Гружанско Езеро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Гружанско Езеро
Гружанско Езеро - Гружанското Езеро на зајдисонце
Гружанско Езеро - Гружанското Езеро на зајдисонце
Гружанското Езеро на зајдисонце
Вид вештачко езеро
Земји во сливот  Србија
Најг. должина 10
Најг. ширина 0,3-2,8
Површина 9
Прос. длабочина 6,5
Најг. длабочина 35
Водна зафатнина 0,0645

Гружанско Езеро е вештачко езеро во Србија во близина на Книќ, изградено на реката Груж.

Формирање на акумулацијата[уреди | уреди извор]

Мапа на акумулацијата

Со изградбата на браната (1979-1981) била преградена една од најдолгите и најбогати со вода реки во Шумадија - Гружа. По изградбата на бетонско-лачната брана кај местото Пајсијевиќи во општина Книќ, била формирана повеќенаменската акумулација Гружа, чие полнење било завршено во 1983 година. Примарна намена на акумулацијата била водоснабдувањето на Крагуевац, Краљево и околните села), денес од оваа акумулација со вода се снабдуваат повеќе од 300.000 граѓани. Формирањето на акумулацијата барало изградба на нова инфраструктура, па за потребите на одржувањето на непречен сообраќај, бил изграден мост на главната траса М-23 (Крагуевац - Чачак).

Морфолошки и хидролошки одлики[уреди | уреди извор]

Гружданското Езеро има волумен од 64,5 милиони. Обемот на езерото е околу 42, а широчината од 300 до 2.800. Долго е околу 10 метри и оивршина од околу 900 метри квадратни. Со потопувањето биле формирани повеќе ртови и заливи со кои бил создаден добро вдлабнат брег. Брегот е релативно низок, пристапен и обраснат со ливади, шуми и ниски листопадни грмушки. На страната на Книќ се изделуваат повремени карпести делови и нешто повисоки брегови кои се понепристапни. Во северниот дел езерото е широко 1000-2000 метри, додека во јужниот дел (кон браната) езерото се стеснува на широчина од 100-500 метри. При максималниот водостој, крајбрежната линија е долга 42 километри, додека за време на режим на низок водостој (најчесто во летните месеци) таа е скратена за максимално три километри. Просечната длабочина на езерото при максимален водостој е 6,5 метри, додека максималната длабочина е 35 метри. Најголем дел од акумулираната вода (над 80%) е во граница на длабочина од 10 метри, што укажува на релативната „плиткост“ на акумулацијата.

Езерото нема голем број притоки, единствена притока со постојан ток е реката Гружа. По реката Гружа помали притоки се: Борачка река, потоците Ќуревац и Пањевац, кои пресушуваат во жешките летни месеци. Токму поради ваквиот воден биланс, како и големата потрошувачка во комбинација со дотекот на отпадните води од 22 околни населени места, процесот на еутрофикација е забрзан. Мразот ретко го покрива езерото во целост, освен за време на исклучително силни зими кога може да трае и до еден месец.

Биоразновидност[уреди | уреди извор]

Од риби во гружанското езеро живеат крап, штука, сом, бабушка, беовица, бандар, езерска пастрмка, деверика, смуѓ итн. Благодарение на неговата близина до Книќ и Крагуевац, како и неговата пространост, на Гружданското езеро чести се риболовните натпревари.

Езерото игра многу важна улога за време на селидбата на странските и домашните популации на птици. Езерото воедно е и презимувалиште за некои видови патки и гуски, бидејќи се наоѓа на претпоставената моравско-вардарска миграциска рута. Забележани се 78 видови на птици, од кои за 25 е утврдено дека се гнездат на подрачјето на езерото. Најголем број на видови е забележан во зоната на силно антропогено влијание.[1]

Останато[уреди | уреди извор]

  • Езерото Груж низ стихови во своите песни го промовираше „лирскиот здравичар Груж“ Добрица Ериќ
  • Од 1996 година на падините на езерото, во атарот на селото Жуња, секоја година се организира ликовната колонија „Гружанска есен“, која собира уметници од Србија и странство.
  • Во езерото на 03.06.2010 година се урнал борбен авион Ј-22 Орао на Војската на Србија

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

 

  1. Barjaktarov, D., Ornitološki značaj Gružanske akumulacije, Zbornik Matice srpske za prirodne nauke 2004, br. 107. стр. 55-64

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • Информации за езерото на локацијата
  • Марковић, Јован Ђ. (1990). Енциклопедијски географски лексикон Југославије. Сарајево: Свјетлост. ISBN 978-86-01-02651-3.CS1-одржување: ref=harv (link)