Григорис Фалиреас

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Фалиреас Григориу
Grigorios Falireas (Kapetan Ziakas).jpg
Роден 1873
Припица, Грција
Починал 1937
Атина, Грција

Григорис Фалиреас, познат како капетан Закас (името се среќава и како Фалиреас Григориу, грчки: Γρηγόρης Φαληρέας, Καπετάν Ζάκας) бил грчки офицер, деец на грчката воружена пропаганда, андартски капетан и учесник во Борбата за Македонија.

Животопис[уреди | уреди извор]

Роден е во селото Припица, на полуостровот Мани на територијата на денешната дема (општина) Левктрос. Учествувал како доброволец во Критското востание, а по него завршил грчко воено училиште.

На 22 мај 1906 година под псевдонимот капетан Закас (според грчкиот револуционер Теодорос Закас) влегува во Македонија со андартска чета од 30 души и зел учество во борбата против Македонската револуционерна организација во Костурско.

На 15 март 1907 година испратил писмо до селаните на Б’мбоки, заедно со Лазар Апостоловски (Лазарос Апостолидис), Лукас Кокинос и други, во кое истакнал:

Браќа, сметам дека ми е должност што ви го пишувам сегашново писмо, за да ве посоветувам да престанете да имате глупава идеја, дека е можно Елинска Македонија да стане бугарска земја. Вистина е дека и вие се лажете од некои маскари и безчестници кои ви дадоа идејата дека сте Бугари [белешка 1][белешка 2] , но, за бога, зошто да не ги прашате своите предци, татковци и дедовци, тие да ви кажат какви сте и затоа што сте научиле неколку криви бугарски зборови, мислите дека сте Бугари ... Соберете си го умот во главата и пробратетесе во Елини-христијани, како порано, затоа што, ако до 20 април не се преобратите, ќе влезам како бесен во селото и нема да оставам ништо, ниту жени, ниту деца, ниту кучиња [1].

На 16 јули 1907 година четите на Закас и капетан Гермас (Николаос Цотакос) биле опколени во селото Лошница од страна на турските сили, во текот на борбата андартските чети биле разбиени, Лицас загинал, а Закас успеал да се спаси. Германос Каравангелис за него вели:

Закас (Григориос Фалиреас - денес генерал) и Гермас (Николаос Цотакос од селото Герман од епархија Итилу, Лаконија, подофицер тогаш) имаа по една доста добра чета и се бореа машки и систематски. Закас дури беше влегол во Тиолишча, Кладороби и во други села и беше казнил некои од бугарите [белешка 1][белешка 2], кои злосторуваа.[2]
Биста на капетан Закас во Костур.

Фалиреас како грчки офицер учествувал во Балканските војни, а во текот на Грчко-турската војна бил командир на 44. пешадиски полк. Се пензинирал од грчката армиија во 1933 година како генерал-полковник.

Умрел 1937 година во Атина [3].

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Грчките националисти и пропагандисти Македонците ги нарекуваат Бугари, Бугарофони или Славофони... Додека пак самите себеси се нарекуваат како „Македономахи“ или „Македонски борци“ (Μακεδονομάχοι) види: Mαρτύρων καί Hρώων αίμα од Јон Драгумис и „Македонската борба (спомени на Германос Каравангелис)“
  2. 2,0 2,1 Во Османлиското Царство не постоел редовен ситем за попис на населението со утврдени методи и принципи како во западноевропските држави. Осмaнските власти го евидентирале само машкото население и тоа не по национална основа туку по вероисповед. Мажите муслимани биле запишувани поради воената обврска, а христијаните поради даноците. Меѓутоа постоеле еден вид на матични книги т.н нуфуз дефтери во кој биле запишувани датумот на раѓање, името, името на родителите и презимето, меѓутоа од нуфузите не може да се утврди националниот состав на населението во Македонија. Под графата Муслимани биле запишувани: Турците, Циганите, исламизираните Македонци, Арнаутите, Черкезите, Арапите и други, односно припадниците на муслиманската вероисповед. Во графата Рум Милет (Грци) биле запишувани сите православни христијани во Отоманското Царство кој биле под духовна јуриздкција на Цариградската патријаршија, тука спаѓаат Македонците-патријаршисти кој биле нарекувани и како Грци. Христијанското население кое било под духовна власт на Бугарската егзархија било запишувано како Бугар милет, тука спаѓаат Македонците-егзархисти кој биле нерекувани како Бугари. Од национален аспект само за Евреите постоела посебна графa како Јауди, но и тука имало исклучок. Евреите муслимани биле впишувани како Турци, види: Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Табернакул, Институт за историја - Филозовски факултет, Скопје, 2003

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Георгиев, Величко, Стайко Трифонов, История на българите 1878 - 1944 в документи, том 1 1878 - 1912, част втора, стр. 267-268.
  2. Каравангелис, Германос, „МАКЕДОНСКАТА БОРБА (СПОМЕНИ)“, приложение към „ВАСИЛ ЧЕКАЛАРОВ, ДНЕВНИК 1901-1903 г.“, Ива Бурилкова, Цочо Билярски, ИК „Синева” София, 2001 г., стр. 365.
  3. Γρηγόρης Φαληρέας - Καπετάν Ζάκας