Гренландска фока

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Гренландска фока
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Chordata
Класа: Mammalia
Ред: Carnivora
Натфамилија: Pinnipedia
Фамилија: Phocidae
Род: Pagophilus
Вид: P. groenlandicus
Биномен назив
Pagophilus groenlandicus
Erxleben, 1777

Гренландска фока (Pagophilus groenlandicus)

ДОЛЖИНА 1,7-1,9 м
ТЕЖИНА 120-140 кг
ЖИВЕАЛИШТЕ поларни води
РАСПРОСТРАНЕТОСТ Северен Атлантски Океан и области околу Арктикот, на исток сè до Сибир

Еден од најраспространетите видови фоки во крајните северни области се раѓа со бело крзно кое на младенчињата им служи за камуфлирање во мразот. Возрасните фоки имаат сребресто-сива боја и се прошарани со темни дамки што со текот на времето стануваат се повидливи. Гренландската фока се храни главно со риби и ракови. Живее на јужниот раб на арктичката ледена покривка, каде и лежи додека се митари. На почетокот на пролетта возрасните женки раѓаат по едно младенче, кое го дојат само 12 денови. Тогаш младенчињата го менуваат своето бело крзно и почнуваат да пливаат. Повеќе децении младенчињата на овие фоки се цел на ловците кои ги ловат поради квалитетното крзно. И покрај кампањите на борците за заштита на животните, ловците и натаму годишно убиваат окоолу 250,000 младенчиња на овие фоки. Природни непријатели на овие фоки се ајкулите, поларните мечки и китовите-убијци. [2] [3] [4] [5] [6]

Наводи[уреди]

  1. Kovacs, K. (2008). „Pagophilus groenlandicus“. Црвен список на МСЗП - загрозени видови во 2008 година. МСЗП 2008. Вчитано на 29 January 2009.
  2. Nationalgeographic.com
  3. [1] NMFS.noaa.gov
  4. Seamap Duke.edu
  5. Corbet, G. B., & Harris, S., eds. (1991). The Handbook of British Mammals, 3rd. ed. Blackwell, Oxford.
  6. Anon (1987). Harp Seals, Brunnich's Guillemots and White-billed Divers Twitching 1 (3): 58.

Надворешни врски[уреди]