Гренландски јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Гренландски јазик
Kalaallisut
Застапен во Гренланд, Данска
Подрачје Северна Америка
Народ Калалити
Говорници 58,000 (2002)  
Јазично семејство
Статус
Службен во  Гренланд[1]
Регулативен орган Oqaasileriffik (Гренландски јазичен секретаријат)[2]
Јазични кодови
ISO 639-1 kl
ISO 639-2 kal
ISO 639-3 kal
{{{mapalt}}}

Гренландскиот или калалисутски јазик е ескимско-алеутски јазик кој воглавно се зборува во Гренланд од околу 57.000 жители. Гренландскиот јазик е сроден со староседелските јазици во Канада, особено со инуитските јазици. Стандардниот гренландски јазик се базира на западниот дијалект наречен калалисутски и истиот е единствен официјален јазик во Гренланд од 2009 година. Покрај западниот, гренландскиот е составен од источен или тунумитски дијалект и поларно-ескимски или инуктунски дијалект.

Гренландскиот е полисинтетичен јазик кој дозволува создавање на долги зборови преку комбинирање на корени и афикси. Гренландскиот создава свои зборови за нови технолошки појави, но во последно време јазикот директно прифаќа зборови од англиско или данско потекло. Јазикот се пишува на латиница уште од данската колонизација во 170-те години. Првиот гренландски правопис бил создаден од Самуел Клајншмит во 1851, во јазикот од тогаш доста многу се променил, најмногу во поглед на гласовниот систем. Со реформите од 1973 година, гренландското писмо се поедноставило и станало полесно за изучување.

Историја[уреди | уреди извор]

Гренландскиот јазик бил донесен во Гренланд со доаѓањето на народот Туле во 1200-те години. Денес не е познато кој јазик се зборувал од страна на претходната Сакачка и Дорсетска култура во Гренланд.

Првите описи за гренландскиот датираат од 1600-те години, и со доаѓањето на данските мисионери во раните 1700-ти години. Тогаш започнала данската колонизација на Гренланд и со тоа биле направени првите почетоци за создавање први речници и опис на гренландската граматика. Мисионерот Паул Егеде го напишал првиот гренландски речник во 1750 година, а првата граматика во 1760 година.[3]

Од времето на данската колонизација во 1700-те па до гренландската самоуправа во 1979 година, гренландскиот доживеал зголемен притисок од данскиот јазик. Во 1950-те данската јазична политика била насочена кон замена на гренландскиот со данскиот. Првенствено таквата замена била во образованието и официјалната употреба на јазикот во државата.[4]

Од 1851 до 1973, гренландскиот користел сложен правопис кој бил направен од мисионерскиот јазичар Самуел Клајншмит. Во 1973 година бил воведен нов правопис за гренландскиот јазик чија намера била да се доближи пишаниот јазик со говорниот, кој патем значително се променил од времето на Клајншмит. Овие реформи стапиле на сила веќе следната година и со тоа писменоста на гренландскиот јазик значително се зголемила.[4]

До јуни 2009 година, гренландскиот бил официјален во Гренланд заедно со данскиот. Од тој момент навака, гренландскиот е единствен официјален јазик во државата.[1] Со тоа, гренландскиот јазик станал уникатен пример за еден староседелски јазик во Америка во однос на усвојување на закон и признавање на староседелскиот јазик како единствен официјален на територијата на државата. Сепак, УНЕСКО се уште го класифицира јазикот како ранлив.[5] Нивото на писменост во државата е 100%.[6] Поради фактот дека западногренландскиот се наметнал како стандарден во државата, останатите дијалекти се сметаат за загрозени и активо се преземаат мерки за зачувување на источногренландскиот дијалект.[7] Ваквите статуси на загрозеност се првенствено поради општиот природен број на население, не само на дијалектите туку и во државата.

Писмо[уреди | уреди извор]

Гренландскиот јазик се пишува на латиница. Современиот гренландски правопис е од 1973 година, со кој се заменил постариот и посложен правопис. За разлика од останатите инуитски јазици, гренландскиот не се пишува со канадското слоговно писмо.

гренландска азбука
Aa Ee Ff Gg Hh Ii Jj Kk Ll Mm Nn Oo Pp Qq Rr Ss Tt Uu Vv
приближни македонски еквиваленти
а е ф г х и ј к л м н о п к р с т у в

За странски зборови и имиња, во јазикот се користат и другите латинични букви, најчесто: B, C, D, W, X, Y, Z, Æ, Ø и Å.

Наводи[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]