Рудник „Дамјан“

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Дамјан (рудник))
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Железна руда магнетит од наоѓалиштето во Дамјан
Железна руда хематит од наоѓалиштето во Дамјан
За други значења на поимот Дамјан видете на појаснителната страница

Рудникот „Дамјан“ близу Радовиш, е наоѓалиште на железна руда, што ги зазема централните делови од рудниот реон Бучим–Дамјан–Боров Дол.[1] Со истражувања се утврдени резерви од околу 6,5 милиони тони руда со 35% железо. Рудникот во редовна експлоатација бил во периодот 19681992 година. Во градбата на ова наоѓалиште учествуваат: палеогени седименти, терциерни вулканити и скарнови. На контактот помеѓу вулканските пробои и палеогениот флиш е создадена моќна скарновска зона со Fe–минерализација.[2] Fe–оруднувањето е сместено претежно во скаровите, а на места и во чисто варовничките партии на палеогениот флиш. Рудните тела имаат облик на псевдослоеви (издолжени складови и леќи) изградени претежно од компактни магнетитско-хематитски руди.[3]

Во близина на рудникот за железо се наоѓа рудникот Бучим за бакар, злато и сребро.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Тодор Серафимовски, Металогенетске карактеристике Fe–лежишта Дамјан (магистерска раб.), РГФ, Белград, 1978
  2. Тодор Серафимовски, Геолошке карактеристике скарновског Fе–лежишта Дамјан, XI конгрес геолога Југославије, Тара, 1986
  3. T. Serafimovski and O. Spasovski, Structural-textural characterstics and paragenetic relationships in the Damjan deposit, eastern Macedonia. Geologica Macedonica, Vol. 13, 1999