Дабничка Река

Од Википедија — слободната енциклопедија

Дабничка — река во пределот на селото Дабница која извира блиску до самото село на надморска височина од 690 метри.

Течение[уреди | уреди извор]

Таа е десна притока на Ореовечка река и заедно со реката Селечка(прилепско) ја градат реката Прилепска која е некогашната градска река и тече низ градот Прилеп. Дабничка река се влива во главната градска река блиску до населбата Вишне. Исто така, таа тече низ градот преку неколку канали. Порано минувала во близина на центарот на градот пред поштата. Таа е долга 6.4 километри.

Сообраќајни конекции и пешачки мостови[уреди | уреди извор]

На неа има повеќе мостови од кои сите се во градските населби. Повеќето од мостовите се пешачки мостови освен горниот мост кај касарната „Мирче Ацев“ кој ги поврзува населбите Подкасарни / Ѓоре Спиркоски - Леништанец со Багеска Ограда, исто така и долниот мост кој се наоѓа на местото каде што Дабничка се влева во Ореовечка кај населбата Вишне.