Даниел Андерсон (фудбалер роден во 1977)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Даниел Андерсон со Малме ФФ во ноември 2011

Даниел Џери Андерсон (роден на 28 август 1977 година) е поранешен шведски професионален фудбалер кој моментално ја извршува функцијата директор за спорт во клубот Малме ФФ.Тој играл главно на позицијата дефанзивен играч за врска, но можел да игра и на позицијата среден бек, што го правел подоцна во кариерата. Андерсон го одиграл поголемиот дел од својата кариера за тимот Малме ФФ во два различни периоди кога и бил капитен на тимот. Тоа било периодот помеѓу 2006 и 2011 година. Исто така имал успешен период играјќи за клубот од Серија А, Бари, кој доаѓа од истоименот италијански град. Андерсон имал долга меѓународна играчка кариера, кога одиграл 74 натпревари за репрезентацијата на Шведска. Даниел бил член на напредно фудбалско семејство бидејќи и неговиот татко Рој Андерсон како и неговиот брат Патрик Андерсон имале успешна фудбалска кариера.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Почетна кариера[уреди | уреди извор]

Андерсон на почетокот играл за тимот за Бјередс ИФ, но подоцна се приклучил на ФФ Малме и тоа во 1994 година. Тој постепено станал ѕвезда во шведската лига по што подоцна заминал во Серија А, во тимот на Бари.[1]

Бари[уреди | уреди извор]

Андерсон доживеал голем личен успех во тимот на Бари, откако бил поставен за капитен во третата сезона во тимот иако бил странец и имал само 23 години. Сето ова го привлекло вниманието и интересот на тимовите на Јувентус и Фиорентина при што и двата тима поставиле директна понуда на маса и за Андерсон како играч и на Бари како тим. Андерсон бил готов да замине за градот Фиренца и во тимот на Фиорентина, но поради финасиските проблеми на тимот овој трансфер во последен миг е стопиран.[2][3]

Венеција, Киево и Анкона[уреди | уреди извор]

Наместо да замине во Фиорентина, тој за сума од 6 милиони евра преминал во Венеција, каде имал просечна сезона. Потоа имал кратки ангажмани со тимовите на Киево од Верона и со тимот на Анкона од истоименит град. Во 2004 година се вратил во ФФ Малме во пакет заедно со поранешниот соиграч Иксел Османовски.

Враќање во Малме ФФ[уреди | уреди извор]

Даниел Андерсон се вратил во тимот ФФ Малме истата година како и неговиот брат, Патрик Андерсон, кој во тоа време бил поставен за капитен на тимот. Враќањето на двајцата браќа Андерсон било фактор кој придонел клубот да ја освои шведската лига таа година. Кога Патрик се пензионирал од фудбалската игра, поради проблеми со повреди во 2005 година, Даниел ја презел капитенската лента и ја задржал до своето пензионирање.

Откако играл како среден бек во поголемиот дел од својата кариера, тој подоцна ја презел позицијата на центар бек. Тоа се случило на почетокот на сезоната 2010, кога започнал да игра со голем успех и уживање. На оваа позиција бил еден од најдобрите играчи во ФФ на Малме таа година. Со оваа промена тој станал третиот член од своето семејството по неговиот татко Рој и брат Патрик кој ја добил капитенската лента на фудбалскиот тим Малме ФФ како играч на централната бековска позиција. Бидејќи играл толку добро, по промената на позицијата бил номиниран за најдобар шведски одбранбен играч во таа година, како и номинација за играч на годината на Алсвенскан лигата. Таа година тој го предводел клубот на Малме ФФ до 16 та шампионска титула на Шведска.

На 29 октомври 2011 година, Андерсон објавил дека ќе се фокусира на својата претстојна тренерска кариера како еден од тројцата помошници тренери во ФФ Малме, но нагласил дека паралелно ќе игра за клубот кога ќе му биде тоа потребно. На 15 декември 2011 година, Андерсон го одиграл својот последен натпревар за тимот на Малме ФФ како на гостувањето против Австрија Виена во последниот натпревар од групната фаза од Лигата на Европа 2011–12 на УЕФА . Поради проблеми со повредите во клубот со помладите одбранбени играчи, Андерсон сепак одиграл уште 16 натпревари од вкупно 30 во сезоната 2012. Повеќето од овие натпревари биле одиграни пред летната пауза. Неговиот последен натпревар како професионален играч сепак бил на гостински терен против тимот на ИФ Елфсборг на 12 август 2012 година. На 16 ноември Андерсон објавил дефинитивен крај на својата професионална играчка кариера за да може целосно во иднина да се фокусира на своите тренерски должности.[4]

Меѓународна кариера[уреди | уреди извор]

Андерсон одиграл 74 натпревари за тимот на Шведска и тоа помеѓу 1997 и 2009 година. Тој бил член на тимот за натпреварите од ЕВРО 2000, ЕВРО 2008 како и на финалниот турнир на Светското првенство во фудбал во 2002 во Јужна Кореја и Јапонија и во 2006 година во Германија.

На ЕВРО 2000, тој бил редовно во првиот тим на составот на Шведска. Како резултат на повредата на Тобијас Линдерот, тој повторно бил редовен стартер на ЕВРО 2008, во Австрија и Швајцарија, иако тимот не успеал да влезе во завршната фаза на натпреварувањето.

Андерсон се повлекол од државната репрезентација по неуспешните квалификации за пласман на Светското првенство во 2010 година, во Јужна Африка, за да ја посвети својата енергија во тимот на ФФ Малме.

Тренерска кариера[уреди | уреди извор]

Андерсон бил назначен за еден од тројцата нови помошници тренери во клубот на Малме ФФ заедно со Јерген Петерсон и Сајмон Холихед на 29 октомври 2011 година. Неговиот фокус бил првенствено на одбранбената тактика на тренинзите на почетокот и во помагање на поранешниот тренер Рикард Норлинг во изборот на почетните единаесет играчи. На 9 јануари 2014 година, Андерсон ја презел улогата на спортски директор во клубот, преземајќи ја функцијата од Пер Огрен кој се повлекол од таа позиција.[5]

На 14 мај 2018 година, Андерсон ја презел функцијата привремен тренер во Малме ФФ, по отпуштањето на Магнус Персон, бидејќи клубот по девет кола се наоѓал на 10 место на табелата во првата шведска лига.[6]

Приватен живот[уреди | уреди извор]

Даниел Андерсон е син на Рој Андерсон и помлад брат на Патрик Андерсон. Сите тројца биле едни од најуспешните играчи во ФФ Малме. Забележителен факт е и тоа што сите тројца играле како централен бек и биле носители на капитенската лента во тимот на Малме ФФ.

Статистика за кариера[уреди | уреди извор]

Андерсон игра за Малме ФФ во Лигата на Европа на УЕФА.

Клуб[уреди | уреди извор]

Клубски резултати Сооднос одиграни натпревари и постигнати голови Купови Континентални натпревари Вкупно
Екипа Сезона Лига Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови
Шведска Во лигата Свенска куп Европа Вкупно
Малме ФФ 1995 Алсвенскан 21 2 21 2
1996 Алсвенскан 26 2 26 2
1997 Алсвенскан 26 4 26 4
1998 Алсвенскан 12 3 12 3
Италија Лига Фудбалски куп на Италија Европа Вкупно
Бари 1998–99 Серија А 33 3 33 3
1999–00 Серија А 32 5 32 5
2000–01 Серија А 32 8 32 8
Венеција 2001–02 Серија А 29 0 29 0
Киево 2002–03 Серија А 12 0 12 0
Анкона 2003–04 Серија А 25 1 25 1
Шведска Лига Свенска куп Европа Вкупно
Малме ФФ 2004 Алсвенскан 11 0 0 0 0 0 11 0
2005 Алсвенскан 25 2 3 1 5 1 33 4
2006 Алсвенскан 25 3 1 0 26 3
2007 Алсвенскан 23 4 2 0 25 4
2008 Алсвенскан 24 3 3 0 27 3
2009 Алсвенскан 26 1 1 0 27 1
2010 Алсвенскан 30 5 2 0 32 5
2011 Алсвенскан 25 0 3 1 11 0 38 1
2012 Алсвенскан 16 1 1 0 17 1
2013 Алсвенскан 2 0 0 0 0 0 2 0
Шведска 292 30 16 2 16 1 324 33
Италија 163 17 0 0 0 0 163 17
Вкупно во кариерата 455 47 16 2 16 1 487 50

Награди и признанија[уреди | уреди извор]

Малме ФФ

  • Allsvenskan: 2004, 2010 година (шампионска титула во Шведска)

Индивидуални признанија

  • Најдобар шведски играч од средниот ред во 1997 година
  • Најдобар гол во 1997 година 

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Daniel Andersson“. skysports.com. Sky Sports. 30 July 2004. Архивирано од изворникот на 16 October 2012. Посетено на 2 June 2013.
  2. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-07-23. Посетено на 2021-11-28.
  3. „Andersson Pleased With Viola Switch“. Sky Sports.
  4. „Andersson assisterar på heltid“. sydsvenskan.se (шведски). Sydsvenskan. 17 November 2012. Посетено на 28 November 2012.
  5. „Ny sportslig ledning i MFF“. mff.se (шведски). Malmö FF. 9 January 2014. Архивирано од изворникот на 9 January 2014. Посетено на 11 January 2014.
  6. „Daniel Andersson ny huvudtränare i Malmö FF“ (шведски). Malmö FF. 14 May 2018. Посетено на 14 May 2018.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]