Група (математика)

Група — алгебарска структура што се состои од множество заедно со бинарна операција која е асоцијативна, има неутрален елемент и за секој елемент во множеството има инверзен елемент.
Групата е една од најраспространетите структури во математиката. Често се појавува во контекст на симетрии, но има и други примени. Целите броеви заедно со операцијата собирање претставуваат група.
Дефиниција
[уреди | уреди извор]Една група е множество заедно со операција , така што:
- операцијата е асоцијативна, т.е. за секои .
- постои елемент , така што за секој , наречен неутрален елемент
- за секој елемент постои елемент , така што , наречен инверзен елемент. Овој елемент обично се означува со .
Една група се нарекува Aбелова (по норвешкиот математичар Абел) или комутативна, ако за сите важи .
Кардиналитетот на множеството на една група се нарекува ред на групата. Една група се нарекува конечна ако нејзиното множество е конечно.
Често се испушта и наместо пишуваме .
Неутралниот елемент во една група е единствен. Нека е уште еден неутрален елемент. Тогаш , бидејќи е неутрален елемент. Но исто така , бидејќи е неутрален елемент. Од тоа следи дека .
Исто така и инверзниот елемент на еден елемент е единствен. Нека се инверзени елементи на . Тогаш .
Третото барање може да се олабави: Доволно е да са претпостави дека секој елемент има десен (или симетрично лев) инверзен елемент. Нека е десен инверзен елемент на . Тогаш и има десен инверзен елемент . Исто како горе важи . Ова значи дека е инверзен елемент на (од двете страни).
Примери
[уреди | уреди извор]Цели броеви
[уреди | уреди извор]Целите броеви заедно со обичното собирање претставуваат Абелова група.
Тривијална група
[уреди | уреди извор]Множеството заедно со единствената можна операција сочинуваат Абелова група.
Симетрична група
[уреди | уреди извор]Нека е произволно множество и нека е множеството на сите инвертибилни функции . Тогаш е група заедно со композиција на функции. Голем број на групи настануваат на сличен начин со додавање на дополнителни рестрикции на функциите.
Ако , тогаш пишуваме и ја нарекуваме оваа група -та симетрична група.
Литература
[уреди | уреди извор]- Ayres, Frank (1965). Schaum's Outline of Modern Abstract Algebra (1st. изд.). McGraw-Hill. ISBN 9780070026551.