Дадилката Мекфи

Од Википедија — слободната енциклопедија

Дадилката Мекфи (англиски: Nanny McPhee) - американско, британско-француски филм од 2005 година, во режија на Кирк Џонс. Филмот е снимен според книгатаДадилката Матилда“ (Nurse Matilda), а сценариото го напишале Ема Томпсон и Кристијана Бранд. Главните улоги ги толкуваат: Ема Томпсон, Колин Фирт, Селија Имри и Кели Мекдоналд.

Ема Томпсон на премиерата на филмот во 2005 година
Режисер Кирк Џонс

Содржина[уреди | уреди извор]

По смртта на сопругата, Седрик Браун (го игра Фирт) мора да се грижи за децата, кои се многу непослушни. Тој ја ангажира дадилката Мекфи (ја игра Томпсон), но не знае дека таа има волшебни способности. Постепено, таа успева да ги научи децата на убаво воспитување. Тетката на Седрик го условува да се ожени, како услов и понатаму да продолжи да го финансира. Против својата волја, тој ѝ нуди брак на вдовицата Квикли (ја игра Имри), но децата се здружуваат и успеваат да ја уништат свадбата, а Седрик се оженува со својата слугинка, убавата Еванџелин (ја игра Мекдоналд). Со тоа, дадилката Мекфи ја завршува својата задача и си заминува.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]