Прејди на содржината

Гудисон парк

Гудисон парк
Goodison Park
Големата стара дама
Држава Англија Англија
Место Ливерпул
Отворен 1892
Сопственик Евертон Евертон
Гледачи 39.414
Подлога хибридна трева
Димензии 1000,49 × 68 м
Игра Евертон Евертон (1892-денес)

Гудисон парк (англиски: Goodison Park) — фудбалски стадион во Ливерпул, Англија. Стадионот е дом на ФК Евертон уште од неговата изградба во 1892 година и е еден од првите наменски изградени фудбалски стадиони во светот. Се наоѓа во станбена населба со редовни железнички и автобуски линии, на три километри од средиштето на Ливерпул.

Од неговата изградба во 1892 година, стадионот претрпел многу промени низ својата историја и денес има капацитет од 40.157 седишта. Навивачите на Евертон го нарекуваат стадионот „Голема стара дама“ (). Се состои од четири трибини: Гудисон роуд, Гледис стрит, Баланс роуд и Парк енд.

Покрај натпреварите на Евертон, стадионот бил домаќин и на финалето на ФА купот во 1894 година и на голем број меѓународни натпревари, вклучувајќи пет натпревари на Светското првенство во фудбал во 1966 година. Стадионот го држел рекордот за најголема посетеност на натпревар во женски фудбал од 1920 година, рекорд кој бил срушен дури на 31 јули 2012 година на Вембли за време на Летните олимписки игри .

Историја

[уреди | уреди извор]

Евертон првично играл на отворен терен југоисточно од новоизградениот Стенли парк, каде што нивниот прв официјален натпревар бил одигран во 1879 година. Од 1882 година играле на Приори роуд, а во 1884 година се преселиле на Енфилд, кој во 1892 година бил преземен од новооснованиот Ливерпул.

Гудисон парк официјално бил отворен на 24 август 1892 година, кога 12.000 луѓе гледале краток атлетски настан, проследен со музичка свеченост и огномет. Првиот натпревар се одиграл на 2 септември истата година, кога Евертон и Болтон вондерерс се сретнале во пријателски натпревар, при што Евертон победил со 4–2. Првиот натпревар од лигата се одиграл на 3 септември против Нотингем форест (2–2), а првиот натпреварувачки гол на стадионот го постигнал Хорас Пајк од Форест.

Стадионот го добил името Гудисон парк бидејќи бил изграден по должината на патот Гудисон, именуван по градежниот инженер Џорџ Гудисон.[1]

Натпревари од Светското првенство во 1966

[уреди | уреди извор]

На Светското првенство во 1966 година, стадионот бил домаќин на три натпревари од групната фаза, како и по еден четвртфинален и еден полуфинален натпревар.

Датум Време 1. Тим Резултат 2. Тим Круг Гледачи
12 јули 1966 19:30  Бразил 2 – 0  Бугарија Група А 48.000
15 јули 1966 19:30  Унгарија 3 – 1  Бразил Група Е 52.000
19 јули 1966 19:30  Португалија 3 – 1  Бразил Група Б 62.000
23 јули 1966 15:00 часот  Португалија 5 – 3  Северна Кореја Четвртфинале 51.780
25 јули 1966 19:30  Западна Германија 2 – 1 СССР Советски Сојуз Полуфинале 39.840
Графиконот ја прикажува просечната годишна посета на Гудисон парк.

Највисоката просечна посетеност во историјата на клубот била 51.603 (1962–63), додека најниската била 13.230 (1892–93), првата сезона на „Гудисон парк“.[2]

Петте најголеми посети на Гудисон парк се:

Датум Натпреварување Противник Гледачи
18 септември 1948 Премиер лига Ливерпул 78.299
14 февруари 1953 ФА куп Манчестер јунајтед 77.920
28 август 1954 Премиер лига Престон норт енд 76.839
29 јануари 1958 ФА куп Блекбурн роверс 75.818
27 декември 1954 Премиер лига Вулверхемптон вондерерс 75.322

Извор: [3]

Петте најслаби посети на Гудисон парк се:

Датум Натпреварување Противник Гледачи
20 декември 1998 Симод куп Милвол 3.703
1 октомври 1991 Системи за податоци „Зенит“ Олдам 4.588
22 јануари 1991 Системи за податоци „Зенит“ Сандерленд 4.609
16 февруари 1988 Симод куп Лутон Таун 5.204
28 февруари 1989 Симод куп Квинс Парк ренџерс 7.072

Извори: [4]

  1. And If You Know Your History Архивирано на 9 јануари 2011 г., www.toffeeweb.com
  2. And If You Know Your History Архивирано на 9 јануари 2011 г., www.toffeeweb.com
  3. And If You Know Your History Архивирано на 9 јануари 2011 г., www.toffeeweb.com
  4. And If You Know Your History Архивирано на 9 јануари 2011 г., www.toffeeweb.com

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]