Прејди на содржината

Грени Смит

Од Википедија — слободната енциклопедија
Malus „Грени Смит“
РодителиСе мисли
Malus domestica × Malus sylvestris
СортаГрени Смит
ПотеклоМери Ана (Шервуд) Смит
Австралија, 1865

Грени Смит е сорта на јаболко со потекло од Австралија околу 1865 од случаен расад расаден од Мери Ана Грени (баба) Смит. Се мислидека ова било семка од Malus sylvestris, Европско диво јаболко, вкрстена со стандардното домашно јаболко M. domestica како опрашувач; доколку ова е точно, тоа значи дека е хибрид.

Ова јаболко било насекаде садено во Нов Зеланд, од каде било донесено во Англија околу 1935 и САД во 1972 од страна на Грејди Овил.

Јаболката „Грени Смит“ се зелени со светлозелени пеги, иако некои можат да имаат и розово руменило. Тие се рскави, сочни, кисели јаболка одлични за готвење или јадење директно. Исто така овие секористат во овошни салати заради тоа што потемнуваат побавно од другите видови.

Оваа сорта бара помалку часови на ладно, а повеќе време за да узрее, и затоа претежно расте во предели со умерена клима.

Јаболката „Грени Смит“ се поцврсти по состав од другите зелени јаболка, што може да предизвика проблеми кај луѓто со вештачки вилици.

Јаболко „Грени Смит“