Грчки претставки

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Можно е списокот да е нецелосен.

Претставка Значење Примери
α- (а), αν- (ан) не, без анестезија [αν (ан) -без + αισθησις (естезис) -осет], анонимно [αν (ан) -без + ονυμα (онима') -име]
αμφι- (амфи) од двете страни амфора [αμφι (амфи) –од двете страни + φορος (форос) –кој носиi], амфитеатар [αμφι (амфи) – од двете страни + θεατρον (театрон) – место за гледање, од θεαομαι (теаомаи) - посматра]
ανα- (ана) спрема горе анафора [ανα (ана) –спрема горе + φορος (форос) –кој носи]
αντι- (анти) против
απο- (апо) од апостроф [απο (апо) -од + στρεφω (стрефо) -вртам], апокалипса [απο (апо) -од + καλυψις (калипсис) -покривање], апостол [απο (апо) -од + στολος (столос) –оној кој е пратен (пратеник]
δια- (диа) низ дијагноза [δια (диа) –низ, одвоено + γνωσις (гносис) -знаење], дијалект [δια (диа) –низ, одвоено + λεγω (лего) -зборувам], дијалог [δια (диа) –низ + λογος (логос) -говор]
δις (дис), δι- (ди) двојно
εκ- (ek) од еклипса [εκ (ек) -од + λειψις (леипсис) -оставање, λειπω (леипо) -оставам]
εν- (ен), εμ- (ем) во енергија [εν (ен) -u + εργον (ергон) -работа], ензим [εν (ен) - во + ζυμη (зиме) - варење]
επι- (епи) на епидемија [επι (епи) -на + δημος (демос) -луѓе], епилепсија [επι (епи) -на + ληψις (лепсис) –земање од λαμβανω (ламбано) -земам]
'υπερ- (хипер) над
'υπο- (хипо) под хипотеза ['υπο (hypo) -под + τιθημι (титеми) -ставам]
κατα- (ката) долу катастрофа [κατα (ката) -долу + στρεφω (стрефо) -вртам], катаклима [κατακλυσμος (катаклизмос) - поплава [κατα (ката) – долу, против + κλυζω (клизо) - плавам], катапулт [κατα (ката) – долу, против + παλλω (пало) – нишам, лулам]
μετα- (мета) после, зад метода [μετα (мета) - после + 'οδος (ходос) - пат]
παρα- (пара) покрај парадокс [παρα (пара) -покрај + δοξα (докса) -мислење], паразит [παρα (пара) -покрај + σιτος (ситос) -храна], парадигма [παραδειγμα (парадеигма) – модел, план, пример [παρα (пара) - покрај + δεικνυμι (деикними) - покажувам], паралела [παρα (пара) -покрај + αλληλος (алелос) – друг од αλλος (алос) - друг]
περι- (пери) околу период [περι (пери) -околу + 'οδος (ходос) -пат], периферија [περι (пери) - околу + φερω (феро) - носам], перистил [περι (пери) - околу + στυλος (стилос) - столб]
προ- (про) пред програм [προ (про) -пред + γραμμα (грама) -пишување], прогноза [προ (про) –пред, порано + γνωσις (гносис) -знаење]
συν- (син), συμ- (сим), συλ- (сил) со, заедно симетрија [συμ (сим) –со, заедно + μετρον (метрон) -мера], симфонија [συμ (сим) –со, заедно + φωνη (фоне) -звук], симпатија [συμ (сим) –со, заедно + παθος (патос) -патење], симптом [συμ (сим) –со, заедно + πτωμα (птома) -пад], синдром [συν (син) –со, заедно + δρομος (дромос) –правец, пат]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]