Густав Емар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Густав Емар
Aimard.jpg
Густав Емар
Роден/аОливие Глу
13 септември 1818
Париз, Франција
Починат/а20 јуни 1883
Париз, Франција
Занимањеписател
ДржавјанствоФранцузин
Жанристориски и авантуристички роман

Густав Емар (француски: Gustave Aimard, роден на 13 септември 1818 во Париз - починал на 20 јуни 1883 во Париз) — француски писател, литературен псевдоним на познатиот француски писател на историски и авантуристички романи Оливие Глу.

Биографија[уреди | уреди извор]

Густав Емар е роден на 13 септември 1813 година во Париз. Неговиот животот бил доста бурен и исполнет со незгоди, патувања и авантури. На 12-годишна возраст започнал да работи на трговски брод и за долги години ја напуштил татковината. Кога пристигнал во Мексико, Емар го напуштил бродот во мексиканското пристаниште Веракрус и со рибарски брод презел патување по должината на брегот на Мексиканскиот Залив. Во 1836 година учествувал во едрење до Африка и Бразил. Во 1846 година за време на војната меѓу Мексико и САД (по завршувањето, САД го анектирал Тексас) Емар командувал со мексикански борбен бригантин и неговиот брод бил заробен од американските сили кај на реката Мисисипи. Бегајќи од заробеништво, тој се насочил на запад, каде бил заробен од Индијанци.

Во 1848 година се вратил во Франција и зел учество во револуционерните настани, дури станал офицер, но по превратот на Наполеон III повторно заминал за Јужна Америка. Таму направил низа опасни експедиции до тешко достапни области, а во 1851 година во Патагонија повторно бил заробен од Индијанци и живеел меѓу нив четиринаесет месеци.

Враќајќи се повторно во татковината се оддал на литературна дејност. Под перото му излегле десетици авантуристички романи во кои тој ги опишува своите набљудувања и знаења стекнати во текот на својот живот му Северна и Јужна Америка и Африка. Објавил повеќе од 50 романи, од кои дел добибиле огромна популарност и се преведени на повеќе јазици. Во креативен однос, неговите романи се под влијание од творештвото на Џемс Фенимор Купер.

Емар учествувал во мексиканската експедиција на француската армија за време на француско-англиско-шпанската интервенција во средината на 60-тите години на 19 век. Густав Емар организирал и волонтерски одред од „слободни стрелци“, составен од француски писатели за време на Француско-пруската војна (1870 - 1871 година). По војната продолжил да пишува.

Починал на 20 јуни 1883 година во париската болница „Света Ана“.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]