Дамаскинарска литература

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Дамаскинарска литература или дамаксини се поучни зборници во кои било јасно нагласено дека се напишани на народен јазик.[1]

Дамаскините се зборници со црковни проповеди, приказни, легенди и описи на настани и личности сврзани за христијанството. Првите дамаскини претставуваат превод од грчки на црковнословенски јазик со елементи од народниот јазик, и обид да се приближи книгата до народот. Постепено во нив преовладала мислата на грчкиот проповедник Дамаскин Студит, кој велел дека за народот треба да се пишува на едноставен и разбирлив јазик.

Од Македонија водат потекло околу 200 дамаскини.[2] Најпознат меѓу нив е Крнинскиот дамаскин.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Матилда Саздова, Агим Морина, Наташа Јаневска: „Македонски јазик и литература“, Просветно дело, 2006 г., стр. 6.
  2. Димитар Пандев: „Македонски јазик“, Просветно дело, 2005 г., стр. 56.