Гркот Зорба (филм од 1964)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Гркот Зорба“ (англиски: Zorba the Greek) — американско-британско-грчки филм од 1944 година, во режија на Мајкл Какојанис (Michael Cacoyannis), кој е автор и на сценариото, засновано врз истоимениот роман на Никос Казанѕакис. Главните улоги ги граат: Ентони Квин (Anthony Quinn), Алан Бејтс (Alan Bates), Ирене Папас (Irene Papas), Лила Кедрова (Lila Kedrova), Џорџ Фундас (George Foundas) и Елени Анусаки (Eleni Anousaki). Филмот бил толку популарен, што долги години привлекувал бројни туристи во Грција кои верувале дека таму ќе сретнат темпераментни луѓе како Зорба. Голем печат на филмот му дала музиката на Микис Теодоракис која, исто така, станала многу популарна. Филмот освоил три награди „Оскар“, и тоа: за најдобра споредна женска улога (Кедрова), за најдобар снимател (Валтер Ласали) и за најдобра сценографија (Васили Фотопулос).[1]

Композиторот Теодоракис

Синопсис[уреди | уреди извор]

Млад човек, роден во Англија, но со грчки родители(го игра Бејтс), кој се претставува како писател, иако долго време не напишал ништо, пристигнува на стровот Крит со намера да го отвори рудникот за јаглен кој штотуку го наследил. Додека го чека бродот, тој го запознава темпераментниот селанец Зорба (го игра Квин) и веднаш се спријателува со него. Зорба му ветува дека ќе работи за него и дека ќе му служи како водич. Тие се сместуваат во едно село, во куќата на старата проститутка (ја игра Кедрова) која жали за старите добри времиња. Во селото среќаваат и вдовица завеана во црнина (ја игра Папас), која никогаш не зборува, а момчето запознава и други необични жители на селото. Постепено, воздржаниот писател ги поприма одликите на Зорба и го прифаќа животот онака како што прави и Зорба...[2]

Наводи[уреди | уреди извор]