3) |
| 2015-2016 |
| 7 | (1) |
| 2016 |
| 3 | (0) |
| 2020 |
| 2 | (0) |
| Репрезентација | |||
| 2011-2014 |
| 14 | (4) |
Пабло Даниел Освалдо (роден на 12 јануари 1986) — аргентинско-италијански поранешен фудбалер, напаѓач.
Клупска кариера
[уреди | уреди извор]Рана кариера
[уреди | уреди извор]
Освалдо го направил своето професионално фудбалско деби во аргентинската 2 дивизија за Уракан во 2005 година. По помалку од една година тој бил ангажиран од страна на италијанската екипа Аталанта, каде што одиграл само три натпревари и постигнал еден единствен погодок во сезоната 2005-06 во Серија Б. Во 2006 Аталанта се согласила на ко-сопственост договор да го испрати играчот во Лече, друг Серија Б тим, каде Освалдо имал можност да игра редовно, постигнувајќи осум гола во 31 настапи со Џалоросите. По една таква прилично импресивна сезона, Аталанта го вратила играчот и го продала на Фјорентина за 4.600.000 €. Тој го одиграл својот прв натпревар во Серија А на 29 септември 2007 година, постигнувајќи два гола во победата како гост со 3-0 над Ливорно.
Тој ја напуштил Фиорентина на 20 јануари 2009 година и и се приклучил на Болоња на заем за 2.000.000 €. На крајот на сезоната Болоња го купила него за дополнителни 5 милиони € потпишувајчи го Освалдо на 4-годишен договор. На 23 август 2009 Освалдо го постигнал првиот гол за Болоња оваа сезона против неговиот поранешен клуб Фјорентина и му донел на својот тим израмнување.
Еспањол
[уреди | уреди извор]На 10 јануари 2010, Освалдо се преселил во Шпанија потпишувајќи за Еспањол. За сезона и половина тој одиграл 44 првенствени натпревари и постигнал точно 20 гола.
Рома
[уреди | уреди извор]По успешната втора сезона со Еспањол, каде Освалдо постигнал повеќе од еден гол на секој втор натпревар, тој бил продаден на Рома за сума до € 17.500.000 на 25 август 2011. На 22 септември 2011, тој го постигнал својот прв гол за Рома, во натпреварот што завршил 1-1 со Сиена.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Луѓе од Буенос Аирес
- Италијански фудбалери
- Фудбалери на ФК Аталанта
- Фудбалери на ФК Фјорентина
- Фудбалери на ФК Лече
- Фудбалери на ФК Болоња
- Фудбалери на ФК Рома
- Фудбалери на ФК Саутхемптон
- Фудбалери на ФК Јувентус
- Фудбалери на ФК Интер
- Фудбалери на ФК Бока Хуниорс
- Фудбалери на ФК Порто
- Фудбалери на ФК Банфилд
- Фудбалери во Серија А
- Аргентински фудбалери
- Родени во 1986 година