Гуди Ивановски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Гуди Ивановски
Роден 1926 година
Скопје, Македонија
Починал 9 септември, 1944 година
Скопје, Македонија
Стрелан од страна на Гестапо.

Гуди Панто Ивановски ( 1926 во Скопје9 септември 1944 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Произлегува од сиромашно семејство. По завршувањето на основното образование, работел како месар. За време на окупацијата активно го помагал народно-ослободителното движење во извршувањето на разни задачи што ги поставувала партијата. Поради ваквата активност, бугарската фашистичка полиција на трипати го затворала. Така одлежал околу девет месеци. Отпрвин извршувал разни курирски задачи, а подоцна стапил во борбените редови на Дванаесеттата македонска ударна бригада. Во акцијата на железничката линија меѓу Зелениково - Драчево, ја изгубил врската со својата единица. Поради тоа бил принуден да се врати во Скопје со цел да се засолни. Во Скопје, бил откриен од Гестапо и затворен. На 9 септември 1944 година, на свои 18 години бил стрелан.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 193. На |first= му недостасува |last= (help)