Далибор Грубачевиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Далибор Грубачевиќ
Биографски податоци
Родено имеДалибор Грубачевиќ
Роден(а)9 јануари 1975
ПотеклоКопривница, Хрватска
ЖанровиФилмска музика, сериозна музика, поп, рок
Занимањакомпозитор, оркестратор, музички продуцент
Инструментипијано, гитара, бас гитара
Период на активност1990–денес
ИздавачиCroatia Records, Aquarius Records, HRT
Мреж. местоdaliborgrubacevic.com

Далибор Грубачевиќ (роден на 9 јануари 1975 во Копривница), е хрватски композитор, оркестратор и музички продуцент познат по авторски остварувања во областа на филмската музика, како и поп и рок музиката.

Кратка биографија[уреди | уреди извор]

Далибор Грубачевиќ е роден во Копривница, каде израснал и се школувал. Уште рано ја покажува својата музичка надареност, па уште како шестогодишник почнува да учи да свири на гитара и пијано. Подоцна во локалното "Културно-уметничко друштво" свири и тамбури. Во 90-тите години под влијание на рокенрол музиката на Битлси, се приклучува на рок составот The Bugs. Своето музичко образование го проширува и усовршува со проучување на делата од класичната музика, посетувајќи часови кај реномираниот професор Наталија Имбришак и маестро Миљенко Прохаска.[1][2] 1993 година се запишува на студиите за социјална работа на Правниот факултет во Загреб, но по две години ги напушта студиите и комплетно се посветува на музиката.

Соработувал со многу угледни хрватски режисери, како на пример Бранко Иштванчиќ (Дух во мочуриштето, Мост на крајот на светот), Миро Андриќ (Хрватско подводно богатство), Миро Бранковиќ (Во потрага по Марко Поло), Ненад Пуховски (Заедно), Зоран Будак (Хебранг), Вишња Старешина (Запрен глас) и други, за чии филмови создава музика. Компонирајќи филмска музика, Грубачевиќ многу успешно спојува разни музички жанрови и класична оркестрација со електронски звукови.[1]

Освен пишувајќи партитури и саундтракови за долгометражни и документарни филмови, како и музика за различни реклами филмови и рекламни кампањи, Грубачевиќ како композитор еднакво успешно делува и во светот на поп-рок и етно музиката. Освен во Хрватска, неговите композиции и музички обработки се изведени во Македонија, Црна Гора, Канада, САД, Јапонија, Велика Британија, Италија, Израел и Грузија. Соработува со многу хрватски и интернационални композитори , оркестратори и музички продуценти како Ерик Евазен, Алан Холи, квинтетот Simply Brass,[3][4] Мирослав Евачиќ,[5] Зоран Џорлев,[6] како и вокалните интерпретатори Тоше Проески,[7] Саша Лозар, Дарко Гелев – Брејк,[8] Александар Митевски[9][10], Даниел Кајмакоски[11] и Дарио Панковски.[12]

Далибор Грубачевиќ е член на Хрватското друштво на композитори и Хрватската музичка унија.[2]

Избор на дела[уреди | уреди извор]

Композиции[уреди | уреди извор]

  • Рондо за гудачки оркестар (2002)
  • Есенски валцер за тамбурашки оркестар (2005)
  • Ricordi del passato за гудачки квартет (2010)
  • Две реки за квинтет лимени дувачи (2010)
  • Solid Pictures за француска хорна и пијано (2014)
  • Valse balkanique за квинтет лимени дувачи (2018)

Филмска музика[уреди | уреди извор]

  • 2005 – Izgubljeno blago, документарен филм, режисер Бранко Иштванчиќ, HRT
  • 2005 – Ode dućan, документарен филм, режисер Миро Бранковиќ, HRT
  • 2006 – Potpis zločina, документарен филм, режисер Миро Бранковиќ, HRT
  • 2006 – Duh u močvari, долгометражен игран филм режисер Бранко Иштванчиќ, HRT и Interfilm d.o.o.
  • 2007 – Tesla, документарен филм - режисер Миро Бранковиќ, HRT
  • 2009 – Zajedno, долгометражен документарен филм, режисер Ненад Пуховски, Factum d.o.o.
  • 2010 – Zaustavljeni glas, документарен филм - режисер Вишња Старешина, HRT i Interfilm d.o.o.
  • 2010 – Hebrang, документарен ТВ серијал, режисер Зоран Будак, HRT и Interfilm d.o.o.
  • 2011 – Album, документарен филм, режисер Бранко Иштванчиќ, Factum d.o.o.
  • 2012/2013 – Hrvatsko vodeno blago, документарен ТВ серијал, режисер Миро Андриќ, HRT и Car-Herc d.o.o.
  • 2013 – Slavoljub Penkala - документарен филм, режисер Милка Баришиќ, HRT
  • 2013 – U potrazi za Markom Polom, документарен ТВ серијал, режисер: Миро Бранковиќ HRT
  • 2014 – Dragi Lastane!, долгометражен документарен филм, режисер:Ирена Шкориќ, Артизана филм d.o.o.
  • 2014 – Most na kraju svijeta, долгометражен игран филм, режисер: Бранкo Иштванчиќ, Артизана филм d.o.o. и HRT
  • 2016 - Zbog tebe, долгометражен игран филм, режисер: Анджело Јуркас, ДOП продукција Д.o.o.
  • 2017 - Fuck off I love you, долгометражен игран филм, режисер: Анджело Јуркас, ДOП продукција Д.o.o.
  • 2018 - Повеќе од зборови, документарен ТВ серијал, режисер: Миро Бранковиќ, HRT

Дискографија[уреди | уреди извор]

Aвторски албуми[уреди | уреди извор]

  • 2006 – Duh u močvari (оригинална музика од филмот), Кроација Рекордс, CD 5695899
  • 2011 – artEdox - филмска музика, Аквариус Рекордс, CD 377-11
  • 2012 – U potrazi za Markom Polom (музика од истоимениот ТВ серијал), Аквариус Рекордс, CD 467-12
  • 2015 – Most na kraju svijeta (оригинална музика од филмот), Аквариус Рекордс, CD 9841093

Продукции[уреди | уреди извор]

  • 2007 – ЦД Fulmination / Miroslav Evačić & Čardaš Blues Band, Кроација Рекордс, CD 5751410
  • 2010 – ЦД Camminate / Simply Brass, Кантус Рекордс, CD 98898492102

Награди и признанија[уреди | уреди извор]

  • 2010 – награда за најдобра музика за документарен филм - за филмот "Заедно" на режисерот Ненад Пуховски на 19-те "Денови на хрватскиот филм"
  • 2013 – дискографска награда "Порин" во категоријата за најдобар албум од областа на оригинална филмска ТВ и театарска музика (за албумот - "Во потрага по Марко Поло")[13]
  • 2016 – награда за најдобра музика за документарен филм - за филмот "Сè беше добар сон" на режисерот Бранко Иштванчиќ на 7-те "Фестивалот на Католичката филмови"[14]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Dalibor Grubačević (službene stranice): Biografija, Октомври 12, 2014 (англиски)
  2. 2,0 2,1 Hrvatsko društvo skladatelja: Grubačević, Dalibor, Октомври 12, 2014. (хрватски)
  3. Slobodna Dalmacija.hr / Kultura – Marijo Krnić: »Simply Brass: primjerena doza ležernosti«, Октомври 12, 2014 (хрватски)
  4. Discogs.com – Simply Brass: Camminate, Октомври 12, 2014 (англиски)
  5. Discogs.com – Miroslav Evačić & Čardaš Blues Band: Fulmination, Октомври 12, 2014 (англиски)
  6. Discogs.com – Зоран Џорлев: Не Kажувај Либе, Октомври 12, 2014
  7. Вечер: Сите сме нивни деца!, Октомври 12, 2014
  8. Нова балада од Брејк – „Болиш“ (аудио), Hоември 2, 2014
  9. Discogs.com – Aleksandar Mitevski: Kirilica, Октомври 12, 2014 (англиски)
  10. Утрински весник: „Молитва“ - дует на Костовски и Трајанов, Октомври 12, 2014 (македонски)
  11. „Даниел Кајмакоски ќе ја претставува Македонија на Евросонг 2015“. mrt.com.mk/. конс. ноември 13, 2014. 
  12. Discogs.com – Dario Pankovski: Dario – 25 live!, Октомври 12, 2014 (англиски)
  13. www.porin.info – Dobitnici Porina 2013., Октомври 12, 2014 (хрватски)
  14. www.hrt.hr - Ištvančićev film 'Sve je bio dobar san' pobjednik festivala u Rijeci, Cептември 5, 2016 (хрватски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]