Гродненска епархија

Гродненската епархија (белоруски:Гродзенская дыяцэзія, латински:Dioecesis Grodnensis) е католичка епархија (диоцеза) во Белорусија со центар во градот Гродно. Патрон на епархија е Св. Казимир.
Историја[уреди | уреди извор]
На 13 април 1991 година, папата Јован Павле II ја издадал булата "Qui operam", основајќи ја Гродненската епархија со тоа што таа била одделена од Вилнуската архиепископија.
Структура[уреди | уреди извор]
Таа ја зафаќа територијата на Гродненската област на северозападна Белорусија и е суфраган во однос на Минско-Могиљовска архиепископија. Во епархијата се вклучени Гродненската богословијата и Гродненскиот катехизичен институт. Нејзина катедрала е Катедралата на Св. Фрацис Ксавиер во Гродно, со почесен статус на "мала базилика". Од основањето на епархијата на чело бил епископот Александар Кашкевич. Помошен епископ е Јосиф Станевски.
Деканати[уреди | уреди извор]
- Островешки
- Ошмјански
- Берестовиски
- Волковиски
- два Гроднински (источен и западен)
- Дјатловски
- Ивевски
- Лидски
- Мостовски
- Новогрудски
- Радунски
- Сопотински
- Сморгонски
- Слонимски
- Шчучински
Статистика[уреди | уреди извор]
При крајот на 2014 година католиците биле 55.0 % од вкупното население на територијата на епархијата.[1]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Мрежната страница на епархија
- Статистика на catholic-hierarchy.org
- Статистика на gcatholic.org
- Булата Qui operam