Григориј Зафиров
| Григориј | |||||||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| |||||||||
| Лични податоци | |||||||||
| Световно име | Христо Василев Зафиров | ||||||||
| Роден | 1853 Стара Загора, Отоманско Царство (денешна Бугарија) | ||||||||
| Починал | 4 ноември 1906 Битола, Отоманско Царство (денешна Македонија) | ||||||||
| Вероисповед | Православие | ||||||||
| Потпис | |||||||||
Григориј бил бугарски православен духовник, охридски и пелагониски митрополит на Бугарската егзархија.
Биографија
[уреди | уреди извор]Григориј е роден во Стара Загора, во 1853 година. На 6 декември 1890 година бил ракоположен за епископ со титула Макариополски.
Од 1891 година управувал со Охридската епархија на Егзархијата. На 6 август 1894 година е избран за митрополит Охридски. Веднаш по овој избор, на 15 август 1894 година, го осветил храмот Свети Кирил и Методиј во Ресен.[1] Бидејќи, претходно, единствениот храм во градот, Св. Ѓорѓи бил под патријаршиска управа, населението во Ресен кое ја прифаќало јурисдикцијата на Егзархијата немало храм. Во 1897 година, Григориј ја изградил импресивната зграда на училиштето „Свети Климент Охридски“, денес седиште на Дебарско-кичевската митрополија. Откако бил добиен султански берет за егзархиски митрополит во Битола во 1897 година, тој станал митрополит пелагониски, а на негово место во Охрид бил поставен Методиј.[1]
Белешки
[уреди | уреди извор]- ↑ Како митрополит на Бугарската егзархија, која во тој период е во шизма со Цариградската патријаршија. Патријаршиски митрополити Охридски во тој период се Антим Геѕис (1892 – 1895), Амвросиј Ставринос (1895 – 1896) и Панарет Петридис (1896 – 1899), со седиште во Крушево.
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 Недески, Виктор (2022). „Црковните прилики во Охридската епархија во втората половина на XIX век“ (PDF). Зборник на трудови: 70 години Завод и музеј-Струмица: 101–109.