Грејди Вебстер
Грејди Линдер Вебстер (1927–2005) — систематист за растенија и таксоном. Тој добил голем број награди и бил назначен за стипендист на ботанички институции во САД. Истражувањето на Вебстер вклучувало проучување на семејство млечки, за кое напишал многу трудови, а предавал и за систематика на растенијата, биогеографија и екологија на опрашување. Кариерата на Вебстер како систематист за растенија се одликувала со теренските истражувања што ги преземал во тропски области.
Биографија
[уреди | уреди извор]Вебстер бил роден во Ада, Оклахома на 14 април 1927 година, од Ирена Лоис Херд и Грејди Вебстер, издавач на весник. Неговото семејство се преселило во Остин, Тексас. Работел во бизнисот на својот татко, а стекнал интерес за растенијата во средно училиште.[1]
Вебстер служел како поручник во морнарицата додека бил запишан на Универзитетот Стенфорд, а дипломирал ботаника на Универзитетот во Тексас во 1949 година. Докторирал на Универзитетот во Мичиген кај Роџерс Мекво и се запишал на постдокторски студии со стипендија на Харвард, која ја обезбедила Националната научна фондација. На Харвард работел со И.В. Бејли и се оженил со Барбара Ан Донахју, докторка по морфологија на растенијата, во 1956 година.[1]
Интересот за разновидното семејство на растенија Euphorbiaceae го инспирирал неговото теренско истражување, патувајќи во оддалечени тропски и суптропски региони во Африка, Јужна и Централна Америка, Карибите, Австралазија и Европа. Тој придонел со над 34000 примероци во хербариумите низ целиот свет. Тој предводел експедиција за проучување на флората на регион познат како резерват Макипукуна во Андите, и објавувил истражувања и книга за разновидност на видовите во неговите шуми.[2][3]
Вебстер бил назначен за професор на одделот за ботаника и директор на арборетумот, на Универзитетот во Калифорнија, Дејвис.
Наградата Грејди Л. Вебстер на Американското здружение на таксономисти за растенија (ASPT) и Ботаничкото друштво на Америка, се доделува годишно и наизменично на публикации од систематиката на растенијата или од структурната биологија.[4] За време на неговиот живот, тој ги добил наградите Аса Греј и Мерит од овие здруженија. Добил стипендии од Гугенхајм, Смитсонијан и Националната научна фондација.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 „Webster, Grady L.“. Biography (extract). Australian National Herbarium. Посетено на 2008-10-10.
- ↑ „Grady Webster“. In memoriam. University of California. Архивирано од изворникот на 2008-07-24. Посетено на 2008-10-12.
- ↑ Webster, Grady L.; Rhode, Robert Martin (2001). Plant Diversity of an Andean Cloud Forest; inventory of the vascular flora of Maquipucuna, Ecuador. Berkeley; London: University of California Press. ISBN 0-520-09830-7.
- ↑ „Grady L. Webster Award“. Society Information. American Society of Plant Taxonomists. 2006. Архивирано од изворникот на 2008-09-07. Посетено на 2008-10-12.
- ↑ „Автори“. Меѓународен индекс на растителни имиња. (англиски)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Трудови на Грејди Вебстер во Одделот за специјални збирки, Универзитетска библиотека, Универзитет во Калифорнија, Дејвис