Грчко-југословенски договор за Балканска унија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Грчко-југословенскиот договор за Балканска унија бил договор од 1942 година склучен меѓу монархистичките влади на Грција и на Jугославија во егзил, под покровителство на Велика Британија. Со Договорот потпишан во Лондон на 15 јануари 1942 година страните се обврзале по војната да формираат југословенско-грчка унија, отворена за пристапување на другите држави за создавање Балканска унија.

Договорните страни ги утврдиле политичките, економско-финансиските и воените органи на Унијата. За поинаков статус на Македонија не станувало збор, се подразбирала положбата во рамките на предвоените граници на интегрална Jугославија и на монархистичка Грција. Со развојот на настаните до крајот на Втората светска војна и со промените во двете држави, на Балканот и во Европа, грчко-југословенскиот договор останал само на хартија да сведочи за проекцијата на Велика Британија за посакуваниот повоен поредок на Балканот.[1]

Референци[уреди | уреди извор]

  1. Документи о сполјној политици СФРJ 1941–1945, I, Београд, 1988.