Грејс од Монако (филм од 2014)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Грејс од Монако (англиски: Grace of Monaco ) - американско-француски филм од 2014 година, во режија на Оливје Даан (Olivier Dahan), според сценариото на Араш Амел (Arash Amel). Главните улоги ги играат: Никол Кидман (Nicole Kidman), Тим Рот (Tim Roth), Френк Ланџела (Frank Langella), Андре Панверн (André Penvern), Паз Вега (Paz Vega) и Дерек Џекоби (Derek Jacobi). Филмот бил номиниран за наградата „Еми“, во две категории, а кралското семејство од Монако издало официјално соопштение дека филмот никако не смее да се смета како биографски, зашто ги искривува историските факти.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Филмот ја прикажува приказната за холивудската глумица Грејс Кели (ја игра Кидман) која во 1956 година се омажила за принцот Рение од Монако (го игра Рот). Шест години подоцна, се заоструваат односите меѓу кнежеството Монако и Франција, зашто францускиот претседател Шарл де Гол се заканува дека ќе му наметне данок на Монако и дека ќе го заземе. Истовремено, во криза е и бракот меѓу Грејс Кели и принцот Рение, зашто таа сака да глуми во филмот на Алфред Хичкок, „Марни“...[2] [3]

Наводи[уреди | уреди извор]