Даворин Савник

Од Википедија — слободната енциклопедија

Даворин Савник (7 септември 1929 – 14 април 2014) бил индустриски дизајнер и архитект од Словенија.

Тој ја стекнал светската слава со дизајнирањето на - Искра ЕТА 80 Телефон , произведен во фабриката Искра во Крањ во 1978 година[1].

Животопис[уреди | уреди извор]

Даворин Савник е роден во Крањ во 1929 година. Студирал на Архитектонскиот факултет, градежништво и геодезија и на Академијата за музика во Љубљана . Подоцна студирал индустриски дизајн во Злинво Чешка. Специјализирал во Обединетото Кралство, Италија и САД. Во почетокот се занимавал со музика, а подоцна станал дизајнер во фабриката Искра во Крањ, каде работел многу години. По напуштањето на Искра, тој ја започна својата независна кариера[2].

Стручна работа[уреди | уреди извор]

Како дизајнер Даворин Савник работел во Искра , Крањ, на Институтот за автоматизација, од 1958 до 1961 година. Од 1968 до 1973 година бил Директор за дизајн во Искра Комерц во Љубљана, а од 1973 година работел како фриленсер. Тој се здоби со меѓународен углед а за неговата работа пишувале во во Јапонија, САД, Велика Британија, Русија.

Телефон ЕТА 80[уреди | уреди извор]

Телефон ЕТА 80 бил дизајниран од Савник во 1978 година и имал освоено бројни награди за дизајн ширум светот. Искра имала произведено повеќе од 5 милиони од овие телефони.

По успехот што го постигнал дома, поради лошата патент заштита , телефонот е плагиран во целиот свет. Според грубите проценки, повеќе од 300 милиони примероци се изработени ширум светот[3].

Награди и признанија[уреди | уреди извор]

  • Награда БИО , 1979 година
  • признание на Центарот за дизајн од Штутгарт
  • признание за дизајн на Меѓународниот саем во Хановер
  • највисоко признание од Јапонија - Министерството за трговија и индустрија
  • златен медал на Саемот во Брно

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Davorin Savnik“. Архивирано од изворникот на 2020-06-28. Посетено на 2020-04-15.
  2. MoMA u New Yorku
  3. Ретро телефонот кој сите го имаме дома, а се наоѓа и во Музејот на модерна уметност во Њујорк

Надворешни врски[уреди | уреди извор]