Далеку од рајот (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Далеку од рајот - американски филм, во режија на Тод Хејнс. Главните улоги ги играат: Џулиен Мур, Денис Квејд, Денис Хејзберт и Патриша Кларксон.

Содржина[уреди | уреди извор]

Дејството на оваа драма е сместено во 1950-тите во местото Хартфорд, во државата Конектикат. Семејството Витакер постојано настојува да го сочува добриот глас. Сопружниците Витакер, Кејти и Френк, имаат ќерка и син, кои се адолесценти. Работите се усложнуваат кога Френк ја открива својата хомосексуалност, така што односите во семејството засекогаш се нарушуваат. По првичниот шок, неговата жена Кејти се обидува да се однесува како ништо да не се случило, но идиличната атмосфера во домот е разнишана.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Шокантни промени во едно идилично семејство“, Антена, број 893, 7.8.2015, стр. 3.