Данијела Костадиновиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Данијела Костадиновиќ
Занимањекнижевен историчар, книжевен критичар, паремиолог, преведувач, професор

Данијела Костадиновиќ (српски: Данијела Костадиновић; Лесковац, 29 април 1973) — српски книжевен историчар и теоретичар, книжевен критичар, паремиолог, преведувач и професор на Универзитетот во Ниш.

Биографија[уреди | уреди извор]

Основно училиште и Гимназија завршила во Лесковац. Завршила студии по книжевност во 1996. година на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Ниш, насока Српскохрватски јазик и југословенски книжевности. Магистрирала во 2003. година на Филолошкиот факултет во Белград под менторство на проф. др Слободан Ж. Марковиќ. Докторирала во 2014 година на Филилошкиот факултет при Универзитетот во Белград под менторство на проф. др Радивоје Микиќ.

Почнала да работи На Филозофскиот факултет при Универзитетот во Ниш на 30 септември 1998 година како асистент-приправник на предметите Хрватска и Македонска книжевност. Со звање асистент се стекнува во 2004. година, потоа со звање доцент во 2014. година, а за  вонреден професор  е избрана 2019. година  за потесна научна област Српска и компаративна книжевност (Споредбено проучување на јужнословенските книжевности и Книжевност за деца) на Филозофскиот факултет во Ниш.

Главен и одговорен уредник е на списанието “Наше стварање“ Лесковац, член на редакцијата на списанието  Спектар (Македонија), член на редакцијата на меѓународното списание Вестник Московского государственного областного университета. Серия: Философские науки, член на меѓународниот научен и уредувачки одбор на меѓународната научна конференција „Филко“ – филологија, култура, образование (Штип, Македонија / Вороњеж, Руска федерација). Била член на Програмскиот одбор на меѓународниот научен собир Материјалната и духовна култура на Србите во мултиетничките средини и-или периферните области (Западен Универзитет во Темишвар/ Филозофски факултет во Ниш), член на Програмскиот одбор на меѓународниот научен собир Емоциите во културата на Србите и Бугарите и Музиката во културата на Србите и Бугарите (Филозофски факултет во Ниш/ Филолошки факултет во Велико Трново), член на уредувачкиот одбор на списанието „Исходишта 4“ и „Исходишта 5“.

Член е на Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“ (Македонија), член на Друштвото на книшевници и книжевни преведувачи во Ниш, член на Czech-Slovak Comparative Association, член на International Comparative Association ACLA/ICLA.

Била член на жирито на Медијана, фестивал за детско творештво и творештво за деца, член и претседател на жирито (2006) за доделување на наградата Бранко Миљковиќ“, што ја доделува Град Ниш за најдобра поетска книга, член на жирито за наградата на Град Ниш „Чудни зец“ за најдобра книга за деца и млади (2016), член на жирито за наградата на Град Ниш „Малени цвет“ за книжевност за деца и млади (2017), член на жирито за наградата „Рамонда сербика“ за севкупно повеќегодишно творештво на домашен автор кој оставил посебен печат во историјата на современата српска книжевност (2020).   Има учествувано како истражувач на проектите: Книжевниот живот на југот и југоистокот на Србија во XIX и XX век и Народна книжевност, реализирани во Центарот за научни истражувања САНУ и Универзитетот во Ниш под раководство на академикот Мирослав Пантиќ од 1998. до 2005. година; Книжевност и историја (148025 ДМНСЖРС) од 2006. до 2010. година под раководство на проф. др Мирољуб Стојановиќ.

Од 2018. година е ангажирана како истражувач на проектите Јазичното и книжевно минато и сегашност на просторот на југоисточна Србија, Департман за србистика, Филозофски факултета во Ниш), под раководство на проф.др Надежда Јовиќ, Книжевното минато и сегашност на просторот на југоисточна Србија (Огранак САНУ Ниш), под раководство на проф.др Горана Максимовиќ и Говорниот и стандардниот јазик во јавната комуникација во Ниш (Огранак САНУ Ниш), под раководство на проф. др Марина Јаниќ.

Има учествивано на повеќе од 50 меѓународни и национални научни собири, во земјата и странство, од областа на науката за книжевност.

Живее во Ниш.

Книги студии[уреди | уреди извор]

Приредени изданија[уреди | уреди извор]

Интервјуа[уреди | уреди извор]

  • Македонскиот јазик ме освои со убавина и мелодичност, Македонска виделина, бр. 70 (2016), Београд. Разговорот го видеше Благоје Илијески,
  • Чудесната и неразбирлива слика на светот под Старом планином, Градина, бр. 91(2019), Ниш, стр. 143−148. Разговорот го водеше Каја Панчиќ Миленковиќ,
  • Политичкиот модел на магични реализам на Живко Чинго, Виделина, Год. XIII, Бр. 167  (2020), Панчево, стр. 20−23. Разговорот го водеше Каја Панчиќ Миленковиќ,
  • 35 години Катедра за македонски јазик на Филозофскиот факултет – Ниш, Виделина, Год. XIV, Бр. 172 (2021), Панчево, стр. 21−24. Разговорот го водеше Благоја Илијевски,
  • Во чест на заљубениците во Стара планина, Политика, 26. јул (2021), Београд, стр. 12. Разговорот го водеше Марина Вукичевиќ.

Награди[уреди | уреди извор]

  • Награда „Вељко Видаковић” за културен придонес во градот Ниш (2002)
  • Меѓународна награда „Гоцева мисла“ за афирмација на македонската книжевност во странство (2014)
  • Награда „Светосавски печат” за посебна книга како исклучителен авторски и издавачки потфат на XI Светосавски саем на книга во Ниш (2015) за антологијата  Од копнежот до еросот во издание на Нишкиот културен центар (2014)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]