Гребеник

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Гребеник
Γρεβενιώτικος
Местоположба
ЗемјиГрција
КрајГребенско, Егејска Македонија
Физички особености
Извор 
 • местоПинд кај Вравоништа
 • координати40°05′01″ N; 21°17′19″ E / 40.0837° СГШ; 21.2886° ИГД / 40.0837; 21.2886
Устие 
 • место
Бистрица кај Гостун
 • координати
40°06′36″ N; 21°30′41″ E / 40.1100° СГШ; 21.5113° ИГД / 40.1100; 21.5113Координати: 40°06′36″ N; 21°30′41″ E / 40.1100° СГШ; 21.5113° ИГД / 40.1100; 21.5113
Должина25 км
Особености на сливот

Гребеник (грчки: Γρεβενιώτικος, Γρεβενιώτικο, Γρεβενίτης; Гревениотикос, Гревениотико, Гревенитис) — река во Гребенско, Егејска Македонија и една од најголемите притоки на Бистрица. Тече низ градот Гребен,[1] по кој е наречена.

Опис[уреди | уреди извор]

Реката извира западно од градот Гребен, недалеку од селото Вравоништа на планината Пинд. Тече од запад кон исток, минувајќи меѓу селата Вилија и Хисар, каде се наоѓа камениот Хисарски мост. Потоа прави живописни свиоци околу ридовите, па навлегува во Гребен. На југ од градот ја прима Доксанитис, која е неговата најголема притока и доаѓа од запад-југозапад и подрачјето на Мавран и Бура. По овој спој, Гребеник продолжува на исток и по 9 км се влева во Бистрица западно од Гостун. Вкупната должина на Гребеник изнесува 25 км, а таа на Доксанитис е 11 км.[1]

Во горното течение, на грчки реката се нарекува Мегало Рема, Потамија и Валтос.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Γρεβενίτης“. Natura Graeca. Посетено на 31 декември 2020.