Грејс Хопер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Грејс Мари Хопер
9 декември 1906 - 1 јануари 1992
Commodore_Grace_M._Hopper,_USN_(covered).jpg
Поморски офицер Грејс М. Хопер, 1984
Прекар:"Amazing Grace"
Роден во:Њујорк, САД
Починал во:Арлингтон, Вирџинија, САД
Служба во: САД
Род:Американската морнарица
Период на служба:1943–1966, 1967–1971, 1972–1986
Чин:US-O7 insignia.svg Поморски офицер
Одличја:Defense Distinguished Service Medal ribbon.svg Defense Distinguished Service Medal

Legion of Merit ribbon.svg Legion of Merit
Meritorious Service Medal ribbon.svg Meritorious Service Medal
American Campaign Medal ribbon.svg American Campaign Medal
World War II Victory Medal ribbon.svg World War II Victory Medal
National Defense Service Medal ribbon.svg National Defense Service Medal
AFRM with Hourglass Device (Silver).jpg Armed Forces Reserve Medal со две Hourglass Devices
U.S. Naval Reserve Medal ribbon.svg Naval Reserve Medal

Presidential Medal of Freedom (ribbon).png Presidential Medal of Freedom (постхумно)

Грејс Брустер Мари Хопер (9 декември 1906 – 1 јануари 1992 година) била американски компјутерски научник и адмирал во морнарицата на САД.[1] Една од првите програмери на Харвард Марк I компјутерот, таа беше еден од пионерите на компјутерското програмирање и таа го измисли еден од првите алатки поврзани со компајлерот. Таа ја популаризирала идејата за машинско-независните програмски јазици, што доведе до развојот на COBOL, ран програмски јазик од високо ниво уште во употреба денес.

Хопер се обиде да се пријави во морнарица во текот на втората светска војна, но таа беше одбиена бидејќи беше 34 години и се сметаше за премногу стара за да се пријави. Наместо тоа таа се приклучи на воените резерви. Хопер ја започна својата компјутерска кариера работејќи на Харвард Марк I тимот кој беше предводен од Хауард Х. Ајкен. Во 1949 година, таа се приклучи на Екерт–Мокли компјутерската корпорација и беше дел од тимот за развој кој го дизајнираше UNIVAC I компјутерот во 1944 година. При нејзината работа во Екерт–Мокли таа почна да го развива компајлерот. Таа верувала дека компјутерскиот код може да биде напишан на англиски јазик со користење на програмски јазик кој се базира на англиски зборови. Компајлерот требаше да го претвори тој код во машински код кој ќе биде сфатен од страна на компјутерите. До 1952 година Хопер го заврши нејзиниот програмски линкер (првично наречен компајлер), кој беше напишан за А-0 системот.[2][3][4][5]

Во 1954 година, Екерт–Мокли ја избрале Хопер да го води нивниот оддел за автоматско програмирање и таа него го водеше при креирањето на некои од првите компилирани јазици како FLOW-MATIC. Во 1959 година таа учествуваше во CODASYL конзорциумот, кој ја консултирал Хопер за да ги води при создавањето на еден машинско-независен програмски јазик. Ова доведе до COBOL јазикот, кој бил инспириран од нејзината идеја за јазик заснован на англиски зборови. Во 1966 година таа се повлече од резервите, но во 1967 година морнарицата побара таа повторно да се врати на активна должност. Таа се повлече од морнарицата во 1986 година и добила работа како консултант за Digital Equipment Corporation, споделувајќи ги нејзините искуства со компјутерите.

Благодарение на нејзините достигнувања и нејзиниот поморски чин таа го доби прекарот "Amazing Grace".[6][7] Американскиот разурнувач USS Hopper беше именуван според неа, како што беше и Cray XE6 "Хопер" суперкомпјутерот на NERSC.[8] Во текот на својот живот Хопер се здоби со 40 почесни дипломи од универзитети од целиот свет. Еден колеџ во Јеил универзитетот е именуван во нејзина чест. Во 1991 година таа го доби Националнот медал за технологија. На 22 ноември 2016 година таа беше постхумно наградена со Претседателскиот медал на слободата од страна на претседателот Барак Обама.[9]

Некролошки известувања[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Cantrell, Mark. „Amazing Grace: Rear Adm. Grace Hopper, USN, was a pioneer in computer science“, „Military Officer“, Military Officers Association of America, март 2014, стр. 52–55, 106.
  2. Donald D. Spencer (1985). Computers and Information Processing. C.E. Merrill Publishing Co. ISBN 978-0-675-20290-9. 
  3. Phillip A. Laplante (2001). Dictionary of computer science, engineering, and technology. CRC Press. ISBN 978-0-8493-2691-2. 
  4. Bryan H. Bunch, Alexander Hellemans (1993). The Timetables of Technology: A Chronology of the Most Important People and Events in the History of Technology. Simon & Schuster. ISBN 978-0-671-76918-5. 
  5. Bernhelm Booss-Bavnbek, Jens Høyrup (2003). Mathematics and War. Birkhäuser Verlag. ISBN 978-3-7643-1634-1. 
  6. "Cyber Heroes of the past: "Amazing Grace" Hopper". конс. December 12, 2012. 
  7. "Grace Murray Hopper". конс. December 12, 2012. 
  8. "Hopper". конс. 2016-03-19. 
  9. "White House honors two of tech's female pioneers". cbsnews.com. конс. November 23, 2016. 

Дополнителна литература[уреди | уреди извор]

  • Beyer, Kurt W. (September 30, 2009). Grace Hopper and the Invention of the Information Age (1st издание). Cambridge, Massachusetts: MIT Press. ISBN 978-0-262-01310-9. 
  • Marx, Christy (August 2003). Grace Hopper: the first woman to program the first computer in the United States. Women hall of famers in mathematics and science (1st издание). New York City: Rosen Publishing Group. ISBN 978-0-8239-3877-3. 
  • Norman, Rebecca (June 1997). "Biographies of Women Mathematicians: Grace Murray Hopper". Agnes Scott College. конс. 2014-11-17. 
  • Williams, Kathleen Broome (November 15, 2004). Grace Hopper: Admiral of the Cyber Sea (1st издание). Annapolis, Maryland: Naval Institute Press. ISBN 978-1-55750-952-9. 
  • Williams, Kathleen Broome (2001). Improbable Warriors: Women Scientists and the U.S. Navy in World War II. Annapolis, Maryland: Naval Institute Press. ISBN 978-1-55750-961-1.  Williams' book focuses on the lives and contributions of four notable women scientists: Mary Sears (1905–1997); Florence van Straten (1913–1992); Grace Murray Hopper (1906–1992); Mina Spiegel Rees (1902–1997).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: