Грофицата од Хонг Конг (филм од 1976)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Грофицата од Хоинг Конг (англиски: A Countess from Hong Kong) - американски филм од 1976 година, во режија на Чарли Чаплин, кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги толкуваат: Марлон Брандо, Софија Лорен, Сидни Чаплин и Типи Хедрен. Ова е последниот филм на Чарли Чаплин и, истовремено, неговиот прв филм во боја. Притоа, во филмот глуми и синот на Чарли Чаплин, Сидни, а се појавува и неговата ќерка, Џералдин Чаплин.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

На една забава во Хонг Конг, американскиот политичар Огден Меарс (го игра Брандо) ја запознава осиромашената руска грофица Наташа (ја игра Лорен), која заработува за живот како дама за придружба. Утредента, тој патува со брод до Хаваите и во ормарот ја пронаоѓа скриената Наташа. Најпрвин, тој сака да ја пријави, но таа му објаснува дека сака да си ја проба среќата во САД. Така почнува долгата игра на криење и преслекување, со цел да се прикрие идентитетот на слепиот патник. Проблемите се зголемуваат кога Огден и Наташа меѓусебно се вљубуваат, но него го чека сопругата на Хаваите...[2]

Наводи[уреди | уреди извор]