Даниел Малдини

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Даниел Малдини
Лични податоци
Полно име Даниел Малдини
Роден на 11 октомври 2001 (2001-10-11) (19 г.)[1]
Роден во Милано, Италија
Висина &100000000000001870000001,87 м
Позиција среден ред
напад
Клупски податоци
Сегашен клуб Милан
Број 27
Младинска кариера
2010– Милан
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2020– Милан Милан 2 (0)
Репрезентација
2019 Италија 18 2 (0)
2019– Италија 19 2 (0)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 20
52, 1 август 2020 (UTC).

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 14 август 2019

Даниел Малдини (роден на 11 октомври 2001 година во Милано, Италија) — италијански фудбалер кој настапува за екипата на ФК Милан на позиција среден ред.

Рани години[уреди | уреди извор]

Малдини е роден во Милано, како втор син Паоло Малдини и Адријана Фоса, модел од Венецуела[2]. Неговиот дедо Чезаре исто така бил капитен на Милан во 60-тите години на минатиот век како и неговиот татко. Неговиот постар брат Кристијан настапувал за младинските екипи на Милан и продолжил да игра професионално на пониско ниво.

Даниел се приклучил на младинскиот систем на Милан во 2010 година[3], и во текот на следните години поминал низ различните тимови по возрасни групи, од Пулчини до 10 години до Примавера до 19 години. Во сезоната 2016-17, тој бил дел од составот што го освоил Националното првенство за играчи до 16 години (Кампионато Национале до 16 години), победувајќи ја Рома со 5-2 во финалето[4] .

На 21 март 2020 година било потврдено дека Даниел и неговиот татко биле позитивни на КОВИД-19, во услови на пандемија во Италија[5]. До 8 април, тој и неговиот татко се опоравиле[6].

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Малдини дебитирал за сениорскиот тим на Милан на натпреварот против ФК верона на 2 февруари 2020 година, кој завршил со резултат од 1:1, влегувајќи како дополнителна замена за Саму Кастилјехо.

Меѓународна кариера[уреди | уреди извор]

Малдини дебитирал за Италија на ниво до 18 години во победата со 2-0 против Холандија на 22 март 2019 година[7] . Последователно, тој имал и два настапи за репрезентацијата до 19 години во истата година[8].

Стил на игра[уреди | уреди извор]

Иако во неговите рани денови Малдини играл како бранител како и неговиот татко Паоло и дедо Чезаре, тој наскоро започнал да игра во средниот ред. Денес тој главно игра како напаѓач за врска, позиција што одговара на неговата способност за игра, дриблинг вештини, контрола на топката и визија[9].

Статистика[уреди | уреди извор]

Обновено на 1 август 2020
Настапи и голови по клубови, сезони и натпреварувања
Клуб Сезона Лига Национален куп Лига куп Останато Вкупно
Лига Нат. Гол. Нат. Гол. Нат. Гол. Нат. Гол. Нат. Гол.
Милан 2019-20 Серија А 2 0 0 0 2 0
Вкупно 2 0 0 0 0 0 0 0 2 0

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Maldini“. AC Milan (англиски). Посетено на 25 May 2020.
  2. Speroni, Enrica (14 October 2005). „«Vi racconto i miei Maldini»“ [«I will tell you about my Maldinis»]. La Gazzetta dello Sport (италијански). Посетено на 4 February 2020.
  3. „A.C. Milan - Pulcini 2001“. Associazione Calcio Milan (италијански). Архивирано од изворникот на 29 August 2010. Посетено на 4 February 2020.
  4. „Under 16, il Milan è campione d'Italia: Roma ko 5-2“ [Under-16, Milan are the Champions of Italy: Roma KO'd 5–2]. Sky Sport (италијански). Sky Italia. Посетено на 4 February 2020.
  5. „NOTA UFFICIALE“. AC Milan (италијански). 21 March 2020.
  6. „Maldini 'recovers from coronavirus'. Football Italia. 8 April 2020.
  7. „Convocazioni e presenze in campo – Daniel Maldini“ [Call-ups and appearances – Daniel Maldini]. FIGC (италијански). Посетено на 4 February 2020.
  8. „Convocazioni e presenze in campo – Daniel Maldini“ [Call-ups and appearances – Daniel Maldini]. FIGC (италијански). Посетено на 4 February 2020.
  9. „Daniel Maldini“. Football Talent Scout. Посетено на 4 February 2020.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]