Грег Монро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

[1]

Грег Монро

Greg Monroe vs Wizards 2014.jpg

Лични информации
Роден на 4 јуни 1990 (1990-06-04) (29 г.)
Роден во Њу Орлеанс, Луизијана, САД
Националност САД САД
Позиција центар, крилен центар
Информации за кариерата
Колеџ Џорџтаун Хојас (2008–2010)
Драфт 2010 / Рунда: 1 / Пик: 7
Избран од:
Детроит Детроит Пистонс
Проф. кариера 2010—
Мометален клуб
Клуб Бајерн Минхен Бајерн Минхен
Број 10
Сениорски клубови
Години: Клубови:
2010—2015
2015—2017
2017—2018
2018
2018—2019
2019
2019
2019—
Детроит Детроит Пистонс
Милвоки Милвоки Бакс
Финикс Финикс Санс
Бостон Бостон Селтикс
Торонто Торонто Репторс
Бостон Бостон Селтикс
Филаделфија Филаделфија 76ерс
Бајерн Минхен Бајерн Минхен

Грег Кеит Монро Џуниор (роден во Харви, 4 јуни 1990) е американски професионален кошаркар кој игра на позицијата центар за Бајерн Минхен.

Биографија[уреди | уреди извор]

Грег е син на Грегори Сениор и Норма Џин Монро, а има и сестра Британи. Неговиот чичко Норман Диксон играл фудбал на Брингам Јанг Универзитетот.

Кариера[уреди | уреди извор]

Колеџ[уреди | уреди извор]

Монро играл како моќен крилен центар во Џорџтаун Хојас универзитетот пред да биде прогласен како прифатлив за НБА. На 24 јуни 2010 година тој бил избран од страна на Детроит Пистонс како вкупно 7-ми пик на драфтот 2010.

НБА[уреди | уреди извор]

Детроит Пистонс[уреди | уреди извор]

Официјално Монро потпишал со Пистонс на 6 јули 2010. За својата руки сезона го добил дресот со бројот 10., и тој ќе биде последниот играч на Пистонс кој ќе го носи овој број, бидејќи во меѓувреме била донесена одлука истиот да биде пензиониран во чест на славниот Денис Родман.[2]

Монро го направил своето деби во регуларниот дел од сезоната во НБА на 30 октомври, 2010 против Чикаго Булс. Тој влегол од клупата за резерви и запишал 2 поена и 3 скока за 7 минути поминти на паркетот. По редовното влегување од клупата во првиот месец од сезоната, Монро го направил својот прв старт во првата петорка на Пистонс на 10 декември 2010 година во натпревар против Минесота Тимберволвс. Во овој натпревар, тој имал учинок од осум поени, петнаесет скока и една блокада во 35 минута акција. Во својата дебитантска сезона во НБА тој се борел за место во тимот на центарските позиции со многу поискусните играчи од него како: Бен Валас, Чарли Вилануева и Џејсон Максил. И покрај бавниот старт, производството на Монро се зголемило во 2011 година кога тој станал солиден стрелец и скокач. На 23 февруари 2011 година против Индијана Пејсерс, Монро ја имал најдобра партија за руки сезоната со 27 поени и 12 скока со шут од игра 11-17.

На 4 мај, 2011 година, Грег Монро бил ставен на 6-тото место во гласањето за НБА дебитант на годината, завршувајќи тесно зад Гери Нил од Сан Антонио.[3]

Веќе следната сезона, Монро станува еден од најважните играчи на Детроит Пистонс и со 15.4 поени во просек по натпревар бил најдобар стрелец на својот тим. Тој истотака имал и 9.7 скокови и 2.3 асистенции, но неговиот тим разочарал не успевајќи да се избори за плеј-оф со скор 25-41. На 8 февруари 2012, тој бил избран да учествува на НБА натпреварот на млади ѕвезди. Тој и неговиот соиграч од Пистонс Брендон Најт двајцата играле за тимот Шек иако биле драфтувани во различни години.

За сезоната 2012-2013 во Детроит пристигнува младиот центар Андре Драмонд кој требало да биде конкуренција на Монро на центарската позиција, но во текот на оваа сезона тој имал предност. Монро пропуштил само еден натпревар во регуларниот дел од сезоната и бил стартер во сите останати 81 натпревар. На 19 декември 2012 тој постигнал рекордни за него во НБА, 35 поени против Торонто Репторс во исто толку минути поминати на паркетот, а имал и 10 скокови што претставува само уште еден дабл-дабл, нешто што е карактеристично за него.[4] Сепак и покрај највиокиот број на поени во кариерата на Монро, Пистонс го загубиле натпреварот со 91-97. Овој натпревар некако ја отсликувал целата сезона на Пистонс, воглавно Монро играл добро, но тимот губел. Со просек од 16 поени и 9.6 скокови по натпревар бил еден од најдобрите играчи на Пистонс, но тие одново неуспеале да се изборат за разигрувањето за титулата, завршувајќи на 11. место во вкупниот поредок на источната конференција.

За сезоната 2013-2014 клубот го разрешил тренерот Лоренс Франк и на негово место го назначил Морис Чикс, кој во стратната петорка го вклучил и Драмонд (како центар) со што Монро ги започнувал натпреварите на позицијата крилен центар. Тие двајца оформиле одлично партнерство под кошевите и претставувале најмоќното оружје на Пистонс оваа сезона заедно со новото засилување плејмејкерот Брендон Џенингс кој ги хранел со фантастични асистенции. Низ текот на целата сезона Монро и Драмонд претставувале еден од центарските тандеми со најголем број на скокови. На отворањето на сезоната, Монро постигнал 24 поени, 16 скокови и 3 асистенции во победата над Вашингтон Визардс со 113-102.[5] Тој уфрлил двоцифрен број поени во секој од првите седум натпревари од сезоната.[6][7][8][9][10][11] Неговиот максимален број на поени во оваа кампања 28, го остварил против Њу Орлеанс Пеликанс на 11 декември 2013.[12] За време на оваа сезона, Монро ја забележал својата трета последователна сезона со 1.000+ поени и 600+ скокови, придружувајќи му се на Грант Хил како единствени играчи на Пистонс што успеале да го сторат тоа од сезоната 1994–1995 наваму.[13]

На 30 јуни 2014 година, Пистонс му понудиле едногодишна квалификациска понуда на Монро.[14] На 8 септември 2014 година, било објавено дека Монро ја потпишал квалификациската понуда на Пистонс, која би требало да го направи неограничен слободен агент во 2015 година.[15] Следниот ден, НБА го суспендирала Монро без парична казна за првите два натпревари од сезоната 2014-2015 поради возење со оштетен вид во февруари 2014 година.[16] На 3 декември 2014 година, тој постигнал највисоки за сезоната 29 поени во поразот по продолженија со 102-109 од Бостон Селтикс.[17] На 8 април 2015 година, тој се вратил во акција откако пропуштил 11 натпревари поради повреда на коленото за да запише 19 поени и 10 скока во уште еден пораз од Селтикс.[18]

Милвоки Бакс[уреди | уреди извор]

Монро со Бакс во декември 2016

На 9 јули 2015 година, Монро потпишал тригодишен договор вреден 50 милиони американски долари со Милвоки Бакс.[19][20] Своето деби за „Бакс“ го направил во орвиот натпревар за сезоната на 28 октомври 2015 година, запишувајќи 22 поени и 14 скокови во поразот од 122-97 од Њујорк Никс.[21] Помеѓу 9 февруари и 7 март 2016 година, Монро започнал 12 натпревари од клупата бидејќи тренерот Џејсон Кид ротирал со цел да ја најде идеалната постава. Во својот прв натпревар влегувајќи од клупата, тој забележал највисоки за сезоната 29 поени и 12 скокови во победата со 112-111 над Бостон Селтикс.[22] Монро се вратил во почетниот состав на 9 март за натпреварот на Бакс против Мајами Хит.[23] Во својата прва сезона со Бакс тој одиграл 79 натпревари (67 започнал како стартер) во регуларниот дел од сезоната со просек од 29.3 минути по натпревар во кој имал во просек 15.3 поени, 8.8 скокови и 2.3 асистенции по натпревар.

Во сезоната 2016-2017 на Монро му била доделена постојана улога на резервен центар во Милвоки од страна на тренерот Кид. Тој одиграл 81 натпревар во регуларниот дел од сезоната, повеќе од било кој друг играч на Бакс, и сите започнувајќи ги на клупата за резерви. На 25 јануари 2017 година, тој ги предводел Бакс со највисоки за сезоната 28 поени во поразот со 114-109 од Филаделфија Севентисиксерс.[24] Милвоки Бакс ја завршиле сезоната како 6-ти на истокот и се пласирале во плејофот, каде Монро играл за прв пат во својата кариера. Тој играл во сите 6 натпревари во серијата против Торонто Рапторс во која неговата екипа била поразена со 2-4. Монро имал просек во плејофот од 13.2 поени и 7.3 скокови.

Финикс Санс[уреди | уреди извор]

На 7 ноември 2017 година, Монро бил разменет во Феникс Санс заедно со правата на иден заштитен пик во прва рунда и заштитен пик во втората рунда на драфтот 2018 година, во замена за Ерик Бледсо.[25] Своето деби за сонцата го имал на 16 ноември 2017 година, забележувајќи 20 поени и 11 скокови за 26 минути играјќи како стартер во поразот со 142-116 од Хјустон Рокетс.[26] Монро играл и покрај шпекулациите дека би можел да биде разменет или неговиот договор да биде откупен со што би станал слободен играч.[26] Шест дена подоцна, тој имал одлични 22 поени и 15 скока во поразот со 113-107 по продолженија од неговиот поранешен тим, Милвоки Бакс.[27] На 24 јануари 2018 година, тој остварил 16 поени и највисоки за сезоната 17 скокови во поразот со 116-111 од Индијана Пејсерс.[28] На 1 февруари 2018, тој бил отпуштен од Санс.[29] Вкупно за Санс одиграл 20 натпревари од кој во 14 бил стартер со просек од 11.3 поени, 8 скокови и 2.5 асистенции по натпревар.

Бостон Селтикс[уреди | уреди извор]

На 8 февруари 2018 година, Монро потпишал со Бостон Селтикс.[30][31] На 6 април 2018 година, тој го запишал својот втор трипл-дабл во кариерата со учинок од 19 поени, 11 скокови и 10 асистенции од клупата во победата со 111-104 над Чикаго Булс. Тој станал првиот центар на Селтикс кој забележал трипл-дабл по Роберт Периш кој го сторил тоа на 29 март 1987 година.[32]

Торнонто Рапторс[уреди | уреди извор]

На 10 август 2018 година, Монро потпишал со Торонто Рапторс.[33] Во Торонто тој имал помала минутажа во споредба со било кој друг клуб за кој претходно играл. На 7 февруари 2019 година, Монро бил разменет во Бруклин Нетс заедно со пик од вториот круг на драфтот во 2021 година, во замена за паричен надомест. Тој веднаш потоа бил отпуштен од Бруклин Нетс.[34]

Враќање во Бостон Селтикс и Филаделфија Севентисиксерс[уреди | уреди извор]

На 24 март 2019, Монро потпишал договор на 10 дена со Бостон Селтикс.[35] По истекот на договорот од 10 дена на Монро не му бил понуден нов договор.[36]

Сезоната 2018-2019 Монро ја завршил во Филаделфија Севентисиксерс. Тој одиграл 3 натпревари во регуларниот дел од сезоната и 10 во плејофот, но неуспеал да ги убеди својте работодавци да му понудат нов договор.

Бајерн Минхен[уреди | уреди извор]

На 25 јули 2019 година, Монро потпишал со германскиот Бајерн Минхен.[37] Своето деби во Бундеслигата за Бајерн Монро го направил на 30 септември 2019, уфрлајќи дабл-дабл од 18 поени и 10 скокови во победата со 111-55 на домашен терен над Хамбург Тауерс.[38] Три дена подоцна дебитирал во Евролигата, забележувајќи учинок од 6 поени, 10 скока и 4 асистенции во победата со 78-64 над Олимпија Милано.

Статистика[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 11 ноември 2019

  • Најмногу поени на еден натпревар: 35 против Торонто Рапторс (19 декември 2012)
  • Најмногу скокови: 21 против Денвер Нагетс (6 февруари 2015)
  • Најмногу асистенции: 11 против Сакраменто Кингс (7 ноември 2012)
  • Најмногу блокади: 4 на два натпревари досега
Легенда
  ОН Одиграно натпревари   СН  Натпревари како стартер  МПН  Минути по натпревари
 ПШИ%  Процент на шут од игра  3П%  Процент на шут за три поени  СФ%  Процент на шут за слободни фрлања
 СкПН  Скокови по натпревар  AсПН  Асистенции по натпревар  УТПН  Украдени топки по натпревар
 БлПН  Блокади по натпревар  ППН  Поени по натпревар  Задебелено  Најдобро во кариерата

Регуларен дел од сезоната[уреди | уреди извор]

Година Екипа ОН СН МПН ПШИ 3П% СФ% СкПН АсПН УТПН БлПН ППН
2010-2011 САД Детроит Пистонс 80 48 27.8 .551 .000 .622 7.5 1.3 1.2 .6 9.4
2011-2012 САД Детроит Пистонс 66 66 31.5 .521 .000 .739 9.7 2.3 1.3 .7 15.4
2012-2013 САД Детроит Пистонс 81 81 33.2 .486 .000 .689 9.6 3.5 1.3 .7 16.0
2014-2015 САД Детроит Пистонс 69 57 31.0 .496 .000 .750 10.2 2.1 1.1 .5 15.9
2015-2016 САД Милвоки Бакс 79 67 29.3 .522 .000 .740 8.8 2.3 .9 .8 15.3
2016-2017 САД Милвоки Бакс 81 0 22.5 .534 .000 .741 6.6 2.3 1.1 .5 11.7
2017-2018 САД Милвоки Бакс 5 0 15.8 .485 - .500 5.0 1.0 0 0 6.8
2017-2018 САД Финикс Санс 20 14 23.3 .626 - .674 8.0 2.5 .8 .3 11.3
2017-2018 САД Бостон Селтикс 26 0 19.1 .530 - .797 6.3 2.3 1.1 .7 10.2
2018-2019 Канада Торонто Рапторс 38 2 11.1 .460 .000 .574 4.1 .4 .3 .2 4.8
2018-2019 САД Бостон Селтикс 2 0 2.5 .600 - - 1.5 .5 .0 .0 3.0
2018-2019 САД Филаделфија Севентисиксерс 3 0 17.3 .653 1.000 .909 4.3 2.3 .3 .0 13.7
Кариера 632 417 27.7 .514 .059 .704 8.3 2.1 1.1 .6 13.2

Плејоф[уреди | уреди извор]

Година Екипа ОН СН МПН ПШИ 3П% СФ% СкПН АсПН УТПН БлПН ППН
2017 САД Милвоки Бакс 6 0 23.5 .529 - .833 7.3 1.7 1.3 .5 13.2
2018 САД Бостон Селтикс 11 0 9.5 .500 - .682 3.2 .5 .2 .2 4.8
2019 САД Филаделфија Севентисиксерс 10 1 9.0 .400 .250 .788 3.1 .4 .5 .4 4.0
Кариера 27 1 12.4 .481 .250 .770 4.1 .7 .6 .3 6.4

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. https://twitter.com/M10OSE
  2. Детроит Пистонс го повлекува дресот со #10 на Денис Родман
  3. 05/04/rookie-of-the-year/index.html Блејк Грифин име 2010-11 Т-Мобиле дебитант на годината
  4. Пистонс - Репторс 91-97
  5. Визардс - Пистонс 102-113
  6. Пистонс - Гризлис 108-111
  7. Селтикс - Пистонс 77-87
  8. Пејсерс - Пистонс 99-91
  9. Тандер - Пистонс 119-110
  10. Пистонс - Трејл Блејзерс 103-109
  11. Пистонс - Вориорс 95-113
  12. Пистонс - Пеликанс 106-111
  13. „Greg Monroe Signs Qualifying Offer“. CBS.com. September 8, 2014. конс. September 8, 2014. 
  14. Goodwill, Vincent (June 30, 2014). „Stuckey's stay with Pistons appears over; team declines option on Billups“. DetroitNews.com. Архивирано од изворникот на August 13, 2014. конс. August 13, 2014.  Unknown parameter |url-status= ignored (помош)
  15. „Greg Monroe Signs Qualifying Offer“. NBA.com. September 8, 2014. конс. September 8, 2014. 
  16. Fenech, Anthony (September 9, 2014). „Detroit Pistons' Greg Monroe suspended two games for February DUI“. Freep.com. конс. September 9, 2014. 
  17. Celtics recover in OT, beat Pistons 109-102
  18. Celtics eliminate Pistons from race, 113-103
  19. „BUCKS SIGN GREG MONROE“. NBA.com. July 9, 2015. конс. July 11, 2015. 
  20. Yougmisuk, Ohm (July 2, 2015). „Greg Monroe chooses maximum deal with Bucks“. ESPN.com. конс. January 26, 2017. 
  21. „Williams scores 24, Knicks beat Bucks 122-97 in opener“. NBA.com. October 28, 2015. конс. October 28, 2015. 
  22. „Middleton's free throw lifts Bucks over Celtics 112-111“. NBA.com. February 9, 2016. конс. March 10, 2016. 
  23. „Antetokounmpo scores 24 points, Bucks beat Heat 114-108“. NBA.com. March 9, 2016. конс. March 10, 2016. 
  24. „Without Embiid again, 76ers hold off Bucks 114-109“. ESPN.com. January 25, 2017. конс. January 26, 2017. 
  25. „Suns Acquire Greg Monroe and Two Draft Picks from Milwaukee“. NBA.com. November 7, 2017. конс. November 7, 2017. 
  26. 26,0 26,1 „Harden, Rockets get 90 in first half, beat Suns 142-116“. ESPN.com. November 16, 2017. конс. November 16, 2017. 
  27. „Middleton scores 40 points, Bucks beat Suns in OT“. ESPN.com. November 22, 2017. конс. November 22, 2017. 
  28. „Pacers take easy path to get past fatigued Phoenix 116-101“. ESPN.com. January 24, 2018. конс. January 24, 2018. 
  29. „Phoenix Suns Waive Greg Monroe“. NBA.com. February 1, 2018. конс. February 1, 2018. 
  30. „Boston Celtics sign center Greg Monroe“. NBA.com. February 8, 2018. конс. April 7, 2018. 
  31. Snow, Taylor (February 8, 2018). „Celtics Sign Veteran Big Man Greg Monroe“. NBA.com. конс. February 8, 2018. 
  32. „Greg Monroe's triple-double lifts Celtics over Bulls 111-104“. ESPN.com. April 6, 2018. конс. April 7, 2018. 
  33. „Raptors Sign Greg Monroe“. NBA.com. August 10, 2018. конс. August 14, 2018. 
  34. „BROOKLYN NETS COMPLETE TRADE WITH TORONTO RAPTORS“. NBA.com. February 7, 2018. конс. February 8, 2018. 
  35. „Celtics Sign Greg Monroe To 10-Day Contract“. NBA.com. March 24, 2019. конс. March 25, 2019. 
  36. Friar, Nick (April 3, 2019). „Report: Celtics elect to not re-sign Greg Monroe“. celticswire.usatoday.com. конс. April 3, 2019. 
  37. „Die Bayern freuen sich auf NBA-Center Greg Monroe“. FCB Basketball. 25 July 2019. конс. 25 July 2019. 
  38. Monroe notches a double-double in Bayern’s win www.eurohoops.net

Надворешни врски[уреди | уреди извор]