Густоцветен плускавец
| Густоцветен плускавец | |
|---|---|
| Научна класификација [ у ] | |
| Царство: | Растенија |
| клад: | Скриеносеменици |
| клад: | Евдикоти |
| Ред: | Каранфиловидни |
| Семејство: | Каранфили |
| Род: | Плускавец |
| Вид: | Густоцветен плускавец |
| Научен назив | |
| Silene densiflora d'Urv. | |
Густоцветен плускавец (науч. Silene densiflora) е вид цветно растение од семејството каранфили, од родот плускавец, Silene.
Опис
[уреди | уреди извор]Многугодишно тревесто растение со разгранет ризом и со стерилни гранчиња во основата. Стеблото е високо до 180 см, вертикално, поединечно или неколку, неразгрането, а подоцна се развиваат странични гранчиња. Листовите се густо влакнести, со долги расперени влакна. Соцветието обично е многу разгрането, со цветовите собрани во топчести пршлени поради големиот број на цветови. Цветните дршки се 2-7 мм долги, а цветовите се еднополни. Венечните ливчиња се неупадливи, зеленикави, линејни.[1]
Подвидови
[уреди | уреди извор]Прифатени се следниве подвидови:
- S. d. densiflora
- S. d. sillingeri
Во Македонија
[уреди | уреди извор]Во Македонија расте по брдски пасишта, по меѓи на лозјата и други култури, во низинските делови до 500 метри надморска височина. Видот е познат за Скопје, Катланово, Скопска Црна Гора, Радишани, Бродец, Таорска Клисура, Велес, Овче Поле, Радовиш, Демир Капија.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 Мицевски, Кирил (1993). Флора на Република Македонија. Том I, св. 2. Скопје: МАНУ. стр. 321-322.
|