Дама и слугинка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Љубовница и слугинка (околу 1667) од Јоханес Вермер.

Дама и слугинка (холандски: Dame en dienstbode), позната и како Љубовница и слугинкаслика на масло на платно направена од Јоханес Вермер околу 1667 година. Прикажува две жени, љубовница и нејзината слугинка, додека гледаат преку љубовното писмо на љубовницата. Сликата ја прикажува претпочитаноста на Вермер за жолта и сина боја, женски модели и домашни сцени. Сега се наоѓа во Фриковата збирка во Њујорк.

Опис[уреди | уреди извор]

Љубовница и слугинка е насликана во текот на 1666-1667 година. Сликата покажува елегантна љубовница и нејзината слугинка додека гледаат на љубовно писмо што љубовницата штотуку го добила. Има силна употреба на жолта боја во елегантниот капут на жената со крзно, а сината во свилената покривка за маса и престилка на слугинката. Фокусот на сликата се двете жени додека седат на биро и вршат секојдневна активност. Вермер бил познат по своите домашни сцени со жени. Светлината на сликата доаѓа од лево и паѓа на лицето на љубовницата. Љубовницата има замислен поглед, со малку раширени усни и со прстите подигнати до брадата на прашален начин. Осветлените делови на жолтиот мантил се формирани со убедливи потези на четката од оловно-калајна-жолта боја и сенките се создадени со дефиниција. Вермер користи темна позадина, како што тоа го прави во други слики како што се Портрет на млада жена и Девојка со бисерна обетка. Бисерите биле важен статусен симбол на тој период и тоа се одрази во отмената облека на љубовницата и нејзиното изобилство на бисери.

Писмата се распространета тема во сликите на Вермер од 1660-тите. Претходните дела, како Жена во сино што чита писмо (околу 1663–1664), прикажуваат жена сама со писмо, но во оваа слика додадената слугинка е нов елемент. Гестовите и изразите на двете жени укажуваат на вознемиреност поради писмото и неговата потенцијална содржина.[1] Сликата е добро сочувана.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Wheelock, Arthur K. (1995). Johannes Vermeer. Washington, DC: National Gallery of Art. p. 182. ISBN 0894682199.

Дополнителна книжевност[уреди | уреди извор]

  • Liedtke, Walter A. (2001). Vermeer and the Delft School. Metropolitan Museum of Art. ISBN 9780870999734.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]