Давидова кула

Од Википедија — слободната енциклопедија
Давидова кула
מגדל דוד
برج داود
Поглед кон Давидовата кула
Карта
Општи податоци
ГрадЕрусалим
ЗемјаИзраел
Почната2 век п.н.е.

Давидовата кула (хебрејски:מגדל דוד‎, Migdal David, арапски:برج داود‎, Burj Daud) е античка кула која се наоѓа блиску портата Јафа, на самиот влез во стариот дел од Ерусалим, Израел. Самата кула била изградена околу 2 век п.н.е., и истата била користена за одбрана на Ерусалим или за самото освојување на тогашниот Ерусалим, посебно во времето на крстоносните војни.

По самото освојување на Ерусалим од страна на арапите во 637 година, кулата била обновена. Во времето на крстоносците била користена како заштитно поле, сè до Опсадата од 1187 година, кога Саладин го зазел Ерусалим. Со влегувањето во градот и во самата битка, кулата била разрушена, за да подоцна повторно биде подигнета во околу 1260 година.

Кулата повторно била разрушена од страна на отоманците, повторно при преземањетѕо на градот. Во 1541 година повторно била подигнета, но истата била користена и како џамија со огромно минаре, кое е запазено до ден денес.