Црвен Камен

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Гури Куј (Кораб))
Црвен Камен (Гури Куј)

Висина &100000000000023800000002.380 м
Место Македонија Македонија Македонија
ВенецКораб
Прво освојувањенепознато

Црвен Камен (попознат и како Гури Куј, со значење Црвен Камен од албански Gurri Kuq) — врв во средишниот дел на главниот срт на протегање на планината Кораб, во Република Македонија. Неговата височина изнесува 2.380 метри[1], додека на топографските карти е забележано 2.377 метри.

Местоположба[уреди | уреди извор]

Се наоѓа во средишниот дел на планината на планинската огранка која се испушта долго на нејзината источна падина, припаѓајќи целосно и длабоко на македонска територија. Врвот Црвен Камен го претставува третиот по ред планински врв од планинската огранка која започнува и се испушта кон исток од врвот Боази на главниот срт. Според местоположбата на врвот Кабаш се наоѓа на координатите 41°45'27" северна географска широчина и 20°32'49" источна географска должина[1], северозападно од селото Рибница. Поточно, врвот Црвен Камен е сместен непосредно на југ над долината на Длабока Река, од каде тој има особено забележителен поглед кој со острата зашиленост преовладува со својата забележителност со која доминира во просторот. Се одликува со многу голема стрмнина и зашиленост, а неговите стрмни јужни и северни падини се прошарани со многу стрмни тревнати ливади и карпи со црвена и црвеникава боја кои достигнуваат до самиот врв и поради што најверојатно тој го добил името Црвен Камен - Гури Куј. Кон исток е поврзан со врвот Кабаш, а на запад со врвот Кепи Гропа Фонгот (Предбоза). На сите топографски карти врвот е забележан под името Гури Куј. Убавата „алпска“ глетка и големата стрмнина на неговите падини кои го прават доста тежок за искачување. Од самиот врв се пружа прекрасна глетка на трите највисоки корапски врвови Голем и Мал Кораб и Малокорапска Стена, како и целата источна падина на корапскиот масив. До врвот Црвен Камен може да се пристапи и да се искачи по многу стрмната северна падина, скршнувајќи лево од доброобележана планинарска патека која води кон познатиот Корапски водопад.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Светозар Петковски, Драган Василевски, Владо Матевски, Claudio Orlandini и 28 други автори (2011). „Студија за ревалоризација на заштитено подрачје Маврово“ (PDF). Министерство за животна средина и просторно планирање. Посетено на 7 ноември 2017.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)