Даниел Нарсис

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Даниел Нарцис)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Даниел Нарсис
Daniel Narcisse 2 20160602.jpg
Даниел Нарсис
Лични податоци
Роден(а) 16 декември 1979 (1979-12-16) (40 г.)
Сен Дени, Реинион, Франција
Националност Французин
Спорт Handball pictogram.svg Ракомет
Висина &100000000000001890000001,89 м
Позиција среден бек
Клупски податоци
Тековен клуб Париз
Број 25
Сениорски клубови
1998–2004
2004–2007
2007–2009
2009–2013
2013–2018
РК Шамбери
ВФЛ Гумерсбах
РК Шамбери
ТХВ Кил
Париз Сен-Жермен
Репрезентација
2000–2017 Франција Франција

Даниел Нарсис (роден на 16 декември 1979 година во Сен Дени де Ла Реинион — поранешен франциски ракометар, француски интернационалец од 2000 до 2017 година[1][2]. Тој е двоен олимписки шампион, четирикратен светски шампион и троен европски шампион, еден од најнаградуваните ракометари со девет меѓународни титули. Тој игра на позиција полуцентар. Нарсис е оженет и има две деца.

Во 2012 година, поради својата исклучителна година и во францускиот тим (олимписка титула) и во клубот (Лига на шампиони, германски шампион и германски куп), бил избран за најдобар ракометар на 2012 година од Меѓународната ракометна федерација.

Животопис[уреди | уреди извор]

Клубска кариера[уреди | уреди извор]

Шамбери[уреди | уреди извор]

Даниел Нарсис своите почетоци со ракометот ги направил на својот роден остров Реинион, во клубовите на Чадрон, потоа во „Жоинвиле Спортс“ со кој го освоил францускиот регионален куп.

Нарсис бил забележан од Даниел Костантини при гостувањето на францускиот тим во 1997 година[3], по кое веќе следната 1998 година се приклучил на РК Шамбери. Покрај двата други перспективни млади играчи, браќата Гијом Жил и Бертранд Жил, тој брзо се поставил како сигурен облог на вториот најдобар француски клуб во моментот. Така во 2001 година станал шампион на франција а следната 2002 година победил со својот тим во купот на Франција. Нарсис бил избран за најдобар лев бек во првенството во 2001, 2002 и 2003 година, пред да биде детронизиран во 2004 година од страна на Никола Карабатиќ.

Гумерсбах[уреди | уреди извор]

Во 2004 година, тој решил да потпише тригодишен договор во „ВфЛ Гумерсбах“ каде веќе настапувале уште двајца негови сонародници, Франсоа-Ксавиер Хулт и Седрик Бурдет. Во најпрестижното првенство, „убавиот и мирен“ Нарсис станал еманципиран и се повеќе ја преземал улогата на лидер на тимот и на тој начин го добил прекарот „Ер Франс“. И покрај тоа, и покрај третото место на шампионатот во 2006 година и две полуфиналиња на Купот на ЕХФ во 2005 и 2006 година, германскиот клуб се борел да се искачи во германската и европската хиерархија.

Шамбери[уреди | уреди извор]

Во јуни 2006 година, Даниел објавил дека е убеден во новиот проект „Хамбери Савои“ со кој потпишал 5-годишен договор од сезоната 2007/2008[4]. Но, клаузулата во првичниот договор потпишан со келнскиот клуб предвидувал премолчено обновување на договорот за уште една дополнителна сезона, клаузула која ја изнел Франсоа-Ксавиер Хулт, кој станал управител на Гумербах. Така Нарсис во тимот останал уште една сезона. Конечно, во јули 2007 година[5], Европската ракометна федерација ги подржала аргументите на францускиот клуб и Даниел Нарсис го напуштил Гумерсбах и потпишал нов договор со својот поранешен клуб Шамбери..

Но, амбициите на клубот да стане француски првак не се исполниле поради посилниот РК Монпелје. Нарсис бил избран за најдобар лев бек на француското првенство во 2008 и 2009 година[6], и најдобар играч во 2009 година година. Но по повлекувањето на главниот спонзор, клубот имал потреба од пари[7], а од друга страна Монпелје дополнително се засилил со потпишување на договори со Никола Карабатиќ и Вид Кавтичник. Нарсис увидувајќи дека неговиот клуб повеќе не може да си дозволи повеќе од тоа, изјавил: „Убеден сум дека исто така беше време да си побарам нов клуб. Ние направивме чекор назад. Економскиот контекст, исто така, го отежнуваше нашиот замислен пат. Чекав да видам што ќе се случи во сезоната. Проектот заостануваше[8].

Кил[уреди | уреди извор]

Нарсис во дресот на Кил во финалето од Лигата на шампионите во 2012 година

Даниел Нарсис избраL да се приклучи на германскиот клуб ТХВ Кил во летото 2009 година со цел да ја освои Лигата на шампионите, титула што Шамбери не можел да си ја дозволи. Во својата прва сезона, повеќе од осум години по неговиот последен клупски трофеј (Лига Купот во 2002 година), Нарсис го збогатил својот учинок со титулата шампион на Германија и пред сè успеал да ја освои Лигата на шампионите. Откако го поразиле на Рајн-Некар Левен во четвртфиналето, Нарсис и „Зебрите“ учествувале во првото финале четири во историјата на Лигата на шампионите. Наспроти полуфиналето на Сиудад Реал, шпанскиот носител на титулата доминирал во мечот 50 минути, натпревар кој бил следен од страна на 20.000 гледачи на „Ланксес арената“ во Келн. но благодариени на играта во последните 10 минути, Кил победил со резултат од 29-27[9]. Финалето против РК Барселона исто така било тешко за германскиот тим, кој до 41 минута губел со резултат 19-25. Но Кил, благодарение особено на Нарсис, ја вртил плимата за водство со три гола (33-30 во 56. минута) и конечно победил со 36:34[10].

Сезоната 2010-2011 била „најтешка“ за Нарсис[11] со оглед на тоа што Нарсис претрпел тешка повреда на лигаментите на коленото за време на подготвителниот натпревар во август. Враќањето на теренот осум месеци подоцна и едно истегнување го лишил на Нарсис од четвртфиналниот втор натпревар од Лигата на шампионите против Барселона. Кил истата сезона не станал германски првак, туку победил во Купот на Германија, спасувајќи ја сезоната.

Сезоната 2011/2012 година станала посебна за Кил и Нарсис, бидејќи клубот ги освоил сите натпреварувања во кои учествувал: германскиот Суперкуп и Светското клубско првенство на почетокот од сезоната, потоа Шампионатот, германскиот куп и втората титула во Лигата на шампиони. Во 2012 година, Франција со Н арцис станала олимписки првак, а тој бил избран за најдобар ракометар на 2012 година од страна на Меѓународната ракометна федерација[12]. На 8 јануари 2013 година, бил објавен неговиот потпис за Париз Сен-Жермен.

Тој сепак ја завршил сезоната 2012-2013 со Кил, со кого повторно ја освоил Бундеслигата и германскиот куп, но Кил бил поразен во полуфиналето на Лигата на шампионите од ХСВ Хамбург.

ПСЖ[уреди | уреди извор]

Даниел Нарсис го крева трофејот за освоеното првенство во Франција 2017-2018 година.
Нарсис кренат од своите играчи по крајот на неговиот последен натпревар на 31 мај 2018 година

Додека ПСЖ штотуку го освоил францускиот шампионат во првата сезона од доаѓањето на новиот катарски сопственик, првата сезона на Даниел Нарсис во клубот не била толку добра бидејќи Денкерк го освоил францускиот шампионат а ПСЖ бил елиминиран во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Клубот сепак го освоил својот втор куп, благодарение особено на голот на Нарсис во последните секунди во четвртфиналето против Монпелје[13].

За сезоната 2014-2015, клубот започнал со својата прва победа во „Трофејот на шампионите“, но Лига купот бил освоен од ХБЦ Нант. Од друга страна, ПСЖ повторно бил победник во купот на Франција и без проблеми ја освоил својата втора титула шампион на Франција, четиринаесет години по првата титула. Во Лигата на шампионите, Париз повторно не успеал да го постигне посакуваниот успех, бидејќи во четвртфиналето бил елиминиран од страна на РК Веспрем.

Даниел Нарсис станал капитен на екипата која се засилила со последователните пристигнувања на Тијери Омејер (2014), Лука и Никола Карабатиќ (2015), Уве Генсхајмер (2016), и Сандер Сагосен (2017), на чело со искусниот тренер Звонимир Сердарушиќ. Во текот на сезоната 2015-2016, Нарсис и Парижаните ја задржиле титулата шампион на Франција и стигнале за првпат на ФајналФор турнирот од Лигата на шампионите, но биле поразени во полуфиналето од Килце, кој станал победник во финалето. Од друга страна, Монпелје победил во финалето на Лига Купот, а потоа и во Купот на Франција. Како индивидуа, Даниел Нарсис бил прогласен за втора сезона по ред меѓу трите најдобри полу-центри во францускиот шампионат.

Сезоната 2016-2017 започнала со Светското клубско првенство, но откако ПСЖ се одмаздил на Келце за поразот од полуфиналето во ЛШ, благодарение особено на 8-те голови на Нарсис, ПСЖ се соочиле против Фихсе Берлин, кој ја задржл својата титула на изненадување на сите. Клубот конечно го освоил својот прв Лига Куп и стигнал до финалето во Лигата на шампионите. И покрај 4-те гола на Нарсис, ПСЖ бил поразен во последната секунда од страна на РК Вардар.

Откако го продолжил договорот до 2018 година и потоа го објавил своето меѓународното пензионирање, Даниел Нарсис во април 2018 година потврдил дека ја прекинува својата кариера на крајот на сезоната 2017-2018 година[14].

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Даниел Нарсис бил еден од клучните фактори, заедно со Микаел Гигу, во одржувањето на резултатот против Хрватска во првото полувреме од финалето на Светското првенство во 2009 година (во Хрватска), постигнувајќи четири гола во низа. Во истото финале, тој бил автор на последниот гол за конечна победа за Франција со 24-19. Со францускиот тим од 2000 година, тој станал двоен олимписки шампион (2008 и 2012), четирикратен светски шампион (2001, 2009, 2015 и 2017) и троен европски шампион (2006, 2010 и 2014 година).

Во 2016 година, на Олимписките игри во Рио, тој ја квалификувал Франција во финалето постигнувајќи го последниот решавачки гол на 29-28 против Германија во полуфиналето. Нарсис загубиле во финалето против Данска и затоа морале да се задоволат со сребрен медал.

Тој ја освоил својата четврта светска титула на Светското првенство во 2017 година во Франција, натпревар по чиј крај Нарсис решил да стави крај на својата меѓународна кариера21.

Нарсис, заедно со Тијери Омејер, го одиграл својот последен натпревар на 6 мај 2017 година против Норвешка за време на квалификацискиот натпревар за ЕП 2018.

Награди[уреди | уреди извор]

Франција[уреди | уреди извор]

податоци
Olympic rings without rims.svg Олимписки игри
Светско првенство
Европско првенство

Во клубот[уреди | уреди извор]

Меѓународни натпревари
  • Победник во Лигата на шампиони (2) : 2010, 2012
    • Финалист во во Лигата на шампиони (1): 2007
  • Победник на Светското клубско првенство (1) : 2011
Национални натпревари
  • Победник во националната француска ракометна лига (5) : 2001 (со Шембери), 2015, 2016, 2017, 2018 (со ПСЖ)
    • Вице-шампион во националната француска ракометна лига 1999, 2000, 2002, 2003, 2008, 2009, 2014
  • Победник во Францускиот куп (3) : 2014, 2015, 2018
  • Победник на Купот на Лигата (3): 2002, 2017, 2018 година
    • Финалист во 2016 година
  • Победник во Трофејот на шампиони (3): 2014, 2015, 2016 година
  • Победник во германското првенство (3): 2010, 2012 и 2013 година
    • Вице-шампион во 2011 година
  • Победник во Купот на Германија (3): 2011, 2012 и 2013 година
  • Победник на германскиот Суперкуп (1): 2013 година

Индивидуални[уреди | уреди извор]

  • Прогласен за најдобар светски ракометар на годината во 2012 година
  • Витез на националниот поредок за заслуги во 2001 година[15]
  • Витез на легијата на честа во 2008 година
  • Прогласен за најдобар лев бек на Олимпијадата во 2008 година[16][17]
  • Прогласен за најдобар лев бек на Европското првенство во 2008 година
  • Прогласен за најдобар играч во француското првенство (2): 2002, 2009 година
  • Прогласен за најдобар лев бек во францускиот шампионат (5): 2001, 2002, 2003, 2008, 2009 година

Статистика[уреди | уреди извор]

Statistiques en club depuis 2004
Сезона Клуб Шампионат Куп 1[NB 1] Куп 2[NB 2] суперкуп[NB 3] Лига на шампиони Суперкуп Вкупно
Натпревари Голови од игра од 7 метри Натпревари Голови од игра од 7 метри Натпревари Голови од игра од 7 метри Натпревари Голови од игра од 7 метри Натпревари Голови од игра од 7 метри Натпревари Голови од игра од 7 метри Натпревари Голови од игра од 7 метри
2004-2005  Германија ВфЛ Гумерсбах ? ? ? ? ? ? ? ? ? ? ? ? ? ? ? ? ? ? ? ? 34 182 181 1
2005-2006 ? ? ? ? ? ? ? ? ? ? ? ? ? ? ? ? 6 44 ? ? 34 177 177 0
2006-2007 ? ? ? ? ? ? ? ? ? ? ? ? ? ? ? ? 10 60 ? ? 27 154 151 3
Вкупно ? ? ? ? ? ? ? ? ? ? ? ? ? ? ? ? ? ? ? ? 95 513 509 4
2007-2008  Франција РК Шембери 21 101 95 6 ? ? ? ? ? ? ? ? Н/П 6 28 ? ? 21 101 95 6
2008-2009 26 121 118 3 ? ? ? ? ? ? ? ? Н/П 9 52 ? ? 26 121 118 3
Вкупно 47 222 213 9 ? ? ? ? ? ? ? ? Н/П 15 80 ? ? 47 222 213 9
2009-2010  Германија ТХВ Кил 24 82 82 0 2 10 10 0 - - - - ? ? ? ? 12 41 41 0 38 133 133 0
2010-2011 9 17 17 0 1 2 2 0 4 3 3 0 55 97 ? ? 3 3 3 0 17 25 25 0
2011-2012 32 85 85 0 6 15 15 0 - - - - 21 33 ? ? 16 43 43 0 54 143 143 0
2012-2013 28 79 79 0 4 18 18 0 5 2 2 0 ? ? ? ? 15 38 38 0 52 137 137 0
Вкупно 93 263 263 0 13 45 45 0 9 5 5 0 ? ? ? ? 46 125 125 0 161 438 438 0
2013-2014  Франција ПСЖ 24 69 69 0 1 5 5 0 Н/П 13 36 38 110
2014-2015 26 69 69 0 1 2 2 0 2 10 10 0 14 33 43 114
2015-2016 25 89 87 2 3 18 18 0 2 7 7 0 18 54 48 168
2016-2017 23 55 55 0 4 2 2 0 2 4 4 0 20 32 3 13 49 93
2017-2018 22 27 27 0 3 4 4 0 2 2 2 0 15 13 41 42
Вкупно 120 309 305 2 12 31 31 0 8 23 23 0 80 168 3 13 223 544

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „2015 World Championship Roster“ (PDF). IHF. Архивирано од изворникот (PDF) на 18 December 2014. Посетено на 15 January 2015.
  2. Daniel Narcisse Archived 2012-11-06 at the Wayback Machine. sports-reference.com
  3. books.google.fr
  4. www.handzone.net
  5. www.handzone.net
  6. www.handzone.net
  7. [Laurent Moisset, « Daniel Narcisse vers la Bundesliga », L'Équipe,‎ 19 août 2009 (lire en ligne [archive], consulté le 10 janvier 2018)]
  8. « Daniel Narcisse quitte Chambéry pour Kiel » [archive, sur RTL.fr [archive], 25 août 2009 (consulté le 10 janvier 2018)}
  9. « Ligue des champions 2009/10, demi-finale : Kiel arrache la finale » [archive], sur handzone.net [archive], 29 mai 2010 (consulté le 10 janvier 2018)
  10. « Ligue des champions 2009/10, finale : Kiel rompt le signe ibère » [archive], sur handzone.net [archive], 30 mai 2010 (consulté le 10 janvier 2018)
  11. « "La saison la plus difficile” » [archive], sur clicanoo.re [archive], 6 mai 2011 (consulté le 12 janvier 2018)
  12. «Daniel Narcisse sur le toit du monde... et de Paris » [archive], sur handzone.net [archive], 8 janvier 2013 (consulté le 2 février 2018)
  13. « Narcisse délivre le PSG contre Montpellier en Coupe de France » [archive], sur L’Express.fr [archive], 2 mars 2014 (consulté le 2 février 2018)
  14. « Daniel Narcisse dit stop » [archive], sur HandNews [archive] , 11 avril 2018 (consulté le 12 avril 2018) ]
  15. « Décret du 14 mars 2001 portant nomination » [archive], Journal officiel n°63 du 15 mars 2001 (consulté le 12 avril 2013)
  16. « Décret du 14 ноември 2008 portant promotion et nomination » [archive], Journal officiel du 15 ноември 2008 (consulté le 12 avril 2013)
  17. « Daniel Narcisse fait chevalier de la légion d'honneur » [archive], sur ledauphine.com [archive], 4 juin 2012 (consulté le 12 avril 2013)
  1. Coupes de France ou d'Allemagne
  2. Coupe de la Ligue (France) ou, n'ayant pas d'équivalent en Allemagne, la Coupe du monde des clubs
  3. Trophée des Champions (France) ou Supercoupe d'Allemagne