Далматински зелкар
Изглед
Далматински зелкар | |
---|---|
Научна класификација [ у ] | |
Непознат таксон (попр): | Pieris (butterfly) |
Вид: | Далматински зелкар |
Научен назив | |
Pieris mannii (Mayer, 1851) |
Далматински зелкар (Pieris mannii) е пеперуга од семејството на пеперуги Белци. Пеперугата ја има и во Македонија.
Опис
[уреди | уреди извор]Распонот на крилјата на пеперугата е од 19 до 25 мм. Возрасните единки летаат од март до октомври, во зависност од локацијата. Ларвите на зелкарот се хранат со растенијата Iberis sempervirens и Sinapis. Предниот дел на горната страна на крилјата има поголема и покоцкеста дамка. Дамката се протега до основата на крилјата и е во црна боја. Пеперугата е воглавно во жолтеникава боја.[1]
Распространетост
[уреди | уреди извор]Пеперугата живее во Јужна Европа, Мала Азија, Мароко и Сирија. Во скоро време забележана е на Алпите во Франција и Германија.[2] Во 2015 година за првпат е забележана и во Холандија.[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Pieris mannii“. Faune-Alsace (француски). ODONAT. Посетено на 19 Jul 2017.
- ↑ „Pieris mannii / P. rapae“. Lepiforum.de (германски). Посетено на 19 Jul 2017.
- ↑ „Scheefbloemwitje - Pieris mannii“. Waarneming.nl (холандски). Посетено на 19 Jul 2017.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Далматински зелкар“ на Ризницата ? |
„Pieris mannii“ на Викивидовите ? |
|