Гринфилд инвестиција

Од Википедија — слободната енциклопедија

Гринфилд инвестиција претставува инвестиција во производство, канцеларии, или други физички структури поврзани со компанија, или група на физички структури каде што не постојат претходни објекти.[1]

Гринфилд инвестирање обично се нуди како алтернатива за други форми на инвестиции, како што се спојувања и преземања, заеднички вложувања, или договори за лиценцирање. Гринфилд инвестирање често се спомнува во контекст на странски директни инвестиции.

Поврзан термин со гринфилд инвестиција која станува се популарен е браунфилд инвестиција, каде што едно место кое претходно се користело за деловни цели, како на пример фабрика за челик или рафинеријата за нафта, се проширува/надградува за да се зголеми добивката.

Гринфилд инвестиција претставува форма на странски директни инвестиции, каде што матична компанија започнува нов потфат во една странска земја со изградба на нови оперативни капацитети почнувајќи од нула. Во прилог на градењето на нови објекти, повеќето домашни компании, исто така, создаваат нови долгорочни работни места во странската држава со вработување на нови вработени.

Земјите во развој често им нудат таканаречени даночни олеснувања на потенцијалните компании, субвенции и други видови на стимулации за да се постават нови гринфилд инвестиции. Владите често велат дека губењето на корпоративниот данок на приходите е мала цена која треба да се плати во замена на создавање на нови работни места и стекнување со знаење и технологија на зајакнување на човечкиот капитал во земјата.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Broadcom. „802.11n: Next-Generation Wireless LAN Technology White Paper“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2007-10-09. Посетено на 2010-03-20.